Свет
Обама доби покана за посета на Велика Британија
Кралицата Елизабета Втора го покани американскиот претседател Барак Обама да ја посети Велика Британија, соопшти Бакимгенската палата, пренесува Франс Прес.
Кралицата Елизабета Втора го покани американскиот претседател Барак Обама да ја посети Велика Британија, соопшти Бакимгенската палата, пренесува Франс Прес. Портпаролот на кралскиот дворец изјави дека нема определен датум за посетата, но најрано таквата посета може да се случи во текот на 2011-та година. Поканите за државни посети традиционално се испраќаат преку Министерството за надворешни работи. Британскиот премиер Дејвид Камерун ја предал поканата до Обама за време на нивната средба во Вашингтон, одржана во вторник. Ова нема да биде првото патување на Обама во Велика Британија. Американскиот претседател престојуваше во Лондон во март минатата година, кога учествуваше на средбата на Г-20. /крај/афп/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Малибу пред и по пожарот
Снимката од градот Малибу во близина на Лос Анџелес, еден од најубавите крајбрежни делови на Калифорнија, го покажува обемот на катастрофалниот пожар.
Malibu’s waterfront before and after the wildfires, which destroyed some of the most expensive properties in California
pic.twitter.com/RQmlY5LoQj— FearBuck (@FearedBuck) January 9, 2025
Куќите и зградите се целосно срамнети со земја.
Свет
Партијата на Трудо избира нов лидер на 9 март
Либералната партија на канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо доцна вчера објави дека ќе избере нов лидер на 9 март, пред овогодинешните избори, за кои анкетите покажуваат дека рејтингот на партијата е значително ослабен. Трудо пред четири дена најави дека ќе поднесе оставка како лидер на владејачката Либерална партија и премиер по девет години на власт, но вети и дека ќе остане на функцијата додека неговата партија не избере замена.
Канадскиот премиер се најде под силен притисок од пратениците на либералите да поднесе оставка поради предизборните анкети кои сугерираат дека партијата ќе биде цврсто поразена на следните избори. „Либералната партија на Канада ќе избере нов лидер на 9 март и ќе биде подготвена да се бори и да победи на изборите во 2025 година“, се вели во соопштението на партијата.
Националниот управен комитет на партијата синоќа официјално се состана за да разговара и да ги утврди првичните правила на претстојната лидерска трка. Лидерското гласање ќе заврши на 9 март, а истиот ден ќе биде објавен и новиот лидер, велат оттаму.
Ова значи дека 53-годишниот Трудо сепак ќе биде премиер на 20 јануари, кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе воведе царини за Канада кои би можеле да ја осакатат економијата, ќе ја преземе функцијата. Трамп, исто така, рече дека може да употреби економска сила за да ја направи Канада 51-та држава на САД, што канадскиот лидер жестоко го отфрли.
Свет
Пожарникарите на Лос Анџелес уништуваат патишта за да го прекинат протокот на гас до пожарот
Службите во Алтадена во близина на Лос Анџелес ги уништуваат патиштата за да го запрат протокот на гас и да спречат ширење на пламенот.
Пожарот опустоши над 13.000 хектари во предградието на Лос Анџелес. Работниците работат деноноќно за да го запрат протокот на гас.
Катастрофалните пожари во областа на Лос Анџелес уништија повеќе од 10.000 објекти и загинаа најмалку 10 луѓе. Пожарите се уште се активни, а штетата се проценува на десетици милијарди долари.