Контакт

Македонија

Република Македонија има постигнато значителен напредок

Објавено пред

Република Македонија покажа напредок во усогласувањето на законодавството и градењето на административните капацитети, во делот на правда, слобода и безбедност и ги исполни одредниците од Патоказот за визна либерализација

dobivaj vesti na viber

Република Македонија покажа напредок во усогласувањето на законодавството и градењето на административните капацитети, во делот на правда, слобода и безбедност и ги исполни одредниците од Патоказот за визна либерализација, е заклучокот од седмиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација.

На состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската унија и Република Македонија кој траеше два дена (3 – 4 јуни) како што информираат од Секретаријатот за европски прашања биле внимателно разгледани последните случувања во врска со политичките и економските критериуми, како и напредокот на земјата во усогласувањето со правото на Заедницата (acquis).

Потсетувајќи дека Комисијата препорача отпочнување на преговорите за пристапување, врз основа на тоа дека земјата во доволна мера ги има исполнето политичките критериуми, Комитетот за стабилизација и асоцијација на состанокот посветил внимание на непосредната цел на земјата за отворање на преговорите за пристапување за време на сегашното претседателство.

Комитетот го поздравил постигнатиот напредок во бројните области по добивањето на препорака за преговори, во исто време укажувајќи на продолжување на континуираните напори за да се одржи  темпото на реформите.

Меѓу другото бил констатиран напредок во областа иновации и информатичко општество и Комитетот ја поддржува Владата за интензивирање на  напори за зајакнување на правната рамка и административниот капацитет на полето на социјалната политика и вработување, како и зајакнување на консултациите со заинтересираните страни.

Комисијата го охрабрила продолжувањето на напорите на полето на организираниот криминал, особено во однос на интегрираниот систем за разузнавање.

Напорите на администрацијата да остане фокусирана на спроведувањето на приоритетите од Партнерството за пристапување и да ја покаже својата целосна посветеност во спроведување на правото на Заедницата биле дел од точките на состанокот. Комитетот ја нагласил важноста од овој процес и процесот на консултации, во кој ќе бидат вклучени сите клучни засегнати страни.

Од страна на Република Македонија било побарано итно донесување на Одлуката за преминување во втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, истакнувајќи дека Спогодбата служи како рамка за целокупните билатерални односи до пристапувањето во ЕУ.

Членовите на Комитетот рекле дека во октомври 2009 година, до Советот на ЕУ бил поднесен предлог за преминување во втората фаза на спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Состанокот се совпадна со почетната фаза од подготовката на Извештајот за напредок за земјата од страна на Европската комисија, кој ќе содржи оцена за исполнувањето на клучните приоритети од Партнерството за пристапување.

Со состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација заврши циклусот на седумте секторски поткомитети согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), коишто се одржаа во периодот помеѓу септември 2009 година и април 2010 година./крај/со/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег

Објавено пред

Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.

Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без вода дел од општина Центар

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)

Прикажи повеќе...

Македонија

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Објавено пред

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.

dobivaj vesti na viber

Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.

Повеќе информации се најавени во текот на денот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија3 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија4 часа

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија4 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ5 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија5 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија7 часа

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет9 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет9 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет10 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет10 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет10 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија21 час

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет21 час

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија23 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија1 ден

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ1 ден

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија1 ден

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...