Контакт

Домашен

Блажевски и Богдановски потпошаа Олимписки договори за стипендирање

Објавено пред

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски потпишаа Олимписки договор за стипендирање на нашите најдобри пливачи кои ќе треба да изборат норма за учество на Летните Олимписки игри Рио де Жанеиро во 2016.

dobivaj vesti na viber

„МОК ми обезбеди стипендија за Олимписките игри во Лондон, исто така, МОК ми обезбеди и стипендија за бесплатно школување на Универзитетот во САД. Многу сум среќен што МОК повторно ми укажа доверба и се надевам дека тоа и ќе го оправдам и достојно ќе ја претставувам Македонија на ЛОИ во Рио”, истакна Марко Блажевски.

Инаку, Блажевски минатата седмица имаше успешен настап на СП во Доха во мали базени, поставувајќи нови македонски рекорди на 100 мешано (55.98), на 200 слободно (1:49.80), на 400 мешано (4:13.04) и на 200 мешано (1:58.99).

„Овој договор многу ќе ми помогне во поглед на усовршувањето на квалитетот на тренинзите кои ќе бидат реализирани во многу поадекватни услови и со тоа ќе имам многу поголеми шанси за да ја претставувам Mакедонија на ЛОИ Рио 2016 година“, рече  Анастасија Богдановски.

Со овие договори, на нашите најдобри пливачи им следува стипендија од МОК во износ од 800 американски долари. Следниот нивен натпревар е митингот во Марибор, Словенија кој е квалификационен натпревар за учество на Светско првенство во Казан, Русија, а ќе се одржи претстојниот викенд на 13-ти и 14-ти декември./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

Скандалозен тендер за возачки испити, СДСМ бара истрага и одговорност од Тошковски

СДСМ алармира за нов скандал во Министерството за внатрешни работи, овој пат поврзан со сомнителен тендер вреден милиони денари за...

Топ2 часа

Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро. Како што информираше ОВР Дебар, околу...

Свет3 часа

(Видео) Најмасовниот руски напад досега, кон Украина полетаа 537 крстосувачки, балистички и хиперсонични ракети и дронови

Украински пилот загина, а неговиот борбен авион Ф-16 е соборен во голем руски ракетен и беспилотен авион напад во текот...

Спорт4 часа

Ѓоковиќ од Вимблдон преку Макфакс порачува: Ветувам, многу бргу се гледаме во Македонија!

Пред почетокот на годинешниов трет гренд слем турнир во Вимблдон, на воведната прес конференција, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак...

Регион4 часа

(Видео) Македонски камионџија уапсен во Грција по несреќата во која загинаа татко и дете

34-годишен возач на камион од Македонија е уапсен вчера попладне во Грција, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која...

Македонија5 часа

Земјотрес рано утринава ги разбуди граѓаните на Валандово и на околината

Утрово во 5:54 часот, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го стресе регионот околу Валандово, информира Сеизмолошката...

Регион5 часа

(Видео) Протестот заврши, хаосот почна! Еве што се случуваше откако студентите се повлекоа од белградските улици

Синоќа во Белград се одржа масовен протест во организација на студентите под слоганот „Се гледаме на Видовден“, на кој, според...

Свет6 часа

Нова крвава ноќ во Газа, најмалку 56 загинати во израелските напади

Најмалку 56 лица се убиени во последниот бран израелски воздушни напади врз Појасот Газа што започнаа вчера изутрина, соопштија палестински...

Регион15 часа

Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни...

Регион18 часа

(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва...

Регион19 часа

Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија  се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки...

Свет20 часа

(Видео) Забраната од Орбан не ја спречи Парадата на гордоста во Будимпешта, огромен број луѓе се собраа во главниот град на Унгарија

И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на...

Економија23 часа

Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на...

Регион1 ден

„Од 15 до 9 до 15 до 10 очекувајте почеток на насилство“, рече српскиот претседател Вучиќ во пресрет на протестот на студентите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ очекува насилство на вечерашниот протест на студентите во Белград, објавуваат српските медиуми. По свеченоста на...

Македонија1 ден

Пијан Турчин приведен во Охрид, со нож влегол во угостителски објект

Охрдиската полиција приведе пијан Турчин. Викал и непристојно се однесувал на улица, а потоа влегол во угостителски објект каде што...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуките донесени во Хаг без водството на Трамп и САД, немаше да бидат можни

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на НАТО Самитот во Хаг, имаше интервју со етаблираниот...

Топ1 ден

Разбојништво во фризерски салон во Битола: му го зел прометот на фирзерот и му се заканил дека ќе го испрска со солзавец

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец осомничен за кривично дело – разбојничка кражба...

Македонија1 ден

Герасимовски повикува на концерт, ВМРО-ДПМНЕ му ги брои нереализираните проекти: Центар не доби парк и административна зграда кај ПУИК

Откако утрово градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги повика скопјани на концерт со Александар Тарабунов вечерва, ВМРО-ДПМНЕ во соопштение...

Македонија1 ден

„Ве чекам во 20 часот, на плочникот кај Градски ѕид“, Герасимовски повика на концерт

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика сите скопјани, вечерва да бидат дел од културната манифестација „Центарска симфонија“ што...

Свет1 ден

Голем видовденски протест вечерва во Белград, студентите се огласија за ненадлежни за она што ќе се случува по 21 часот

Денес, кога Србија празнуива Видовден, студентите кои седум месеци протестираат, најавија голем протест во Белград. Собирот ќе почне во 18...