Свет
Русија развива нов ракетен систем за војна во вселената

Новиот руски ракетен систем ќе може да ја брани земајта од напади од вселената, за што Пентагон веќе развива соодветно оружје, изјави началникот на военото воздухопловство
„Градиме нов систем кој не само што ќе биде подобар од противракетниот, туку и од вселенскито систем“, изјавил генералот Александар Зелин. Зелин нагласил дека развивањето на проектилите S-500 е приоритет за руското воено воздухопловство, бидејќи според него САД во 2030 г. ќе располагаат со вселенски проектили со кои ќе може да ја гаѓаат руската територија. „Таа закана не е виртуелна, туку е вистинска, а системот S-500 ќе може да го уништи секој балистички проектил и супесонично летало. Неговиот дострел ќе биде 3.500 километри“, додал рускиот генерал.Новиот вселенски ракетен систем на руската армија ќе биде развиван врз основа на досегашниот S-400 Триумф. „Таа е способна целосно да ги изврши задачите во воздушно-вселенската одбрана, уништувајќи балистички цели кои летаа со брзина од 5 километри во секунда“, појаснил генерал Зелин. Како новина, главниот командант на руската воена авијација најавил и дека во Русија веќе се разгледуваат теоретски разработки на нови летала, вклучувајќи и суперсонични авиони со брзина од нивото на 6М.„Не ја исклучувам можоста да откупиме и странска лиценца за беспилотни летала, кои би биле исползувани во интересот на вооружените сили на Русија“, додал Зелин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Зошто плажата Посиди важи за една од најопасните во Грција

Плажата Посиди се наоѓа на западниот брег на првиот прст на Халкидики – Касандра, отприлика на половина пат низ полуостровот. Се протега како ’рт што длабоко навлегува во морето и изгледа навистина магично на фотографии и снимки.
Но, зад таа убавина се крие и опасност. Посиди важи за една од најопасните плажи во Грција поради силните морски струи кои можат лесно да одвлечат пливачите, особено оние кои се неискусни или недоволно внимателни. Плажата е долга меѓу еден и два километри, и е дива – без кафулиња, лежалки и чадори, што ја прави уште поизолирана и потенцијално ризична.
Јавноста добро го памети трагичниот настан од пред три години, кога три млади момчиња од Македонија се капеа на оваа плажа и ги одвлекоа силните струи. Настанот се случил за време на забава на плажа, кога тројцата решиле да влезат во морето. Силниот ветер и морските струи ги повлекле. Едното момче било брзо пронајдено, второто – по дури 19 часа поминати во морето – било спасено благодарение на топка која ја носел ветрот, за која се држел сè до доаѓањето на спасувачите. Третото момче, за жал, никогаш не беше пронајдено, и покрај интензивната потрага.
Според грчкиот весник „Етнос“, освен Посиди, за особено опасни плажи во Грција важат и:
Лаларија (остров Скијатос),
Матала (остров Крит),
Нас (остров Икарија),
Хорефто (регион Пелион),
Платиа Амос (остров Кефалонија),
Калами (остров Китира).
На овие локации потребна е особена претпазливост, дури и кога морето изгледа мирно. Природата е убава, но мора да се почитува.
Свет
Трамп: На Украина ќе ѝ требаат „Патриот“ ракети за одбрана

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека на Украина ќе ѝ требаат ракети „Патриот“ за својата одбрана, откако во петокот разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, и изрази разочараност поради одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на борбите, пренессе „Ројтерс“.
Трамп им рече на новинарите дека имал добар телефонски разговор со Зеленски, но повтори дека бил многу незадоволен од повикот со Путин, нарекувајќи го рускиот лидер незаинтересиран за прекин на огнот.
На прашањето дали САД ќе се согласат да испорачаат дополнителни ракети „Патриот“ на Украина, како што побарал Зеленски, Трамп изјави: „Ќе им требаат за одбрана… Ќе им треба нешто, бидејќи се под жестоки удари.“
Тој ги пофали ракетите „Патриот“ како „навистина неверојатно оружје“.
На прашање за изгледите за прекин на огнот, Трамп изјави: „Тоа е многу тешка ситуација… Бев многу незадоволен од мојот повик со претседателот Путин. Тој сака да оди до крај, само да продолжи да убива луѓе – тоа не е добро.“
Зеленски, во порака на Телеграм, рече дека се согласиле да работат на зголемување на капацитетите на Украина за „одбрана на небото“, како одговор на засилените руски напади. Тој додаде дека разговарале и за заедничко производство, набавки и инвестиции со американската страна.
Украина подолго време бара од Вашингтон нови системи „Патриот“ што ги смета за клучни во одбраната на градовите од засилените воздушни напади од Русија. Одлуката на САД да прекинат со некои пратки на оружје веќе предизвика предупредувања од Киев дека тоа ја намалува нивната способност за одбрана.
Германија, пак, објави дека е во разговори за купување на ракети „Патриот“ за да го надополни вакуумот.
Извор информиран за повикот меѓу Трамп и Зеленски за Ројтерс изјавил дека по „многу добриот разговор“, постои оптимизам дека снабдувањето со ракети може да продолжи.
Трамп изјави дека разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц за украинското барање, но дека сè уште не е донесена одлука за испорака на напредните ракети.
Според американскиот медиум Axios, повикот траел околу 40 минути, а Трамп му рекол на Зеленски дека ќе провери каква е состојбата со американското оружје што требало да биде испратено во Украина.
Во своето вечерно видео-обраќање, Зеленски потврди дека тој и Трамп се согласиле да организираат средба меѓу нивните тимови за зајакнување на воздушната одбрана.
„Имавме многу детална дискусија за заедничко производство. Тоа ѝ е потребно на Украина, но и на Америка,“ рече Зеленски.
Во минатото, Украина доби системи „Патриот“ и муниција од САД како дел од помошта за време на мандатот на тогашниот претседател Џо Бајден.
Свет
(Видео) Патници скокаа од крилата на авион поради лажна тревога за пожар

На пистата на аеродромот Палма де Мајорка рано утрово се случи инцидент на летот на „Рајанер“ за Манчестер. Поради лажна пријава за пожар, авионот беше евакуиран, а 18 лица беа полесно повредени, потврдија локалните власти.
Инцидентот се случил во саботата во 00:30 часот. Службите за итни случаи добиле пријава за пожарот во авионот што бил на постојката, а според порталот „Кроника Балеар“, противпожарни екипи и работниците за итни случаи веднаш биле испратени на терен.
Шест патници биле пренесени во болница за дополнителни прегледи – тројца во клиниката Ротгер, а тројца во болницата Палмапланас. Другите беа згрижени на местото на настанот со полесни повреди, како што е истегнување на зглобот.
Ryanair 737-800 evacuated at Palma de Mallorca Airport after a fire indication developed on board during taxi.
The SAMU061 coordination center received a call at a.m, reporting a fire on flight RK3446 to Manchester.
A total of 18 people were injured during the evacuation, six… pic.twitter.com/XpCCejGq2t
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) July 5, 2025
Локалната цивилна гарда и пожарникарите на аеродромот помогнаа во евакуацијата на патниците, од кои некои сами скокнаа од авионот преку крилата за да се оддалечат од авионот што е можно поскоро.
Рајанер потврди дека полетувањето е откажано поради лажно предупредување за пожар.
„Летот од Палма до Манчестер на 4 јули не полета поради лажна индикација за пожар. Патниците беа евакуирани и вратени на терминалот“, изјави портпаролот на Рајанер.
„При излегување од авионот, неколку патници беа полесно повредени, па екипажот веднаш побара Итна медицинска помош. За да ги намалиме доцнењата, брзо организиравме заменски авион кој полета од Палма во 07:05 часот утрово.“
„Искрено им се извинуваме на сите патници за непријатностите што ги доживеаа“, додаде авиокомпанијата.