Свет
Обама:САД се подготвени за можни напади на Северна Кореја

Вашингтон: Војската на Соединетите Држави е подготвена за можната намера на Северна Кореја да лансира проектили чија цел би биле Хаваи, изјавува Барак Обама во своите извештаи во неделата.
„Оваа администрација – и нашата војска – е целосно подготвена за сите последици“, изјави Обама во интервјуто за CBS телевизијата кога беше прашан за намерата на Северна Кореја да лансира проектил над Хаваи на 4 јули.Неговиот одговор на прашањето дали неговите коментари се предупредување за одредена воена реакција од страна на САД, тој одговори не.„Само ние сме подготвени за сите последици“, повторува тој. „Не сакам да шпекулирам поставувајќи можни хипотези. Но, сакам да им дадам знаење на американските граѓани дека нема причина за грижа.“Северна Кореја изврши одредени нуклеарни тестирања на 25 мај и веројатно има за цел да лансира проектил кон Хаваи откако Соединетите Држави го казнија Пјонгјанг воведувајќи санкции.„Едни од нештата што ни се одамна јасни е дека Северна Кореја избра пат кој го вклучува реобединувањето во интернационалното општество.“„Се надеваме дека ќе го продолжат тој пат. Ние нема да поддржуваме провокации како што тоа беше правено во минатото“, изјавува Обама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 се повредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави Ројтерс.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Свет
Марочко: Украинците масовно дезертираат

Околу 160.000 украински војници ги напуштиле бојните полиња во 2025 година, тврди руски експерт.
Според Андреј Марочко, украинската армија се обидува да го реши проблемот со дезертерството со регрутирање млади „високо мотивирани граѓани“ од украинските националистички батаљони.
Од приближно 30.000 војници кои секој месец ги пополнуваат редовите на вооружените сили на Украина, 98% се убиени во рок од неколку месеци служба или добиваат сериозни повреди, а евидентирано е и масовно дезертерство, изјави за ТАСС воениот експерт Андреј Марочко.
Само во септември, околу 20.000 украински војници ја напуштиле воената служба, рече тој, осврнувајќи се на украинските војници активни на социјалните медиуми.
„И има уште една бројка: од почетокот на оваа година имало 160.000 случаи на дезертерство“, додаде тој.
Оние кои се присилно мобилизирани, додаде Марочко, генерално не преживуваат на линијата на конфликтот – 98% од нив се сериозно повредени или убиени на фронтовските линии во првите месеци од службата, повикувајќи се на податоци од спротивната страна.
Исто така, украинските трупи се пополнети со странски платеници „кои немаат никакви морални или етички принципи“ и безусловно ги извршуваат наредбите на своите команданти, додаде експертот.
Фото: принтскрин
Свет
Венс: „Украина и Русија сè уште не се подготвени, мирот е далеку од реалноста“

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, денес изјави дека Украина и Русија не се подготвени да склучат мировен договор, и покрај „енергичната дипломатија“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
Според него, војната меѓу Русија и Украина продолжува и покрај месеците преговори, бидејќи ниту една страна не е подготвена да постигне мировен договор, пренесува Newsmax.
„Енергичната дипломатија на претседателот на Соединетите Американски Држави не може да ги натера луѓето да ја преминат линијата од еден метар, на крајот на краиштата, мора да има две страни кои се подготвени да постигнат договор. И во моментов, со сите наши напори, кои ќе продолжиме да ги преземаме, Русите и Украинците едноставно не се во фаза каде што можат да постигнат договор“, додаде Венс.
Сепак, според него, мирно решение е сè уште можно, но ќе бара „многу повеќе работа“.
„Мислам дека постои фундаментално несовпаѓање на очекувањата каде што Русите имаат тенденција да мислат дека се снаоѓаат подобро на бојното поле отколку што всушност се“, забележа тој.
Според него, токму тоа го отежнува постигнувањето договор во изминатите неколку месеци, дури и покрај одреден напредок.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по мировниот договор за Газа, ќе ја заврши војната во Украина. Трамп рече дека „би било добро да се склучи мировен договор со Иран“, истакнувајќи дека пред тоа е потребно да се „разговара со Русија“.
Фото: принтскрин