Црна хроника
Момче од Тетово загина во железничка несреќа во Скопје
Патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Белград во неделата вечерта прегазил момче од Тетово.
Несреќата се случила околу 22.45 часот на пругата кај Скопскиот саем, а во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди и починало на лице место.Утврден е идентитетот на починатото момче и според информациите на МВР станува збор за дваесет и петгодишниот Александар А. од Тетово. Телото на момчето е предадено на обдукција, а полицијата утврдува како се случила несреќата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка
Сопружници загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата се откриени по интервенција на противпожарните служби.
„Во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.Херој Карпош во Крива Паланка. Во гаснењето на пожарот интервенирале 9 пожарникари со 2 ПП возила. Пожарот е изгаснат во 10:00 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години)“, известија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Црна хроника
Крадец среде бел ден во Карпош сакал да ограби маркет, па откако не успеал повредил вработена
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден маж влегол во маркет во скопски Карпош и на сила се обидел да одземе продукти, но откако не успеал, повредил една од вработените.
„На 10.01.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 15.40 часот во маркет на подрачјето на Карпош, машко лице со физичка сила и закана со остар предмет кон вработените се обидело да одземе производи, но не успеало. При тоа и нанел повреда на една од вработените“, велат од МВР.
Оттаму потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во водите на Вардар кај Зелениково пронајдено тело на женско лице заглавено во гранки
Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.
Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.