Свет
За „Бачило“ и за „Денационализација“ поднесено обвинение за 23 лица
Одделението за гонење сторители од областа на организиран криминал и корупција при Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт за 23 лица.
Одделението за гонење сторители од областа на организиран криминал и корупција при Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт за 23 лица. Според Обвинителство, тие се инволвирани во скандалите со исплата на средства по тужби поднесени против државата и за денационализации на одземен имот кој не можел да биде предмет на денационализација.
Обвинителниот акт е поделен на два дела. Првиот се однесува на 13 лица кои веќе ја издржуваат мерката притвор што во различни периоди им ја одреди истражен судија на Основниот суд Скопје 1, а со вториот дел се опфатени уште десетмина обвинети кои во натамошниот дел од кривичната постапка ќе можат да се бранат од слобода. Првиот дел од обвинението се однесува на нотарот Никола Стоименовиќ, овчарот Иснифарис Џемаили, ветеринарот Муамет Арифи , полицаецот Душан Стојанов , адвокатката Ленче Димчевска, Спасе Димитров, сопственик на автомеханичарски сервис, пензионерот Ордан Милановски, Саша Андоновски, адвокат и поранешен заменик-министер за економија, извршителката Емилија Алексова, стечајката Гроздана Манасиевска, Саша Славковиќ, сопственик на фирма во Бугарија, нотарката Гордана Ракочевиќ и нејзиниот колега Михаил Ќосев .
Со вториот дел од обвинителниот акт се опфатени пензионерката Марија Дубровска, Борка Спасоевиќ, исто така пензионер, Радослав Смилчевски, советник во Државниот завод за геодетски работи, Томислав Трајковски пензионер, Зоран Велковски, возач, невработените Тодора Милановска и Светлана Симоновска, Мирко Николов, стечаен работник, Миле Наумчевски, сопственик и управител на фирмите „Мик инвест“ и „Мик Прилеп“ и пензионерот Крсте Иловски.
Според обвинението, нотарот Стоименовиќ се товари за злоупотреба на службената положба и овластување, за измама и за перење пари и други приноси. За истите кривични дела се товарат и другите обвинети. Диспозитивот на актот, за кој најверојатно бранителите на обвинетите допрва ќе поднесуваат приговори, го отвора наводот според кој нотарот Стоименовиќ прибавил имотна корист во висина од 40.958.916 денари. Имено, тој од втората половина на 2001 и март минатата година, со пречекорување на границите на своето службено овластување за себе прибавил 7.999.000 денари, а за Марија Дубровска 19.895.912 денари, и за Иснифарис Џемаили 13.064.004 денари. Нотарот се обвинува дека ја оштетил и државата за 44.462.585 денари, со тоа што извршил наплата на штета по основа на убиена и повредена стока. Пресудата, по која следувала исплата на милионски средства, била донесена по наводно хеликоптерско ракетирање, извршено на 27 јуни 2001 година, на бачилото на Иснифарис Џемаили, на место викано Вакаф во близина на тетовско Камењане. Со прибавените ветеринарни потврди требало да се докаже дека во нападот што го извршиле хеликоптерите загинале 2.150 грла овци, 17 крави, 13 телиња и 22 коња.
Дополнувањето се однесувало на уште 3.820 овци, 15 крави и исто толку телиња и 27 коњи. Во тужбата што била поднесена против државата била наведена невистината содржина со која требало да се покаже дека меѓу 25 јули и 12 август 2001 година бил извршен ветеринарен преглед на 5.041 овца од расата „вкрстена“, односно облагородена домашна со виртенберска овца. По добивањето правосилна судска пресуда, од трезорската сметка на Министерството за одбрана на штедна книшка на Иснифарис Џемаили, отворена на 12 март 2004 година, легнале 44.462.585 денари. Имено, на Џемаили освен проценетата штета му била исплатена и камата за перидот додека траел судскиот процес.
Од милионите што му биле исплатени, Иснифарис Џемаили започнал да префрла средства на штедни книшки на други лица. Така, на новоотворена книшка пренел 5.940.903 денари, а на книшката на Драгица Миновска, мајка на обвинетата Марија Дубровска, на име враќање заем префрлил 2.722.851 денар. Нови 485.200 денари, по основ на купопродажба, му биле префрлени на обвинетиот Спасе Димитров, а на 19 јануари 2005 година, на новоотворена штедна книшка пренел уште 18.038.600 денари. Само два дена порано на книшката на Миновска легнале 14.471.571 денар, а истиот ден на книшката на Дубровска биле префрлени 2.700.000 денари. На Ордан Милановски пари му биле префрлани во два наврата. Првиот пат 2.480.000, а втората уплата била на износ од 8.426.430 денари.
За се’ она што се случувало од 2001 година Обвинителството опширно појаснува во обвинителниот акт на повеќе од 60 страници. Без оглед на тоа каков епилог ќе имаат жалбите по поднесениот обвинителен акт, извесно е дека со овој судски предмет ќе раководи искусен судија од Основниот суд Скопје 1, а како можен судечки судија се спомнува судијката Лилјана Шопова-Ивановска, односно жената која застана зад процесот кој во јавноста стана познат како „Југ 1“ и во кој 28 лица беа обвинети за трговија со мигранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

