Економија
Македонија треба што поскоро да отвори дистрибутивен центар во Русија

Македонските стопанственици сметаат дека што поскоро треба да се отвори дистрибутивен центар во Руската федерација и оти со тоа ќе се зголеми трговската соработка меѓу Македонија и Русија.
Македонските стопанственици сметаат дека што поскоро треба да се отвори дистрибутивен центар во Руската федерација и оти со тоа ќе се зголеми трговската соработка меѓу Македонија и Русија.
На денешниот иницијативен состанок за отворање дистрибутивен центар на македонските стоки во руската област Самара, во организација на Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора, беше истакнато дека земјоделството е најатрактивен сектор и главна шанса за развивање на соработката со Самарската област.
Центарот како што беше речено е посебно поволен за винарите.
„Треба да се направи притисок врз нашата Влада за да се реши проблемот со визите, но и да се овозможат услови за безцаринска размена. Македонското стопанство со ниту една гранка не може да влијае на руската економија. Затоа и треба да се преземат сите мерки за максимално олеснување на соработката“, рече Богоја Блажески, сопственик на „Сигурносни појаси“ од село Белчишта, Охридско, кој воедно веќе неколку години е и иницијатор за отворање дистрибутивен центар за македонските стоки во Самарската област.
Според неговите досегашни искуства рече дека не е лесно да се работи со Руската Федерација, но смета дека е многу благодарно и оти маките и вложените напори секогаш се исплатуваат.
Извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев, посочи дека Самарската област е увозно зависна од прехранбени продукти и токму затоа фокусот треба да се стави на агрокомплексот.
„Транспортот воопшто не претставува проблем зашто освен автопатната мрежа, исклучително се развиени и железничкиот и воздушниот сообраќај“, рече Бешелиев.
Самарската област е една од економски најразвиените во Русија. Има резерви на нафта, природен гас и хидроенергија, богата е со сулфур, креда, глина и други природни богатства.
Најразвиени како што посочи Јелисавета Георгиевска, извршен директор на Стопанската комора се машинството, хемиската индустрија и обоената металургија.
Стопанството го сочинуваат 400 големи и средни претпријатија и преку 4.000 мали фирми. Просечната плата е 435 евра, а бројот на жители што гравитира во оваа област надминува 20 милиони.
Трговската соработка меѓу Македонија и Русија е во континуиран раст, но константно се зголемува и трговскиот дефицит на македонска страна. Во 2010 година покриеноста на увозот со извозот изнесуваше 4,8 отсто, во 2009 4,6 отсто, а во првиот квартал 5,3 отсто.
Покрај објективните фактори за ваквиот трговски дебаланс во кој се вбројуваат структурата на размената, непреференцијална трговија, отежнатиот транспорт, влијание имаат и субјективните фактори, а тоа според Георгиевска е нашата недоволна иницијативност да се искористат постојните ресурси што ги нуди рускиот пазар./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Божиновска: Стабилната грејна сезона е приоритет, институциите во редовна координација

На координациски состанок со претставници на сите надлежни институции од енергетскиот сектор беа разгледани тековните активности и подготвителните мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија во претстојната грејна сезона, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Редовниот ресорски состанок се одржа во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде покрај претставниците на Министерството од соодветните сектори, присуствуваа и претставници на компании и институции од енергетскиот сектор.
Во дискусијата активно учествуваа раководствата на ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС, како и претставници на НЕМО, кои ги изнесоа своите ставови, предизвици и предлози за натамошно унапредување на енергетскиот систем и зголемување на координацијата помеѓу институциите.
Разгледани беа: напредокот на проектите за енергетска инфраструктура; состојбата со обезбедувањето на потребните енергенси; плановите за работењето на берзата за електрична енергија и day-ahead пазарот; координацијата помеѓу институциите за одржување на стабилноста на системот.
Министерката Сања Божиновска беше информирана за досегашните подготовки и нагласи дека клучен приоритет останува сигурното и стабилно снабдување на граѓаните и индустријата во текот на целата грејна сезона.
За првпат по формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска воведе пракса на редовни координациски состаноци со сите надлежни институции од секторот. Целта е навремено информирање и координирање на активностите – практика што досега не постоела, посочуваат од министерството.
Економија
Гувернерот Славески на средба со претставници на Амбасадата на Швајцарија и на Институтот од Женева: Поддршка за јакнење на институционалните капацитети на Народната банка

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со Михал Харари, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на Швајцарија и со претставници на Институтот за меѓународни и развојни студии во Женева, на која се разговараше за давање поддршка за натамошно јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон Европската Унија.
Во рамките на разговорите беше истакната поддршката што Институтот ја дава преку Програмата за билатерална помош и јакнење на капацитетите за централните банки (BCC), финансирана од Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO), во која ќе биде вклучена и Народната банка. Програмата има за цел да им помогне на централните банки во земјите во развој во градењето аналитичка и техничка експертиза за водење ефикасна монетарна политика, како и за одржување стабилен и сеопфатен финансиски систем.
Гувернерот Славески нагласи дека соработката со швајцарската амбасада и вклучувањето во овој проект претставуваат значаен поттик за натамошно зајакнување на институционалните капацитети на Народната банка во повеќе важни области на работењето. Соработката со Институтот ќе опфати техничка помош и пренос на знаење за унапредување на истражувачката активност, модернизација на алатките за анализа, унапредување на системот за управување со ризиците, како и за поголема финансиска вклученост.
Во моментов, проектот вклучува централни банки од десет земји од различни делови на светот, а наскоро и Народната банка ќе биде дел од оваа мрежа на институции коишто преку оваа програма инвестираат во знаење и напредок.
Економија
Славески – Сецуко: во фокусот унапредување на соработката во областа на дигитализацијата, јакнење на финансиската вклученост

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Кавахара Сецуко.
На средбата беа разменети мислења за актуелните економски движења во светот, предизвиците со кои се соочуваат централните банки при зголемена неизвесност, како и искуствата од спроведувањето на монетарната политика и одржувањето на финансиската стабилност.
Посебен акцент беше ставен на можностите за унапредување на соработката меѓу Народната банка и институциите од Јапонија, особено во областа на дигитализацијата во финансискиот сектор, јакнењето на финансиската вклученост и унапредувањето на вештините и капацитетот на човечките ресурси. Во таа смисла, беше истакната подготвеноста за размена на знаења и добри практики, имајќи го предвид јапонското искуство и експертиза во овие области.
Гувернерот Славески и амбасадорката Кавахара Сецуко се согласија дека постои простор за натамошно зближување и институционална соработка, којашто ќе придонесе за унапредување на економските односи меѓу двете земји.