Свет
Лавров не ги убеди либиските бунтовници да започнат разговори со Гадафи
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во понеделникот се состана со претставникот на либиската опозиција Абдел Рахман Шалкам. Според Шалкам, за време на преговорите Москва и Бенгази постигнале „големо меѓусебно разбирање“.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во понеделникот се состана со претставникот на либиската опозиција Абдел Рахман Шалкам. Според Шалкам, за време на преговорите Москва и Бенгази постигнале „големо меѓусебно разбирање“.Меѓутоа, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, не успеал да ја убеди либиската опозиција да седне на преговарачка маса со полковникот Моамер ел-Гадафи, пренесува РИА Новости. Претставниците на либиската опозиција и бунтовниците чие седиште е во источниот град Бенгази, во Москва беа очекувани минатата седмица. Но, средбата закажана за 18-ти мај беше одложена заради технички причини по барање на либиската страна. Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, веќе оствари разговори во Москва со претставниците на официјалните либиски власти и со специјалниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации за Либија. Тоа што остана е да се чека одговорот на Бенгази. Во понеделникот во Москва пристигна претставникот на Преодниот национален совет (PNC) на Либија, Абдел Рахман Шалкам. Шалкам во периодот од 2000 до 2009 година беше на чело на Министерството за надворешни работи на Либија. Потоа тој беше претставник на Либија во Советот за безбедност на ОН во Њујорк, од која функција во јануари 2011 г. најави дека минува на страната на опозицијата на Гадафи и си поднесе оставка.По разговорите со рускиот министер за надворешни работи, Шалкам изјави дека либискита опозиција се противи на копнени воени операции на НАТО. Тој, исто така, изрази жалење дека како резултат на бомбардирањето на НАТО има загинати цивили и изрази надеж дека ова ќе успее да се избегне во иднина. Покрај тоа, Шалкам изјави дека либиската опозиција нема да преговара со функционерите на Моамер ел-Гадафи, бидејќи тој го убива народот во земјата „Гадафи треба да поднесе оставка и да го прекине огнот“, изјави Шалкем во Москва. Според претставник на Преодниот национален совет, за време на состанокот во Москва била разгледувана Резолуцијата 1973 што на 17-ти март ја донесе Советот за безбедност на ОН, со која се воспоставува зона на забранети летови над Либија. Шалкем истакна дека „главното прашање покренато од страна на Русија е потребата да се запре крвопролевањето во најкус можен рок“.Од своја страна, либиската страна на денешната средба на шефот на руската дипломатија му ги презентирала своите ставови за ситуацијата во земјата. „„Додека Гадафи е на власт, во Либија нема да има мир и нема да може да се постигне тоа“,убеден е Шалкам, кого го цитира руската агенција.Според претставникот на Бенгази, Гадафи е подготвен да го убие целиот либиски народ, само за да остана на власт. „Дојде време Гадафи да ја напушти власта и да го спаси либискиот народ“, додава Шалкем. Тогаш, вели Шалкем, во Либија ќе се формира транзиционата влада, свикано народното собрание, направен уставот на земјата и ќе се спроведат општи избори. „Народот на Либија треба да одлучи за иднината на својата земја и сам да ја управува“, заклучува Шалкам. Претставникот на либискиот Преоден национален совет, по разговорите со Лавров изјави дека либиската опозиција и Руската Федерација имаат меѓусебно разбирање за признавањето на опозиционата влада во Бенгази. „На прашањето за признавањето на преодната влада во Бенгази има меѓусебно разбирање. Самиот факт што бев примен во Москва на разговори со рускиот министер за надворешни работи, говори за улогата и значењето на Преодниот национален совет“, изјавил Шалкам.Во средината на февруари во Либија почнаа масовни демонстрации со кои се бараше заминување од власта на владејачката партија во земјата, којашто повеќе од 40 години е управувана од полковникот Моамер ел-Гадафи, кои подоцна прераснаа во вооружен судир меѓу владините сили и бунтовниците. Во градот Бенгази во источниот дел на Либија, бунтовниците на 27-ми февруари го формираа Преодниот Национален совет, кој се прогласи за единствен легитимен орган во земјата. Составот на PNC вклучува околу 30 претставници на либиската опозиција од различни региони на источна Либија, како воени така и цивилни лица.Советот е предводен од Мустафа Мохамед Абдел Џалил, поранешниот секретар на Врховниот народен комитет за правда на Либија, кој поднесе оставка од владата на 26-ти февруари. Функцијата на министер за надворешни работи во Советот ја извршува поранешниот амбасадор на Либија во Индија и поранешен министер за економија, Али Абдел-Азиз ал-Исауи. За воените работи во Националниот совет се задолжени Омар ал-Харири и поранешниот министер за внатрешни работи Абдел Фатај Јунес.Либискиот Националниот совет го признаа Франција, Италија и Катар. Велика Британија исто така има намера да ги прошират дипломатските, економските и хуманитарните односи со либискиот бунтовници во Бенгази. Претходно, полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, се состана во Бенгази со раководството на Националниот совет. Во Бенгази, ќе биде отворена и канцеларија за координација на Министерството за надворешни работи на Германија/крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Одложен состанокот на министрите на ЕУ во Кипар поради нападот со беспилотно летало
Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотно летало врз британската база Акротири на тој остров, објави кипарското претседателство.
„Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со беспилотно летало насочено кон британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на беспилотното летало моментално се проверува, но е потврдено дека Република Кипар не била цел на нападот“, објави портпаролката на кипарското претседателство.
Со оглед на овој неочекуван развој на настаните, кој за жал влијаеше на денешните летови до Кипар, кипарското претседателство одлучи да го одложи неформалниот состанок на Советот за општи работи.
Советот за општи работи, кој е составен од министрите на ЕУ од земјите-членки, требаше да разговара за предлогот за повеќегодишен буџет за периодот 2028-2034 година, борбата против манипулацијата со информации и мешањето од трети земји и проширувањето на ЕУ.
На состанокот беа поканети и министри од земјите-кандидатки.
Кипар, кој беше британска колонија до 1960 година, е дом на две бази – Акротири и Декелија – кои имаат статус на британски прекуокеански територии. Британците ги задржаа овие две бази според договорот за независност на Кипар од 1960 година.
фото/Depositphotos
Свет
Катар ги прекина односите со Иран по нападот
Катар ги прекина односите со Иран по нападот, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.
Портпаролот изјавил за Си-Ен-Ен дека Иран гаѓал цивилна инфраструктура во Катар, вклучително и меѓународниот аеродром, како и дека катарските борбени авиони собориле дронови и други проектили.
„Ваков напад не може да помине без одмазда“, рекол тој, додавајќи дека Иран мора да ја плати цената за овој очигледен напад врз нивниот народ.
Фото: Depositphotos
Свет
Кремљ во постојан контакт со Техеран, нападот го нарече отворена агресија
Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство по, како што наведе, „отворената агресија“ врз Техеран и изрази длабока разочараност од развојот на настаните.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, нарекувајќи го „цинично“, додека руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека Блискиот Исток го турнале „во бездна на неконтролирана ескалација“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја анализира ситуацијата по одлуката на Вашингтон да започне напади врз Иран, и покрај, како што сметала Русија, охрабрувачките сигнали од преговорите меѓу САД и Иран со посредство на Оман.
„Можеме да изразиме длабоко разочарање бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок во тие преговори, ситуацијата сепак ескалираше во отворена агресија“, рече Песков.
Тој додаде дека Путин подоцна во текот на денот ќе има меѓународен телефонски разговор поврзан со Иран, без да открие со кого, и посочи дека Русија останува во дијалог и со земјите од Персискиот Залив погодени од конфликтот.
Фото: ЕПА

