Економија
Пилотите на "Луфтханза" во четиридневен штрајк

Пилотите на германскиот национален авиопревозник Луфтханза од недела на полноќ стапија во штрајк поради ниското ниво на безбедност и малите месечни примања.
Пилотите на германскиот национален авиопревозник Луфтханза од недела на полноќ стапија во штрајк поради ниското ниво на безбедност и малите месечни примања.
Од Управата на компанијата потврдија дека синдикатот на пилоти, од полноќ стапил во четиридневен штрајк откако разговорите што се водеа во текот на викендот не дале резултати.
Покрај барањето за зголемување на платите за 6,4 отсто, пилотите стравуваат дека компанијата може дел од работните места да ги пренамени во своите сестрински компании како Аустријан Ерлајнс и Луфтханза Италија каде платите се помали.
Штефан Лауер од управата на компанијата потврди дека Луфтханза може да гарантира за работните места на пилотите до 2012 година или до 2013 и 2014 година доколку не бараат зголемување на платите.
Во штрајкот учествуваат 4.000 пилоти и се очекува тој да направи штета од 100 милиони евра, притоа не земајќи ги во предвид загубите од непродадени карти и намалувањето на угледот.
Поради штрајкот изутрината се откажани две третини од летовите, односно 1.200 од вкупно 1.800 летови колку што опслужува дневно компанијата. /крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Lucky Days“ во НЕПТУН – Попустите се толку големи што ќе купиш сè што ти треба!

Од 09.06.2025, „Lucky Days“ во НЕПТУН носат промени што ќе го трансформираат вашиот дом! Влегувате по еден производ, а излегувате со сшто ви треба – од ефикасен клима-уред до голем телевизор за домашно кино, сите по цени што ќе ве изненадат!
Летото е тука, а со него и идеалната можност да го освежите домот со уреди што ќе го направат секојдневниот живот поудобен. Попустите се дизајнирани со грижа за вашиот семеен буџет: од клима-уреди што ја победуваат жештината до фрижидери што штедат струја, секој избор е осмислен да ви го олесни животот на долг рок.
Твојата желба е јасна – да добиеш врвен производ по фер цена. Нашите флаери ги прикажуваат најдобрите понуди од врвни брендови. Замислете колку е лесно да изберете уред што ја штеди електричната енергија, а сепак нуди врвни перформанси или да го надоградите вашето работно катче со лаптоп или десктоп што ќе ве чини многу помалку отколку што мислевте.
За да ви ја олесниме вашата шопинг-патека, во последните неколку месеци ги реновиравме и унапредивме дел од нашите најпосетени продажни салони. Ве чека модерен, разубавен простор со пријателска атмосфера, создаден да ја направи вашата посета пријатна и инспиративна.
Нашиот стручен тим секогаш се на располагање да ви помогнат да го најдете токму она што ви треба – без да губите време или да се двоумите дали е вистинска инвестиција.
Твоја е желбата, наше е да ти го понудиме најдоброто! – Нептун
(ПР)
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Се надзираат контурите за почеток на најголемиот инфраструктурен проект во регионот. Формирање на координативното тело во вторник и започнување на постапка за обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот брза пруга, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Проектот брза пруга Табановце-Гевгелија ќе чини од 1,7 до 2 милијарди евра и ќе биде најголем поединечен проект во Македонија.
Новата брза пруга ќе биде со нови возови, локомотиви и целосно модернизирана и реконструирани железнички станица во Скопје и реконструирани станици низ Македонија.
Со брзата пруга предвидено е патнички сообраќај да биде до 160 км на час, а товарниот сообраќај до 120 км на час. Граѓаните ќе можат да патуваат за час и пол до Солун, 4 до 5 часа до Виена.
Со поддршка и следење на британските и европските стандарди овој проект е од големо значење и ќе ја подобри безбедноста во железничкиот сообраќај.
Брз и ефикасен железнички сообраќај од граница на Србија до граница на Грција. Делницата Табановце – Гевгелија ќе се скрати од 235 км што е моментално, влез излез од државата, се планира да биде 200 и под 200 км. Целта е да имаме брза пруга и брз транспорт.
Македонија конечно ќе почне да ја користи добрата местоположба и ќе се впише на мапата на карго Европа. Карго транспортот се предвидува да донесе од 100 – 120 милиони годишен приход од товарниот сообраќај.
Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него.
Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%.
Фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавеното.
Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, за да можат да се богатат врз грбот на граѓаните креирале мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ.
Грчкиот јаглен горел во Македонија а профитот завршил кај Вице Заев во Бугарија.
Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра.
Додека кланот Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси.
Одговорност за овој милионски скандал мора да има, а ЈО да отвори истрага“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.