Македонија
Анкетата за меѓуетничките односи била правена без дозвола
Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци, кој вчера ја запали јавноста со анкетата дека 78 отсто од граѓаните сметаат оти меѓуетничките односи се многу лоши, немал дозвола да прави истражување на јавното мислење и бил регистриран како обично социјално-хуманитарно здружение
Станува збор за невладина организација чија активност згаснала на почетокот од 2008 година, дознава forum.com.mk. Порталот дојде до сознанија дека Центарот веќе две години не функционира. Според податоци од Централниот регистар, во регистарската влошка на Центарот на местото статус стои: неактивен. Неактивна е и сметката на здружението. Центарот за меѓуетничка толеранција вчера излезе со истражување на јавното мислење според кое повеќе од 2/3 од македонските граѓани сметаат дека меѓуетничките односи се на работ на конфликт. На прашањето какви се меѓуетничките односи во земјава моментно дури 78 проценти од анкетираните одговориле дека се многу лоши, наспроти 19 проценти од испитаниците што рекле дека се многу добри. Високи 76 проценти ја знаат и причината за лошите меѓуетнички односи, а на прашањето колку се задоволни од соработката меѓу етничките групи 71 отсто одговориле дека не се задоволни. Димовски вчера за една национална телевизија тврдеше вакви бројки за состојбите во меѓуетничките односи покажувале само истражувањата пред конфликтот во 2001 г.„Показателите се дека меѓуетничките односи… се на такво ниво што многу брзо може да ескалираат“, изјави вчера Владо Димовски на една национална телевизија како претставник на невладината организација.
>> Меѓуетничките тензии ги загреваат и политичарите
Тој тврди дека анкетираните како причина за лошите меѓуетнички односи наведувале примери како тоа дека Албанците ги револтира што нема да има џамија на плоштадот, или дека им пречи и што македонските ученици не учат албански, Ромите, пак, повторно се изјаснувале дека се чувствуваат како граѓани од втор ред, а на сите им пречело сквернавењето на верски објектиНа ваквата оцена на Димовски денес реагираа повеќе политички аналитичари и социолози. Оценуваат дека меѓуетничките односи се добри и покрај повеќе актуелни проблеми како што се Енциклопедијата, македонскиот јазик за Албанчињата првоодделенци и изградбата т.е. незиградбата на верски објекти на плоштадот.„Нема никакви индикатори дека меѓуетничките односи се такви какви што се опишани во таа анкета“, вели Владимир Божиновски, политиколог во Институтот за демократија.Народниот правобранител Иџет Мемети пак побара сите да се воздржуваат од активности кои можат да ги разгорат меѓуетничките страсти.„Во мултиетничките општества најранлив сегемент во општеството се мултиетничките односи. Затоа сите, почнувајќи од инстититуцијата Омудсман, другите органи, па и граѓаните треба да се воздражт од секакви провокации. Треба да се воздржат од однесувања кои и те како можат да креваат тензии, а кои тензии после тоа можат да создадат и конфликти“, изјави Мемети.Постојат сомневања и во релевантноста на анкетата и за тоа кој ја направил.„Нема да коментирам анкети од Димовски, оти не заслужува“, кусо ни изјави социологот Ило Трајковски.Центарот за меѓуетничка толеранција и беглаци за прв пат е регистриран во текот на 2000 г. Како претседател, во регистарската влошка е наведен Шаип Јашари. Во делот на сопственоста пишува дека се работи за здружение со недефинирана сопственост. Димовски, кој е потпишан на анкетата се води како генерален секретар. Невладината организација е регистрирана на домашна адреса на Димовски во Скопје, а и телефонот кој е запишан како контакт е исто така домашен. На него претпладнево ни се јави неговата ќерка. Таа ни објасни дека Димовски до 16 часот е на работа. Ни го даде мобилниот телефон на татко и’. На тој број се јавува жена која тврди дека бројот одамна не е на Димовски.Димовски последен пат во јавноста се појави пред две години, како претставник на Балканскиот инвестициски фонд кој финансираше проект во Сопиште.Освен дека сондажата на јавното мислење е спроведена на репрезентативен примерок од над 6.500 граѓани од различни етнички заедници во повеќе од 26 населени места низ Македонија, нема други податоци за методологијата на која е спорведена анкетата, кои прашања се поставувани и дали се работи за телефонска или пак, теренска анкета.Во Македонија регистрирани и релевантни за анкети и јавни мислења регистрирани се неколку институти и организации меѓу нив Прима Галуп, Институтот за демократија и Агенцијата Рејтинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.
Македонија
„Падна една недопирлива, победи јавниот притисок“ – Левица за оставката на антикорупционерка Цвета Ристовска
Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.
„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните врски што ја компромитираа Комисијата. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже,“ се наведува во соопштението од партијата.
Од Левица потсетуваат дека тие јавно ги обелодениле фактите поврзани со, како што велат, непријавени интереси и компании на синовите на Ристовска, кои добивале милионски средства од партиски каси, како и наводното системско прикривање во рамки на ДКСК.
„Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, додаваат.
Покрај тоа, од партијата бараат да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со: директорот на АНБ, Бојан Христовски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, компанијата „Сити Аутсорсинг“, во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добиените 161 јавна набавка.
„Ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ, без исклучок. Секој функционер кој мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов“, се вели во партиското соопштение.
Од Левица упатуваат повик до сите службеници, институционални вработени и граѓани кои располагаат со информации за корупција и клиентелизам да продолжат да ги доставуваат до партијата.
„Левица ќе ги штити изворите и бескомпромисно ќе ја изнесува вистината во јавноста.“, уверуваат.
Соопштението завршува со зборовите: „Денес падна една ‘недопирлива’. Утре ќе паднат и други. Борбата продолжува.“
Македонија
Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“
Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Во писмото, Ристовска наведува дека одлуката ја донела по „неделни јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа“ во Комисијата. Таа вели дека целата своја професионална кариера, вклучително и работењето во ДКСК, ја извршувала „законито, совесно и со најдобра намера“.
„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста“, наведува Ристовска во оставката.
Таа потенцира дека во секоја ситуација во која постоела можност за судир на интереси, побарала изземање согласно законот, и отфрла дека имала намера да прикрие информации.
„Напротив, ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет“, додава таа.
Претходно, ДКСК отвори два предмети за Ристовска, за проверка на судир на интереси и непријавување имот.
Ова е нов случај на оставка во Антикорупциската комисија за помалку од една година. Во 2025 година, оставка поднесе и тогашната претседателка Татјана Димитровска, откако против неа беше поднесен обвинителен предлог за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, поврзани со случајот „Адитив“.

