Европа
ОН ја предупредуваат Британија на ксенофобија

Функционер на Обединетите нации предупреди во четвртокот дека Велика Британија ризикува на ксенофобен начин да одговори на кризата со имигрантите во француското пристаниште Кале, откако британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека ќе депортира уште повеќе доселеници кои во земјата влегле нелегално.
Барањата кон британската влада подалеку да ги задржи економските мигранти претставуваат „ксенофобичен одговор на проблемот со слободата на движењето“, изјави Питер Сатерленд, претставник на генералниот секретар на ОН за меѓународни миграции.
Британскиот премиер Дејвид Камерон во текот на посетата на Виетнам изјави дека неговата земја, којашто во последниот период се соочува со голем предизвик, ќе депортира уште повеќе илегални имигранти „за луѓето да сфатат дека Британија не е прибежиште“. Потсети притоа дека Британија и другите европски земји се соочени со „навалица од луѓе коишто пристигнуваат од Средоземјето во потрага по подобар живот“.
Сатерленд, меѓутоа, тврди дека тие оцени „во поглед на бројот на мигрантите коишто сакаат да влезат во Британија, се претерани и пресметани за подигнување на напнатоста“.
„Минатата година одобрен е влез во Франција за 68.000 бегалци, што е двојно повеќе отколку во Велика Британија“, вели Сатерленд и додава дека бројот на мигрантите би требало чесно да се распредели низ целата Европска унија.
Истакна дека Германија примила 175.000 молби за азил, додека Британија 24.000. Сатерленд, исто така, во врска со ситуацијата во Кале истакна дека „станува збор за пет до десет илјади луѓе кои живеат во страшни услови“./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.
Двата дрона што ги уништија руските противвоздушни единици летаа кон Москва, изјави градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.
„Службите за итни случаи работат на местото каде што паднаа остатоците (од дроновите)“, напиша Собјанин во објава на Телеграм, пренесува Ројтерс.
фото: принтскрин
Европа
Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал.
„Го кажувам ова со самокритика – задачата е поголема отколку што некој можеше да замисли пред една година. Не сме само во период на економска слабост, туку сме во структурна криза на нашата економија“, рече Мерц во саботата за време на говорот во северниот германски град Оснабрик.
Податоците објавени во петокот покажаа дека германската економија се намалила повеќе отколку што првично се проценувало во вториот квартал. Економската активност во Германија се намалила за 0,3 проценти во вториот квартал во споредба со претходните три месеци, пад што е за 0,2 процентни поени посилен од оној што го покажа прелиминарната проценка.
„Никој не треба повеќе да има илузии за тоа колку се длабоки и далекусежни предизвиците со кои се соочуваме“, им рече Мерц на членовите на неговата партија Христијанско-демократска унија (CDU) во Долна Саксонија, покраината каде што е седиштето на производителот на автомобили „Фолксваген АГ“.
Тој го посочи падот од 36% на профитот по оданочување на „Фолксваген“ во вториот квартал како само „една од многуте пораки“.
„Големи делови од нашата економија повеќе не се конкурентни, а тоа е прашање на ценовна конкурентност“, предупреди Мерц, без да ги именува компаниите.
„Квалитетот е сè уште добар и раководителите на компаниите ги препознаваат овие предизвици. Но, основните услови во Германија едноставно не беа доволно добри во последната деценија“, додаде тој.
Откако ја презеде функцијата оваа година, Мерц вети сеопфатни реформи насочени кон намалување на бирократијата, модернизирање на инфраструктурата и зголемување на домашната побарувачка. Неговата влада планира да инвестира стотици милијарди евра во патишта, мостови и вооружени сили за да ја зголеми продуктивноста.
Во саботата, тој ги истакна новите даночни олеснувања за деловните инвестиции и го повтори своето противење на зголемувањето на даноците за средните компании. Тој, исто така, призна дека американската царина од 15% за германскиот извоз би била товар за економијата, но предупреди дека отворената трговска војна со Вашингтон би можела да биде многу полоша.
фото: принтскрин
Европа
Лавров за средбата Зеленски-Путин: Зеленски рече „не“ на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин и ги повика сојузниците на Украина да воведат нови санкции врз Москва доколку Русија не покаже интерес за мир.
На заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Киев, Зеленски рече дека разговарале за безбедносните гаранции за Украина што би ги понудиле другите земји. Тој рече дека гаранциите треба да бидат слични на Член 5 на НАТО, кој го смета нападот врз една членка на алијансата за напад врз сите.
„Ова е почеток на голем потфат и не е лесно бидејќи гаранциите се состојат од тоа што нашите партнери можат да ѝ дадат на Украина, како и каква треба да биде украинската армија и каде да се најдат можности за да ја одржи својата сила“, рече Зеленски.
„Јасно е дека САД ќе бидат вклучени“
Руте, кој денес го посети Киев, ги повика западните сојузници да обезбедат „силни безбедносни гаранции“ за Украина во случај на мировен договор со Москва за да се спречи уште една руска инвазија. „Силните безбедносни гаранции ќе бидат од суштинско значење и ние работиме на тоа токму сега за да се осигураме дека Русија никогаш повеќе нема да се обиде да заземе ниту еден квадратен километар украинска територија“, рече тој.
Руте рече дека гаранциите доаѓаат во две форми: првата вклучува зајакнување на украинската војска за да се одвратат идните руски напади, а втората се состои од европски и американски безбедносни гаранции.
„Јасно е дека САД ќе бидат вклучени“, рече шефот на НАТО. „Овие безбедносни гаранции мора да функционираат“.
„Русите прават сè што можат за да го спречат одржувањето на состанокот“
Украинскиот лидер ги повика сојузниците да ја принудат Русија во „барем минимално продуктивна позиција“. Зеленски повеќе пати го повика Путин да се сретне со него, а американскиот претседател Доналд Трамп рече дека рускиот претседател се согласил на таков состанок.
„Русите прават сè што можат за да го спречат одржувањето на состанокот“, рече денес Зеленски. „За разлика од Русија, Украина не се плаши од средби со лидерите“.
Лавров: Зеленски рече „не“ на сè
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека нема агенда за потенцијален самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски. Тој го обвини украинскиот претседател дека вели „не“ на сè.
Во разговор за емисија на Ен-би-си, Лавров рече дека Путин јасно ставил до знаење дека е подготвен да се сретне со Зеленски и да разговара за евентуален договор за прекин на војната во Украина, но под услов да има соодветна агенда за таков состанок. А тоа, рече тој, во моментов недостасува.
„Путин е подготвен да се сретне со Зеленски кога агендата ќе биде подготвена за кој било самит. А таа агенда воопшто не е подготвена“, изјави Лавров за Ен-би-си, додавајќи дека затоа засега не е планирана средба.
Рускиот министер за надворешни работи рече дека Русија се согласила да покаже флексибилност по голем број прашања што ги покрена Трамп на самитот САД-Русија минатата недела, но ја обвини Украина дека не покажала иста флексибилност во разговорите со Трамп и европските сојузници што следеа во Вашингтон.
фото: принтскрин