Црна хроника
Запленети рибарски мрежи и риба од нелегален риболов во Охридското езеро

Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 500 метри, близу триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патролите на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во текот на минатиот месец.
Акциските контроли на езерската полиција се реализираат по целата должина на езерската гранична линија но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен.Во неколку одделни акции, на околу еден километар од граничната линија во близина на Радожда, во македонските територијални води при обид за контрола, вкупно пет албански државјани риболовци биле затекнати во нелегален риболов. Притоа, тие ги фрлиле мрежите и целокупниот рибарски алат и со чамецот се обиделе да пребегаат. Поради илегален премин на државната граница и незаконит риболов,тие биле запрени од полициските службеници по што од нивните чамци одземен е улов од пастрмка и белвица, метални канџи и друга рибарска опрема. Во незаконит риболов во водите на Охридско езеро, затекнати се и седум македонски државјани, шест од Охрид и еден од Скопје. Двајца од нив со рибарска мрежа од околу 40 метри и со нерегистриран чамец ловеле на околу 500 метри од градското пристаниште. Уловената риба белвица заедно со мрежата и целокупната опрема е одземена. На потегот меѓу Пештани и Свети Наум полициските службеници пронајдоа една висечка рибарска мрежа во должина од сто метри и поголема количина Охридска белвица. Во две одвоени патроли, скопјанец и охриѓанец, се затекнати во лов на крап со недозволено средство, односно подводна пушка – харпун. Согласно законот за внатрешна пловидба, а поради непочитување на забраната за движење на пловни објекти, против четири лица поднесени се четири прекршочни пријави кои се проследени до Капетанија на пристаништа како и четири кривични пријави за незаконит риболов. Од први јули заради поголема безбедност во пловидбата и на капачите, заштита на животната средина како и намалување на рибокрадството стапи на сила ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.