Спорт
Лига Европа: Крај за манчестерските тимови

Манчестерските гиганти, Јунајтед и Сити, во осмина финалето го завршија своето учество во Лига Европа.
Манчестерските гиганти, Јунајтед и Сити, во осмина финалето го завршија своето учество во Лига Европа. Манчестер Јунајтед и по втор пат е поразен од Атлетик Билбао, на „Сан Мамеш“, домаќинот победи со 2:1. Манчестер Сити, на домашен терен, по првото полувреме имаше негатива од два гола против Спортинг, во второто полувреме „граѓаните“ постигнаа три гола, кои не им беа доволни за пласман во четвртфиналето. Убедливи победи во реванш, осминафиналните средби забележаа германските претставници Шалке и Хановер. Шалке, со четири гола, во второто полувреме, од кои три на Хунтелар го совлада Твенте со 4:1, додека Хановер со 4:0 забележа победа над Стандард Лиеж. Атлетико Мадрид, во Истанбул го потврди пласманот во четвртфиналето, откако победи со 3:0. АЗ Алкмар, кој од третата минута играше со играч помалку, загуби од Удинезе со 2:1, но избори пласман меѓу најдобрите осум тима во ова натпреварување. Вистински подвиг направи украинскиот преставник Металист, кој во Атина го победи Олимпијакос со 2:1. Грчкиот преставник, кој на првиот меч победи со 1:0, дојде до водство и на домашен терен, но Металист со погодоци во 83. и 88. минута, си обезбеди четвртфинале. Атлетик Билбао-Манчестер Јунајтед 2:1 (прв натпревар 3:2)Манчестер Сити-Спортинг Лисабон 3:2 (0:1)ПСВ Ајндховен-Валенсија 1:1 (2:4)Олимпијакос-Металист 1:1 (1:0)Удинезе-АЗ Алкмар 2:1 (0:2)Шалке-Твенте 4:1 (0:1)Хановер-Стандард 4:0 (2:2)Бешикташ-Атлетико Мадрид 0:3 (1:3). крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Виљареал и Барселона сепак нема да играат во САД

Шпанската фудбалска лига ја информираше јавноста дека се повлекува од „продажба“ на лигашкиот натпревар помеѓу Виљареал и Барселона на американскиот пазар.
Овој дуел требаше да се игра на 20 декември во Мајами, што предизвика бунт кај навивачите на шпанските клубови. Сепак, дури кога фудбалерите се придружија на протестите (стоејќи мирно првите 15 секунди од натпреварите), челниците на Ла Лига попуштија и ја откажаа „посетата“ во Флорида.
„Ла Лига информира дека, по разговорите со промотерот на натпреварот во Мајами, тој донесе одлука да го откаже настанот поради неизвесноста што владееше во Шпанија во последните недели“, се вели во соопштението.
Лигата изрази жалење што не може да ја искористи „оваа историска можност“ за да организира прв натпревар од шпанското првенство во странство. Обидите на Ла Лига да одржи натпревар во САД датираат од 2018 година, кога Барселона и Џирона требаше да играат натпревар исто така во Мајами, но и тој проект беше блокиран.
Спорт
(Видео) Арсенал убедлив против Атлетико, ПСЖ и ПСВ ги растурија Баер односно Наполи

Седум натпревари се одиграа во ударниот термин од 21 часот во третото коло од Лигата на шампионите. Натпреватите ги обележаа убедливите победи на Арсенал над Атлетико Мадрид (4:0), ПСВ над Наполи (6:2), а ПСЖ победи во Леверкузен со (7:2).
Атлетико Мадрид на „Емирати“ во Лондон, влезе во црна дупа во периодот од 57-та до 70-та минута. Тогаш Арсенал постигна четири гола. До првиот гол, ривалите беа рамноправни на теренот и покрај тоа што Арсенал имаше повеќе од поседот на топката.
Наполи никогаш во историјата не примил шест гола во Лигата на шампионите. Тоа му се случи вечерва во Ајндховен. Наполитанците водеа со 0:1, а потоа им се случи вистински потоп.
Актуелниот европски првак, ПСЖ, држеше час по фудбал во Леверкузен. Избраниците на Луис Енрике седум пати ја погодија мрежата на Баер. Еден гол постигна и „Златната топка“, Усман Дембеле, кој го одигра првиот натпревар уште одд крајот на август.
Резултати: Копенхаген – Борусија Дортмунд 2:4, Њукасл – Бенфика 3:0, ПСВ Ајндховен – Наполи 6:2, Арсенал – Атлетико Мадрид 4:0, Виљареал – Манчестер Сити 0:2, Унион СЖ – Интер 0:4 и Баер Леверкузен – Пари Сен Жермен 2:7.
Foto/ EPA
Спорт
Вардар 1961 со победа се враќа од Тулуз

Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа втората победа во Европската лига. Вечерва во Тулуз, екипата на Иван Чупиќ славеше со 28:26.
Вардар 1961 го растури Тулуз во првиот дел, на полувремето резултатото беше 18:11. Тулуз не се предаде, во вториот дел ја истопи предноста на црвено-црните на само еден гол (23:22).
Сепак Вардарци не ја испуштија победата, се конслидираа, со предност од четири гола влегоа во последните пет минути, па Тулуз немаше ни време, ни сили да ја оспори победата на македонскиот вице-првак.
Јака Малус со 6 гола беше најефикасен кај Вардар.
Во вториот натпревар од групата на Вардар, екипите на Сесвете и Кристијанштад одиграа нерешено 32:32.
Foto/ rkvardar.com.mk