Црна хроника
Фатени десет илегални мигранти кај Удово

Во петокот во 22 часот, полициски службеници од Грачниниот премин „Богородица“, на клучката во село Смоквица забележале лице како товари мигранти во „BMW“ со скопски регистерски ознаки и се упатил кон село Удово.
Во петокот во 22 часот, полициски службеници од Грачниниот премин „Богородица“, на клучката во село Смоквица забележале лице како товари мигранти во „BMW“ со скопски регистерски ознаки и се упатил кон село Удово.
При даден знак од полициските службеници возилото да застане, истото со зголемена брзина се упатило кон Демир Капија. Поради оштетување на гума, возилото застанало во близина на село Градец, по што сите лица се дале во бегство.
По извршеното пребарување на теренот биле пронајдени осум лица илегални мигранти од Сирија, кои во 1 часот се приведени во полициска станица.
По извршен разговор со мигрантите , тие изјавиле дека им се изгубило 7 годишно девојче, заедно со нејзиниот татко кои биле со нив, по што полицајците го пребарале поширокиот терен за пронаоѓање на девојчето и нејзиниот татко.
Полициските службеници цела вечер го пребарувале теренот, а потрагата продолжила и во текот на денешниот дена каде што околу 10.30 часот истите се пронајдени. Во текот на денот сите пронајдени мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот Центар за странци во Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П. и Б.М.Р., двете од Италија.
При гранични проверки и контрола во возилото „рено“ со италијански национални ознаки, кое го управувала Џ.П., а сопатник била Б.М.Р., во личниот багаж на Џ.П. пронајдени се 186 семки од растението канабис, хемиска материја ЛСД, тврда кафеава материја и кесичка со суви печурки. Додека, во багажот на Б.М.Р. е пронајдена марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија го лишија од слобода 41-годишниот А.Ш. од Скопје.
Имено, А.Ш. бил затекнат во дворно место од основно училиште во село Сандево, скопско како од резервоарот за нафта одзема нафта.
Нафтата е вратена на одговорното лице од училиштето, извршен е увид и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода 45-годишниот Н.А. и 23-годишниот А.Ј. од Скопје.
Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на улицата „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода.
Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.
Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот.
Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.