Македонија
Прес конференција по повод уличниот фестивал Баскерфест
По повод отворањето на Петиот интернационален уличен фестивал-Баскерфест 2010 ќе се одржи прес конференција на градскиот плоштад.
По повод отворањето на Петиот интернационален уличен фестивал-Баскерфест 2010 ќе се одржи прес конференција на градскиот плоштад. На прес конференцијата ќе се обрати главниот организатор на овој фестивал Фимка Темовa, претставници од Град Скопје, како и дел од изведувачите на годинашниот Баскерфест.Оваа година фестивалот ќе се одржи од 4-ти до 13-ти јуни, а главната програма на новото издание на Баскерфест се очекува да се реализира на плоштадот Македонија, потоа пред црквата Св.Спас кај Стара чаршија, пред Мустафа Паша Џамија близу Скопското кале и во општина Аеродром. Се очекуваат 25 различни настапи, учество на 70 артисти како од нашата земја така и од странство. За разлика од минатите оваа година се очекува учеството на изведувачите значително да се зголеми. Скопје во период од 10 дена ќе биде домаќин на 95 различни интернационални артисти кои ќе и овозможат на публиката повеќе од 60 возбудливи настапи. Исто како и минатите изданија на фестивалот така и оваа година ќе биде отворена Пиво градината, која ќе се наоѓа на самиот плоштад, каде ќе бидат поголемиот дел од случувањата.Свеченото отворање на фестивалот ќе се одржи на плоштадот Македонија, со почеток во 20 часот, со спектакуларниот настап на музичко-театарската претстава „Малото возило“ во изведба на француската група „Икс-девојки“ („X-Girls“), кои ќе ја подгреат атмосферата за деновите кои следуваат. Ова гостување е во соработка со Францускиот културен центар во Скопје. Уште еден настап по кој ќе се памети годинашниот Баскерфест, како најавуваат организаторите, е пиротехничкиот спектакл на германскиот уметник Еdи Егал (Eddie Egal), кој во живо пред очите на посетителите ќе ја изведе точка на самозапалување./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

