Спорт
Мохамед и Фарах претставници на Сомалија на ОИ
Мохамед Хасан Мохамед и Замзам Али Фарах се вистински победници, а Олимписките игри во Лондон сеуште не се започнати.
Двоецот од Сомалија, земја која е разурната од војната, барем на кратко военото поле ќе го заменат со вистинските возбудувања кои ги носат Игрите. Мохамед трча на долги патеки, а Фарах на средни. Овие атлетичари за својот настап на ОИ се подготвувале низ улиците на главниот град Могадишу, кои се наоѓа под контрола на разни полиции, а неретки се и самоубиствените бомбашки напади. Оваа година, сомалискиот спорт доживеа тешка трагедија кога беа убиени претседателите на Олимпискиот комитет и Фудбалскиот сојуз. Сомалија нема спортски стадион кој е во функција, оној во Могадишу е напуштен, а и нема атлетска патека. „Замислите да живеете во земја во која нема спортски стадион. Немавме каде да трчаме, па тоа го правевме по улиците на Могадишу и тоа во време кога борбите беа најжестоки. Моравме да тренираме и трчаме пред блокадите на кои има вооружени луѓе“, изјави Фарах, која на ОИ во Лондон ќе се натпреварува на 800 и 1.500 метри.„Понекогаш одевме на тој напуштен стадион и сонувавме дека еден ден ќе патуваме на ОИ, конечно дојде денот кога сништата станаа реалност. Морам да им кажам на сите дека Сомалија е силна и жива и дека тука дојдов да го носам знамето на мојата земја“, рече Мохамед кој во Лондон ќе трча на 1.500 и 5.000 метри. Сомалија е држава која нема функционална влада од 1991 година кога започна граѓанската војна. Мохамед и Фарах во текот на војната ги загубиле своите семејства. крај/dn.avaz/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

