Свет
Норвешка ја проширува територијата
Норвешка ќе го прошири епиконтиненталниот појас за 235.000 километри квадратни на Арктикот и во Баренцовото море, во води што се можеби богати со наф
Норвешка ќе го прошири епиконтиненталниот појас за 235.000 километри квадратни на Арктикот и во Баренцовото море, во води што се можеби богати со нафта и гас.
Повикувајќи се на документи што Норвешка ги предала во 2006. година, Секретаријатот за граници на Обединетите нации го одобрил барањето на оваа скандинавска земја да се прошири на големите водени простори во Норвешкото и Баренцовото море, како и на Арктичкиот океан.
Конвенцијата на ОН за правата на море од 1982. овозможува на крајбрежната држава да го прошири своето право за искористување на природните богатства за 200 до 250 милји ако може да докаже дека со тоа проширување „природно ја продолжува својата континентална територија“.
Норвешка е првата северна земја што ја заврши оваа работа, а колку е важно, покажува минатогодишното американско службено соопштение, според кое резервите на нафта и гас се доволни за тригодишните светски потреби, што претставува околу 90 милијарди барели.
И останатите држави околу Арктикот, Русија, Канада, САД и Данска преку Гренланд се обидуваат да дојдат до природните богатства на ова подрачје.
Русија во 2007. година постави свое знаме на арктикот на длабочина од 4261 метри, во симболично присвојување на територија. Данска тврди дека подрачјето на Северниот пол е нејзино. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

