Свет
Откриени над 160 нови видови во долината на реката Меконг
Научниците, минатата година откриле 163 нови видови билки и животни во долината на реката Меконг во југоисточна Азија.
Научниците, минатата година откриле 163 нови видови билки и животни во долината на реката Меконг во југоисточна Азија. Ова го соопшти организацијата World Wide Fond International (WWFI).Отааму посочија дека меѓу новооткриените видови најголем број се билки – 100, потоа 28 видови риби, 18 нови влекачи, 14 водоземци, а откриени се и два нови вида на цицачи и една нова врста птици. Во периодот од 1997 до 2007 година во таа област се откриени околу илјада претходно непознати видови на билки и животни, соопшти светската организација. Научниците од WWFI предупредија дека ефектите на климатските промени, како што се честите суши и поплавите, дополнително им се закануваат на билките и животните на оние подрачја што веќе се загрозени со загадување, недозволен лов и уништување нивните места за живеење./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тајани: Италија може да ја предводи меѓународната борба против корупцијата
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија има потенцијал да ја предводи меѓународната борба против корупцијата нагласувајќи ја важноста на соработката и размената на информации во борбата против овој глобален феномен.
„Италија е во добра позиција да го искористи своето искуство во борбата против корупцијата. Веќе ја ставаме Финансиската полиција (Guardia di Finanza) на располагање на Албанија и на Црна Гора, а преку работата на амбасадите и присуството на безбедносните службеници можеме да обезбедиме Италија да биде на првите редови во борбата против корупцијата“, рече Тајани на маргините на 24. состанок на Меѓуинституционалниот меѓународен координативен комитет за борба против корупцијата, кој се одржува во Рим.
Тој зборуваше и за неговата неодамнешна посета на Мексико, каде што соработката во борбата против криминалот беше централна тема.
Регион
(Видео) Автомобил удри во група луѓе во Белград, има повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.
Екипата за итни случаи е на местото на настанот, пренесуваат тамошните медиуми.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Според очевидци, две лица биле заробени под возилото.
„Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот“, се вели на инстаграм-профилот на 192.rs.
Свет
Венс ги отфрли шпекулациите за соперништво со Рубио
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, изјави дека не го гледа државниот секретар на САД, Марко Рубио, како соперник и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „Хил““.
Во интервју за „Фокс њуз“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио нема право на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд Трамп, дури по среднорочните избори в година, односно меѓуизборите за Конгресот.
„Ќе направиме сè што можеме за да ги добиеме меѓуизборите, а потоа, потоа ќе седнам со претседателот на Соединетите Американски Држави и ќе разговарам со него за тоа“, рече Венс нагласувајќи дека во моментот е фокусиран на сегашноста и на работата на администрацијата.
Фото: принтскрин

