Контакт

Спорт

Ливерпул против Сити на „Енфилд“

Објавено пред

Триесет и второто коло во следните три дена ќе се одигра во Премиер лигата на Англија.

dobivaj vesti na viber

Триесет и второто коло во следните три дена ќе се одигра во Премиер лигата на Англија. Вистинското дерби ќе се одигра во понеделник кога Ливерпул на „Енфилд“ ќе го пречека Манчестер Сити. Инаку лидерот на табелата Манчестер Јунајтед е голем фаворит против Фулам, исто како и Челзи во пресметката со последнопласираниот Виган. Арсенал кој се наоѓа во серија од три нерешени натпревари ќе гостува кај Блекпул, екипа која се бори за опстанок во лигата. Тотенхем ќе има најтешка задача од водечките тимови, „петлите“ на домашен терен ќе го пречекаат Стоук. Двојки од 32-то коло:Вулверхемптон-ЕвертонБлекбурн-БирмингемБолтон-Вест ХемЧелзи-ВиганМанчестер Јунајтед-ФуламСандерленд-ВБАТотенхем-СтоукНедела, 10. април:Блекпул-АрсеналАстон Вила-ЊукаслПонеделник, 11. април:Ливерпул-Манчестер Сити. крај/макфакс/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Пешиќ: Ова е кошарка не е фудбал, нема да поднесам оставка

Објавено пред

Српската кошаркарска репрезентација се врати во Белград, откако во саботата доживеа сензационална елиминација од Европското првенство. Финска ја победи Србија во осминафиналето со 92:86.

dobivaj vesti na viber

Српската јавност по елиминацијата бара оставка од селекторот Светислав Пешиќ, тој на новинарите на аеродромот „Никола Тесла“ им кажа дека нема намера да го направи тоа.

„Јас никогаш не поднесувам оставка. Зошто оставки? Дојдов тука да го средам она што требаше да се среди. По Олимписките игри, никој не сакаше, јас прифатив пред сè од одговорност кон играчите. Имаме таков договор до крајот на септември. Ќе седнеме, ќе разговараме, јас сум секогаш тука, достапен сум за секаков вид помош и ангажман. Ова не е фудбал туку кошарка, оставки не се даваат и нема причина да се прави тоа“, рече Пешиќ.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Катастрофа на Турција во Коња, прими шест гола од Шпанија

Објавено пред

Најдобрите шпански фудбалери со стил ги започнаа квалификациите за Светското првенство во 2026 година. За само неколку дена, тие гостуваа двапати и остварија две победи со гол-разлика од 9:0.

dobivaj vesti na viber

По гостувањето во Софија на 4 септември и убедливата победа од 3:0 над Бугарија, шпанската репрезентација гостуваше во Коња и ја победија Турција со 6:0 (3:0).

Пред натпреварот, турските медиуми најавија спектакуларен дуел помеѓу двајца левоноги момци од Реал Мадрид и Барселона, Арда Гулер и Ламин Џамал, но на теренот играа само гостите.

Танцуваа на теренот избраниците на Луис де ла Фуенте. Играчот на Арсенал, Микел Мерино, се истакна со три гола. За Мерино ва е прв хет-трик во кариерата.

Покрај Мерино, Педри постигна два гола, првиот и шестиот гол, а Феран Торес ја затресе мрежата на Угурџан Чакир. Голманот на Турција, и покрај тоа што прими шест гола, беше еден од подобрите играчи во домашната селекција, предводена од Италијанецот Винченцо Монтела.

Единственото нешто што може да го загрижи селекторот на Шпанија е повредата на Нико Вилијамс, кој беше заменет од Феран Торес на крајот од првото полувреме.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Алкараз го освои Ју-ес опен и повторно е број 1 во светот

Објавено пред

Карлос Алкараз е шампион на Отвореното првенство на САД. Во пресметката меѓу двајцата најдобри играчи во светот, Шпанецот го победи Јаник Синер со 6:2, 3:6, 6:1, 6:4 и го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот. Ова е шеста Гренд Слем титула на Карлитос во неговата кариера.

dobivaj vesti na viber

Како и во претходната сезона, Италијанецот и Шпанецот ги поделија Гренд Слем турнирите меѓу себе. Алкараз ги освои Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, а Синер славеше на Отвореното првенство на Австралија и Вимблдон.

Финалето не донесе спектакуларно ниво на тенис, а Алкараз беше многу подобар играч, ако не се смета малиот пад во вториот сет.

Синер направи необични грешки за неговите стандарди и тоа го чинеше брејкови во раните фази од сетовите, а на крајот и одбраната на тронот.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија8 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ10 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија11 часа

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет13 часа

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет14 часа

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија14 часа

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет15 часа

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија15 часа

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија16 часа

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет18 часа

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија1 ден

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје1 ден

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...

Македонија1 ден

На Табановце чекање и до 40 минути, АМСМ апелира за трпение

Долги колони возила се создаваат на граничниот премин Табановце, каде што за излез и влез во државата се чека и...

Свет1 ден

Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу...

Скопје1 ден

Таксистите добиваат 200 електрични возила, Меџити го претстави проектот кој ќе го чисти воздухот

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес на работен состанок...

Економија1 ден

Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според...

Македонија2 дена

Илиевски: Дали за торба пари Мицкоски продаде државни тајни?

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна загриженоста на партијата за одбивањето на Христијан Мицкоски...

Македонија2 дена

СДСМ призна дека ги прислушкувал Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели Петрушевски

СДСМ призна дека го прислушкувал и го следел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени, обвинуваат од...