Македонија
Јаневски нема да поднесе оставка во Црвена Ѕвезда

Македонскиот фудбалски стручњак Чедомир Јаневски ги негираше информациите дека ќе поднесе оставка на местото тренер на Црвена Ѕвезда
Македонскиот фудбалски стручњак Чедомир Јаневски ги негираше информациите дека ќе поднесе оставка на местото тренер на белградскиот гигант Црвена Ѕвезда.
„Прв пат слушам за нешто такво. Остварив средба со раководството на клубот и никој ништо не ми навести. Вчера попладне одработивме тренинг и денеска повторно ќе ја водам екипата на тренинг“, изјави Јаневски за Б92.
Запрашан што ќе стори доколку му биде врачен отказ, Јаневски вели дека тоа е работа на управата, а тој нема намера да поднесе оставка.
Поранешниот европски шампион се наоѓа во незавидна ситуација и имаа долгови од над 20 милиони евра. Во првенството на Србија се наоѓа на третото место со дури 20 бодови помалку од најлутиот ривал Партизан.
Јаневски деновиве беше спомнуван како кандидат за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација. /крај/б92/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.