Црна хроника
Три спортски обложувалници во Тетово работеле без потребните лиценци
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, во соработка со инспектори од Управата за јавни приходи Скопје, во петокот спроведоа заедничка акциска контрола во три спортски обложувалници во Тетово, кои нелегално, односно незаконски работеле без потребните лиценци, соопштуваат од МВР.
При тоа, од контролираните објекти одземени се 17 телевизори, 8 компјутери, 9 монитори, 7 принтери и 95.570 денари. Одземената опрема пренесена е во Секторот за внатрешни работи Тетово за натамошна постапка, додека против сопствениците на „дивите“ обложувалници ќе следуваат соодветни пријави согласно Законот за приредување игри на среќа (член 156 ).
Покрај ова, на објектите им е изречена и забрана за вршење на дејност. Инаку, на крајот на минатиот месец, ваква акциска контрола беше спроведена и во 5 обложувалници во тетовските села Пирок, Боговиње и Камењане, а во која, исто така, беше одземена различен вид опрема ( компјутери, телевизори, принтери, печатачи и друго )./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жени во Скопје и Битола искасани од кучиња скитници
Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.В. од Скопје пријавила дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 16.45 часот во СВР Битола, В.Т.С.(47) од Битола пријавила дека на ул.„Димитар Илиевски Мурато” во Битола била касната од куче скитник.
Во СВР Битола на 13.01.2025 во 16.45 часот А.И.(49) од Битола пријавила дека на ул.„Широк сокак” во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Пронајдена дрога кај осуденик во затворот во Битола
Синоќа во 19.00 часот во Казнено – поправната установа Затвор Битола, при извршен претрес на осуденото лице Т.П.(35) од Битола, била пронајдена марихуана и таблета.
По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени прилепчани: украле повеќе предмети од хала
Вчера во 04.40 часот и во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.А.(33) и Б.Б.(54), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека во периодот од 11.01.2025 до 13.01.2025 одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице.
Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, a Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.