Спорт
Прволигашите го бојкотираа колото
Четири од шест натпревари од 14-то коло во Првата македонска фудбалска лига не се одиграа. Причина е бојкотот на дел од прволигашките екипи кои вчера неофицијално го најавија како одговор на според нив нелегитимниот реизбор на претседателот на ФФМ Харалампие Хаџи-Ристески
Натпреварите Милано – Пелистер, Металург – Хоризонт Турново, Слога Југомагнат – Силекс и Вардар – Македонија ЃП не започнаа во предвидениот термин во 13 часот. Во недела се одиграа само две средби: Победа – Тетекс 2:0 и Ренова – Работнички 2:0.Во соопштението до јавноста потпишано од екипите на Македонија ЃП, Слога Југомагнат, Пелистер и Хоризонт Турново, клубовите најавуваат „бојкот на првенство се’ до моментот на исполнување на нивните барања“.Екипите бараат ново Изборно собрание, сметајќи дека вчерашното е нелегитимно, поради грубото кршење на Статутот на фудбалската федерација, формирање на Здружение на екипите во прволигашката и второлигашката конкуренција, како и нивна партиципација во давањето делегати кои ќе учествуваат во работата на Собранието на ФФМ.Претставниците на четирите клубови на денешната средба со претставницте на медиумите најавија и приклучување на уште неколку прволигашки екипи на нивното барање.Веднаш по добивањето на третиот мандат на чело на ФФМ, Харлампие Хаџи-Ристески во саботата беше запрашан како ќе одговори Федерацијата доколку навистина се случи бојкот од некои екипи, а тој одговори дека не очекува такво нешто.„Не очекувам да се случи такво нешто, иако слушам такви гласини. Треба да се прифати во спортски дух исходот од Изборното собрание. Планот за бојкот на мојата опозиција е за да го наруши ритмот на натпреварување. ФФМ е подготвена на секакви инсинуации. Во Статутот се предвидени такви случувања и ако се случи такво нешто, органите ќе постапат по Статутот и никако поинаку“, изјави по неговиот повторен избор Хаџи-Ристески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис прв ќе стартува во спринт трката, Антонели втор, Пајстри трет
Ландо Норис го освои првото место во квалификациите за спринт на Големата награда на Бразил во Сао Паоло.
Британецот во Мекларен блескаше во квалификациите, првото место го избори со резултат 1:09.243. Норис моментално е лидер во шампионатот.
Второто место изненадувачки го освои Андреа Кими Антонели зад воланот на Мерцедес, додека Австралиецот Оскар Пјастри, колегата на Норис заврши на третото место. До него ќе стартува возачот на мерцедес Џорџ Расел.
Макс Верстапен, актуелниот шампион, беше само шести, иако имаше најдобро време во првиот сектор, потоа направи грешка, па ќе стартува зад Фернандо Алонсо кој имаше одлично квалификации со Астон Мартин.
Спринтот е закажан за сабота во 15 часот. Главната трка ќе се вози во недела од 16:30 часот.
Спорт
Ваноли ја презеде Фиорентина
Паоло Ваноли официјално стана шеф на стручниот штаб на Фиорентина.
Ваноли потпиша договор до крајот на оваа сезона, а постои можност договорот да се продолжи за уште една година доколку раководството биде задоволно од работата на тренерот.
Ваноли е човек кој веќе бил на стадионот „Артемио Франки“, играл како фудбалер за Фиорентина од 2000 до 2002 година, одиграл 61 натпревар, постигнал три гола.
Овој стручњак нема клуб откако го напушти Торино ова лето, а интересно е што беше под договор со „биковите“ до 2026 година, а го раскина дури вчера.
Сега немаше повеќе проблеми и пречки, па Ваноли е новиот тренер на Фиорентина.
Да ве потсетиме дека тој ќе го замени Стефано Пиоли кој немаше добар почеток во Фиренца. Во првите десет рунди, Фиорентина не забележа победа и со само четири бода се наоѓа на последното место во Серија А.
Во својата кариера, Ваноли ги водеше италијанските репрезентации до 16, 18 и 19 години, Спартак Москва, Венеција и Торино.
Спорт
Познато е кој ќе игра во НБА Европа
Челниците на НБА Европа ги открија првите работи поврзани со ова натпреварување.
Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека овој проект ќе започне во октомври 2027 година.
Во првата година, лигата ќе има 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул.
Грција и Турција би дале по еден клуб, а Италија, Англија, Франција, Шпанија и Германија по два. Сè уште не е познато дали ќе се формираат нови тимови или ќе се активираат некои постоечки.
„Моментално, има многу дискусии за екосистемот и градовите на учесниците, како и за тоа како изгледаат арените во кои ќе играат. Разговараме со претставници на постоечки тимови, фудбалски тимови кои немаат свое име во кошарката, а ќе има и градови од кои ќе почнеме од почеток. Ќе биде полуотворено натпреварување. Формат со 16 тима, од кои 12 се постојано таму, а четири доаѓаат од Лигата на шампионите на ФИБА“, вели Ајвазоглу.

