Црна хроника
Нова кривична пријава за обвинетите во акцијата „Гора“
Против 43 лица МВР до Надлежното Јавно Обвинителство, во рамки на акцијата „Гора“, поднесе нова кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластувања“ како и “фалсификување службена исправа“, односно “фалсификување или уништување деловни книги“.
Имено првопријавениот Т.А. (66) од Скопје во својство на службено лице лиценцирано за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост и во својство на сопственик и управител на Друштво за трговија и услуги ФОРЕСТ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, во текот на мај, јуни, јули и октомври 2014 година, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност, така што спротивно на одредбите од Законот за шуми при постапување по Барањa за издавање на одобрениja за сеча поднесени од остантите кривично-пријавени лица за катастарски парцели во катастарските општини Танушевци, Брест, Палиград, Алдинци, Патишка Река, Црн Врв, Црвена Вода, Моране, Огњанци и Пчиња, иако бил должен – не излегол на лице место во шума и не извршил означување на стебла за сеча.
Притоа сочинил и со свој потпис заверил Записници дека наводно извршил теренски увид на лице место на катастарските парцели на кои се однесуваат барањата за сеча, во кои навел дека констатирал дека се исполнети условите за сеча на огревно дрво. Врз основа на тие записници со невистинита содржина, Т.А. изготвил и со својот потпис и печат на правното лице ФОРЕСТ ИНЖИНЕРИНГ – Скопје заверил и на пријавените лица им издал Одобренија за сеча со невистинита содржина. Потоа врз основа на вака издадените Одобрениjа за сеча, првопријавениот иако знаел дека на катастарските парцели не е исечена дрвна маса, изготвувал и издавал испратници со невистинита содржина заверени со печат и потпис, со цел истите да извршат легален транспорт и продажба на бесправно исечените огревни дрва од туѓа шума на трети лица (и дрвна маса од шумскиот фонд сопственост на Р.Македонија).
По основ на наплата за наводно извршена ознака за сеча во износ од 300 денари за еден м3 за одобрена вкупна дрвна маса за сеча (односно во предметниот случај 2751,4 м3 х 300,00 денари), првопријавениот Т,А, се стекнал со противправна имотна корист во износ од 825.420 денари. Истовремено, согласно Правилникот за висината на цената за штети во шума, според кои за огревно дрво бука висината на штетата изнесува 7.000 денари за еден м/3, ја оштетил заедницата за износ од 12.811.400 денари за вкупно исечена и изнесена дрвна маса во количина од 1830,2 м3.
Останатите 42 пријавени лица се товарат дека со легализирање на бесправно исечената дрвна маса сопственост на трети лица и дрвна маса од шумскиот фонд на Република Македонија сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 во врска со кривично дело помагање од член 24 од КЗ. На дел од нив на товар им се ставаат и сомненија за кривични дела Фалсификување или уништување деловни книги од член 280 став 2 од КЗ и Фалсификување исправа од член 378 од КЗ.
На пријавениот Т.А. судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I Скопје му е изречена мерка притвор во време траење од 30 дена.
Бројот на откриени и процесирани кривични дела поврзани со незаконска сеча на шуми во текот на минатата година е зголемен за 50% во однос на 2013 година. Имено лани се поднесени 81 кривична пријава против 86 сторители поради сомненија за „пустошење шума“, „кражба на шума“, „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, „спречување службено лице при вршење на службено дејствие“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.
Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.
По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.
Црна хроника
Претрес во Гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија
На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

