Контакт

Домашен

Червар: Ќе се бориме за пласман во осминафиналето

Објавено пред

Шефот на стручниот штаб на ракометарите на Металург, Лино Червар, во интервју за клупската интернет страница, рекол дека е задоволен од жрепката за новата сезона во Лигата на шампионите и се надева дека тимот ќе се бор за пласман во осминафиналето.

dobivaj vesti na viber

Во Д групата противници на Металург ќе бидат дански Скјерн, украински Мотор Запорожје, швајцарски Кадетен Шафхаузен, Баја Маре од Романија и квалификант.

Познато е дека јас не сакам да се бавам со прогнози и дека секогаш одам чекор по чекор во секој нареден натпревар и во секоја наредна фаза, но, ако се биде во ред во нашиот клуб, очекувам дека успешно ќе се бориме за влез во осминафиналната фаза на Лигата на шампионите“, рекол Червар.

„Тоа што ме радува многу повеќе е фактот дека Металург, и покрај се што му се случило, е директен учесник во Лигата на шампионите и е носител на групата. Тоа е победа на сите нас во клубот, на тие што се тука, но и на тие што се заминати. Наша најголема победа е што успеавме да го сочуваме клубот и сите внатрешни структури, што не дозволивме да му се случи Атлетико Мадрид, Копенхаген или Динамо Минск. Металург продолжува според својот познат концепт и е на добар пат да се врати таму каде што припаѓа во последните неколку години, во врвот на европскиот ракомет. Ме радува што ЕХФ правилно ги оцени значењето и заслугите на Металург за развојот на ракометот во регионот и во Европа и ни даде поттик да продолжиме во истата насока. Тоа е големо признание за сите нас, за нашата работа“.

Тренерот на двократниот учесник во четвртфиналето во Лигата на шампионите на крајот упати и порака до навивачите на тимот од Автокоманда.

„Имам и порака до нашите навивачи, кои ги повикувам и следната сезона да ја исполнуваат салата “Борис Трајковски“ и да бидат со нас во новите битки што ќе ги водиме во Лигата на шампионите. Посакувам салата повторно да грми и да биде во боите на Металург“.

Новата сезона во Лигата на шампионите Металург ќе ја започне на гостински терен против Мотор Запорожје. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки

Објавено пред

МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.

dobivaj vesti na viber

„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.

Тие додаваат дека пријава досега не добиле.

„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.

(Видео) Ракометарот Талески удрен со пендрек од полицаец во Охрид, за време на натпреварот со „Пелистер“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија, прво, тивок бојкот за претседателските избори, второ, Ахмети добил бел лист од Ковачевски да напише што сака

Државата ни ја одземаа. Народот изгуби контрола над системот, институциите се киднапирани од стотина души на ДУИ кои управуваат со...

Македонија10 минути

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Македонија е на нозе. Народот си ја враќа државата повторно во свои раце. Победата на 24 април покажа дека сите...

Македонија11 минути

Ахмети од Долнени: Европскиот фронт е цврст како челик

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по Кичево со своите соработници се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места...

Македонија14 минути

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

На митингот кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека...

Македонија13 часа

Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на 7 -годишнината од упадот во Собранието, кој се случи на 27 април 2017-тата година, истакна...

Македонија13 часа

Силјановска-Давкова: Не е точно дека стартуваме од нула, ние не шутираме пенали, а тие ги промашија на празен гол

Во рамките на својата кампања за претседателка за Република Македонија, професорката Гордана Силјановска – Давкова, оствари средба со граѓаните на...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи...

Македонија18 часа

(Фото+видео) „Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше на свечената промоција на 508 нови полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово денеска се одржа свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година. Едногодишната...

Македонија19 часа

(Видео) Николоски: Власта размислува за поткуп на гласачи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, денеска рече дека власта размислува за поткуп на гласачи...

Македонија20 часа

Спасовски: Насилниците од 27 април никако не смее да се нарекуваат уставобранители, ниту пак да бидат помилувани

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен, ова е најцрниот ден во историјата на македонската демократија, рече денеска...

Свет20 часа

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата. „Едниот кат...

Свет20 часа

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што...

Свет22 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат

Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе...

Македонија23 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно...

Македонија1 ден

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ, велат...

Свет2 дена

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија2 дена

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија2 дена

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ2 дена

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...