Македонија
Жељу Желев: Се зборува за кантонизација и федерализација
Патот на Македонија кон НАТО и ЕУ како врвен приоритет за Македонија е прашање од голема важност за земјите на Балканот, од што во голема мера зависи и безбедноста на регионот, е главна тема на која се расправа на 11-тата конференција на Балканскиот политички клуб во Охрид.
Форумот на кој освен македонскиот политички врв, учествува и балканската елита на поранешни претседатели и премиери на државите од регионов, дебатира за чувствителни теми на најактуелните прашања:„Веќе се слушаат гласови од некои кругови од граѓаните на Македонија од албанско етничко потекло, во кои се зборува за кантонизација и федерализација на земјата и во некои поекстремни случаи за отцепување од Република Македонија. Во таков случај не е можно да нема дестабилизација во Македонија. Ако се случи такво нешто, тоа не може да остане во границите на земјата, туку може да предизвика балкански конфликт”, изјави Жељо Желев, поранешен претседател на Бугарија.„Моментно ситуацијата околу грчко-македонските односи е во фаза на недостаток на дијалог и замрзнат конфликт. Никој од Македонија, Балканот и Европа нема корист од ваквата статус-кво состојба. Ако политичарите се навистина претставници на државата, потребно е да имаат своја одговорност и тие треба да изберат меѓу нивниот рејтинг, гласовите и националниот интерес. Сите земји од Балканот треба во решавањето на вакви проблеми да одат на опцијата на дијалог со личните контакти во политиката, културата и уметноста”, истакна Емил Константинеску, поранешен претседател на Романија.„Сите балкански земји кои стекнаа независност после 90-тите години, би требало да бидат членки на ЕУ и НАТО. Ова не е прашање на Македонија и Турција, туку дали се сака целокупен мир или тоа не се сака. Затоа е потребно Македонија и Турција да бидат членки на Европската Унија и да учествуваат во сите интегративни процеси во Европа”, рече Сулејман Демирел, поранешен претседател на Турција.Конференцијата на политичката расправа за ЕУ и НАТО-аспирациите на Македонија и балканските земји во Охрид, ја организираат Македонија и Балканскиот политички клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

