Македонија
Груевски: Случувањата на Министерскиот совет на ЕУ во голема мера очекувани
Случувањата на Министерскиот совет во Брисел во голема мера можеше да се очекуваат, бидејќи во повеќе наврати Грција најавуваше дека ќе ја блокира Македонија доколку не се откажеме од нашиот идентитет и нашето име и не ги прифатиме сите нивни услови
Тоа го оцени македонскиот премиер Никола Груевски денеска на прес-конференција во Брисел откако Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ ја одложи одлуката за одредување датум за преговори за членство на Македонија за првата половина на наредната година.„Не сме многу изненадени, но овојпат е направен малку пософистициран начин отколку она што беше на Самитот во Букурешт, иако можноста да се навратат на прашањето за името во наредните шест месеци остава надеж дека нешто можеби ќе се приближи во тој правец“, рече премиерот Груевски.Според Груевски, јасно е оти Грција не сакала да се постигне договор.„Тие сакаа да покажат аргументи на сила и тоа не е изненадување. Но, ние не можеме да промениме ништо. Тоа што зависеше од нас го направивме. Сега се соочуваме со проблем стар 18 години и со влада која не е подготвена да дојде до решение“, наведе претседателот на македонската Влада.Тој најави дека Македонија ќе продолжи со напорите да се придвижи кон ЕУ и да најде решение за името. „Ќе ги продолжиме и внатрешните реформи и сите работи што се потребни за евроатлантските интеграции. Но, ова е ситуација која не зависи само од нас. Ние нашето го сторивме, ги исполнивме бенчмарковите, сега имаме работи кои не зависат само од нас. Грција очигледно бара работи од нас кои никој од никого во светот не ги бара“, потенцира Груевски и додаде дека од македонска страна постои подготвеност за средби со грчката, но тоа зависи од нив. Коментирајќи ги ставовите дека Македонија пропуштила историска шанса, Груевски оцени дека за него таа шанса била откажување од името, јазикот и идентитетот. „Сите оние кои критикуваат дека сме пропуштиле историска шанса, да им одговорам дека таа шанса е себебришење од мапата на нациите и бришење на сопствениот идендитет“, рече македонскиот премиер.Тој искажа благодарност до преседавачот на Советот на министри на ЕУ Карл Билт кој, како што наведе, направил многу напори. Според него, поддршка за Македонија имало од многу земји. „Многу сум задоволен што шведското претседателство вложи големи напори, дури и повеќе отколку што очекувавме“, нагласил Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопштуваат од Авто-мото Сојуз на Македонија. Дополнуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Појава на магла и намалена видливост до 100 метри има на планинските премини Ѓавато и Стража.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
-Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сезонски режим на сообраќај има на патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде што од од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Тошковски вели дека Безбеден град не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок
Овој систем го развиваме со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Фејсбук објава, информирајќи дека денеска бил на терен, на локација, каде што се спроведува финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци како дел од проектот „Безбеден град“.
Тој нагласи дека во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот.
Во првата фаза, додава Тошковски, камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата. Паралелно, вели министерот, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на т.н. црни точки.
-Овој систем не гледа кој сте, туку што сте направиле. Тој не познава имиња, функции или позиции туку евидентира исклучиво прекршок. Законот важи еднакво за сите и само на тој начин ќе постигнеме поголема сообраќајна дисциплина и повеќе спасени човечки животи, нагласи Тошковски.
Македонија
Од ноќеска обилни дождови
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, што наместа ќе бидат пообилни – над 30 литри на квадратен метар, проследени со ретки грмежи. На планините, врнежите ќе бидат од снег, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
– Во вторник претпладне сè уште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се стабилизира, а во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, соопштија од УХМР.
За во Скопје, најавено е утре, почнувајќи од утринските часови, да има повремени врнежи од дожд, што попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни. Се очекува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

