Контакт

Македонија

Нивото на Охридското Езеро се доближува до минималната граница

Објавено пред

Нивото на Охридското Езеро според последните мерења изнесува 693,14 метри надморска височина, што е четири сантиметри повеќе од минималната граница, јавува Охридњуз.

dobivaj vesti na viber

Нивото на Охридското Езеро според последните мерења изнесува 693,14 метри надморска височина, што е четири сантиметри повеќе од минималната граница, јавува Охридњуз.Нивото на езерото во одреден период во текот на изминатиот месец дневно во просек се намалувало по еден сантиметар, но таквиот негативен тренд деновиве запрел и има стагнирање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Осцилациите на Охридското Езеро се нормални за овој период од годината укажуваат експертите, но тие и натаму остануваат на ставот дека е потребна ревизија на Договорот за регулација на нивото на езерото, затоа што хидролошките услови во периодот кога тој е склучен не одговараат со денешната состојба. Иако е прогласено за природно богатство заштитено од УНЕСКО, водите на Охридското Езеро и натаму се користат за производство на електрична енергија во Македонија и Албанија, од што директно зависи регулацијата на истекот во реката Црн Дрим.Минималната граница утврдена е со Билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија склучен кон  средината на минатиот век. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Тошковски да го повлече скандалозниот закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

Објавено пред

СДСМ бара итно повлекување на, како што го нарекува, сакндалозниот Закон за полиција прелдожен од Панче Тошковски и запирање на партиската окупација на МВР.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот Миле Талески изјави дека предлог законот е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран обид за формирање на партиска милиција под команда на Тошковски.

„По стапките на Никола Груевски, министерот Панче Тошковски го претвора МВР во параполициски апарат за заштита на криминал и партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа дополнително ќе ја влоши безбедносната на граѓаните којашто со Тошковски е веќе загрозена. Тошковски ги урива критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во полицијата. Целосно го елиминира кариерниот систем, напредувањето на професионалните луѓе со искуство, со знаење.
Началник на СВР по рецептот на Тошковски може да стане секој што тој ќе го одбере. Без искуство, без знаење, но со партиска книшка“, рече Талески.

Како што додаде, Тошковски ги укинува и регионалните гранични центри. Во време на сериозни геополитички предизвици и безбедносни ризици, ова, смета СДСМ, е директен удар врз граничната контрола и отвора простор за сомнителни шеми, вклучително и мигранти.

„Тошковски сака да овозможи бришење на полициски податоци. Без траги, без евиденција, без одговорност. Ова е опасен механизам за прикривање на криминал и заштита на структури блиски до власта. Ја подига старосната граница на 30 години за прием во полицијата што е е директна дискриминација на младите и отворање простор за вработување на партиски кадри. Најскандалозно е бришењето на одредбата што спречува вработување на осудени лица. Со тоа, полицијата станува прибежиште за лица со криминално минато, наместо институција што гарантира безбедност и владеење на правото“, додаде Талески.

Се додава и дека ова е нова верзија на Груевизмот, партиска милиција за заштита на криминалот на Власта. Панче Тошковски да решава кој ќе биде уапсен кој не, кој ќе се спаси од одговорност и ќе биде заштитен. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, не оружје во рацете на партиската мафија и затоа овој скандалозен Закон мора да биде повлечен, додаде Талески.

Прикажи повеќе...

Македонија

До сабота натпросечни температури над 40 степени, од недела дожд

Објавено пред

Од

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, информира УХРМ.

dobivaj vesti na viber

Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена.

До сабота (26.7) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за јули. В недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Извор: УХРМ

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Герасимовски: Нов уметнички мурал на „Бушава азбука“ во Дебар Маало, Центар како светските метрополи

Објавено пред

Во срцето на Дебар Маало, центарци добија нов уметнички мурал посветен на легендарната детска емисија „Бушава азбука“, создаден по повод 40 години од првото емитување на овој едукативен серијал.

dobivaj vesti na viber

Автори на муралот се уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс, двајца истакнати креативци кои зад себе имаат децении визуелна и културна работа.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека муралот е дел од континуираната заложба на општината да го разубавува јавниот простор преку уметност, како што тоа го прават многу светски метрополи.

„Проектот е поддржан од Општина Центар, како дел од програмата за развој културата. Муралот е избран преку јавен повик, со што уште еднаш покажуваме дека транспарентно го поддржуваме домашниот уметнички потенцијал. Муралот нѐ потсетува на детството, на знаењето, на љубопитноста”, вели Герасимовски.

Свеченото отворање на муралот ќе се одржи на 31 август, кога симболично започнува и одбележувањето на четири децении Бушава азбука, проект кој остави трајна вредност во македонската култура.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија28 минути

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат...

Топ2 часа

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на...

Македонија2 часа

Бронзен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада во информатика

Македонските ученички информатичарки трета година по ред се оние што успешно ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. На...

Македонија2 часа

Стабилизирана состојбата со пожарот во Преспа, но природата претрпе голема штета

Пожарот што го зафати Езерани во Преспа е ставен под контрола, информира Македонското еколошко друштво. Според нив, ноќта била релативно...

Македонија3 часа

Шест пожари сè уште активни, 38 интервенции на отворено во изминатoто деноноќие

Во изминатите 24 часа, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 38 пожари на отворен простор низ земјата. Од...

Европа4 часа

Утре почнуваат нови преговори меѓу Украина и Русија

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за среда во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитирајќи...

Македонија4 часа

„Влен“: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина....

Свет5 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во падот на воен авион во Бангладеш: причина за несреќата е механички дефект

Најмалку 27 лица загинаа откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна вчера во универзитетски и училишен...

Свет6 часа

(Видео) Синот на Бајден: Апчињата за спиење се виновни за дебаклот на дебатата за Трамп

Хантер Бајден во ново интервју изјави дека неговиот татко, поранешниот американски претседател Џо Бајден, земал апче за спиење пред неговата...

Европа6 часа

(Видео) Автобус со рудари излета во 25-метарска провалија во Русија: 13 мртви, 20 повредени

13 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал рудари паднал во провалија во далечната источна руска република...

Македонија6 часа

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ известува дека денеска во време од 08:00–16:00 часот ќе биде...

Македонија6 часа

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен...

Македонија16 часа

ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа...

Македонија16 часа

Бујар Османи ја објави кандидатурата за градоначалник на Чаир: „Не се работи за функција“

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир. Одлуката,...

Македонија17 часа

Стабилизирана ситуацијата со пожарот кај Преспа, продолжува гаснењето во прилепско

Пожарот што избувна во близина на Преспанското Езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Економија21 час

Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување...

Македонија23 часа

(Видео) „Во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, СДС и Каја губат во првиот круг“, вели Манасиевски

„СДС И Каја Шукова губат во прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут. Кој...

Македонија24 часа

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже – „гласав за банките, а не за народот”

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените...

Топ1 ден

Две скопјанки се истепаа во автокамп на Охридското Езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје...

Топ1 ден

Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато...