Свет
Папата ќе го смири Блискиот Исток?

Папата Бенедикт 16-ти утре ќе оствари средба со палестинскиот лидер Махмуд Абаз на која ќе се дискутира за договорот за Блискиот Исток, јавува радио Ватикан
Средбата е уште еден доказ дека односите помеѓу папата Бенедикт 16-ти и палестинскиот лидер Махмуд Абаз се навистина добри. Нивната последна средба беше во Витлеем на 13 мај годинава, а претходно Абаз го посети Ватикан во 2005 и 2007 г. Палестинскиот лидер дури го прогласи папата за почесен граѓанин во својата земја.На утрешната средба, двајцата лидери ќе дискутираат за планираното потпишување на националниот договор за помирување помеѓу Фатах и Хамас во Каиро на 26 октомври. Египет ќе ја преземе улогата на медијатор помеѓу двете палестински фракции.Фатах и Хамас до неодамна не постигаат никаков диртектен дијалог. Во почетокот на септември, Каиро објави нов документ за помирување на двете фракции, кои се поделија во јуни 2007 г. кога Хамас ја презема контролата на појасот Газа и го протера движењето Фатах надвор од енклавата. Досега шест рунди преговори за помирување останаа без успех. Останува да видиме дали мисијата на Ватикан ќе ја подобри состојбата.Ватикан со палестинските власти оставарува специјални дипломатски односи, на ниво на мисија, како што тоа го прави со Русија и Малта. На ниво на амбасади, пак, Ватикан досега остварува дипломатски односи со 176 земји од светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.