Контакт

Регион

Словенија го суспендира Шенген кон Унгарија

Објавено пред

Од средата на полноќ стапува на сила засилената контрола на словенечката граница кон Унгарија и привремено е суспендиран Шенгенскиот режим, соопштија во средата словенечкиот премиер Миро Церар и министерката за внатрешни работи Весна Ѓеркеш Жнидар.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Миро Церар на крајот од својата посета на Лендава, недалеку од границата со Унгарија, на прес-конференцијата изјави дека мерките за подготовка на повторната гранична контрола кон Унгарија веќе започнале и дека ќе се пременуваат од 24 часот, и тоа го образложи со фактот дека Европската унија уште не заземале единствен став во поглед на бегалскиот проблем.

Со овој потег Словенија полесно ќе го контролира протокот на луѓе, за да не биде изненадена од некоја поголема група бегалци и мигранти, а настаните во врска со таа проблематика постојано се следат и владата е подготвена за различни сценарија, истакна Церар, додавајќи дека „сé е под контрола“.

„Мора да ја имаме состојбата под контрола и да им помагаме на луѓето во неволја, но ќе ги третираме во согласност со предвидените постапки, уважувајќи ги нашите интеграциски и безбедносни прилики“, истакна Церар.

Истовремено во Љубана, ка прес-конференција одржа министерката за внатрешни работи Весна Ѓеркеш Жнидар, официјално потврди дека Австрија од 19 часот вовела мерки за гранична контрола на три гранични премини кон Словенија, како што и претходно најави виена, исто така, поради навалицата на бегалците.

Рече дека привременото укинување на шенгенскиот режим кон Унгарија била неизбежна и итно неопходна мерка за да се владее со миграциските текови и да се спречи неконтролираниот прилив на бегалци и мигранти на словенечка територија, но дека Словенија во поглед на бегалците и натаму ќе искажува европска солидарност./крај/мф/сн

Извор: STA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Ердоган: Турција ќе обезбеди безбедност надвор од нејзините јужни граници од 2025 година

Објавено пред

Турција ќе обезбеди безбедност надвор од нејзините јужни граници и ќе ги елиминира терористичките закани кои доаѓаат од тие региони почнувајќи од 2025 година, изјави денеска претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.

dobivaj vesti na viber

„Почнувајќи од 2025 година, ќе обезбедиме безбедност надвор од нашите јужни граници, особено во однос на прашањето за тероризмот и ќе ги елиминираме заканите кои доаѓаат од тие региони“, рече тој на конгресот на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) во провинција Баликесир.

Говорејќи за падот на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, Ердоган рече дека Турција „ги поддржа братските врски“, им помагаше на оние на кои им е потребна и уште еднаш излезе победник, јавува агенцијата „Анадолија“.

„Тестот на хуманоста го положивме со високи оценки“, заклучи Ердоган.

Од падот на режимот на Асад, Турција изврши неколку напади врз курдските милитанти во Сирија, вклучително и членовите на Народните одбранбени единици (ЈПГ), кои ги смета за продолжување на Курдистанската работничка партија (ПКК).

ПКК, која Турција, Европската унија и САД ја прогласија за терористичка организација, започна вооружен бунт против турската држава во 1984 година, а во тој конфликт досега се убиени 40.000 луѓе.

Анкара неодамна инсистираше на тоа дека ЈПГ мора да се распушти, тврдејќи дека нема место за групата во иднината на Сирија.

Анкара рутински извршува прекугранични воздушни напади и воени операции насочени кон ПКК, а операциите што ги спроведува денес се дел од тековните судири меѓу фракциите поддржани од Турција во Сирија и ЈПГ, според Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Автомобил ја проби блокадата во Белград, удри студент и го носеше на хауба

Објавено пред

Студенти на Економскиот факултет во Белград соопштија дека денеска за време на нивната акција на улицата Караѓорѓева возило ја пробило блокадата, удрило во студентот и го носело на хаубата.

dobivaj vesti na viber

По тој инцидент, соопштија, жената која го управувала автомобилот побегнала, а повредениот студент е пренесен во болница, пренесува Нова.рс.

„Студентот во моментов е во Ургентниот центар по интервенција на Брза помош. Нападот бил пријавен во полиција, која како сведоци повикала професор на Економскиот факултет и лице од студентската служба. Сведоците дадоа исказ во полициска станица“, велат студентите.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:

dobivaj vesti na viber

„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат сè“, вели тој.


„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет2 часа

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија16 часа

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија16 часа

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија19 часа

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија21 час

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија21 час

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија22 часа

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија23 часа

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија24 часа

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет1 ден

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет1 ден

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет1 ден

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет1 ден

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...

Свет1 ден

Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените...

Свет1 ден

Почина поранешниот индиски премиер

Поранешниот индиски премиер Манмохан Синг почина на 92-годишна возраст, се вели во соопштението на Институтот за медицински науки во Индија...

Македонија2 дена

Кривична за Перпарим Бајрами и директорот на „Ритрон копи“ поради нови злоупотерби поврзани со „Државна лотарија“

Управата за финансиска полиција поднесе нова кривична пријава против екс директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами поради сомнителни тендери за...

Македонија2 дена

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од...

Македонија2 дена

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор на параполициска воена формација и ме следеле физички

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните...

Македонија2 дена

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање за тоа кој е ставот на Владата...