Регион
Избегната трагедија на прослава во Сараево
Одбележувањето на 9-ти јануари кој во Република Српска се одбележува како денот на овој ентитет во Босна и Херцеговина, за малку ќе завршело со трагедија кога во саботата навечер во Источно Сараево се урнала бината на концертот на српската фолк ѕвезда Мирослав Илиќ.
Портпаролката на полицијата Данка Тешиќ потврдила дека во споменатиот инцидент се повредени четири лица.
„Претпоставуваме дека сцената се урнала поради силниот ветер“, изјави во неделата Тешиќ за сараевските медиуми, додавајќи дека истрагата допрва треба да го утврди вистинските причини за уривање на бината.
„Уривањето на бината дошло бидејќи не била соодветно зацврстена и поради лошите временски прилики, како и лизгавата подлога којашто погодувала за тоа покривната конструкција со носечките столбови, веројатно, да се урне кога задувал ветерот“, изјавила за агенцијата Срна, полициската портпаролка Данка Тешиќ.
Појаснила дека обвинителот тоа не го квалификувал како кривично дели и оти, најверојатно, нема да има случај.
Бесплатниот концерт на Мирослав Илиќ во Источно Сараево го организирале властите на Република Српска со директен пренос на ентитетскиот јавен сервис. Се одржа на еден градски плоштад и привлече поголем посетители.
Централното одбележување на 9-ти јануари се одржа во Бања Лука, а присуствуваат и српскиот премиер Алексадар Вучиќ и поголем број негови министри./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Aвтомобил влета во публиката на трка во Осиек, има повредени
Четири лица се повредени и префрлени во Клиничкиот болнички центар Осиек, Хрватска, откако денеска на улична трка на 31. улица Осиек Стрит Рајс во нив удри автомобил.
Според првичните информации автомобилот изгубил контрола, излетал од патеката и удрил во гледачите.
Несреќата се случила веднаш по почетокот на трката.
Двајца од четворицата повредени имаат отворени скршеници на ногата, објави Јутарњи лист.
Повредените седеле во првиот ред на трибината која била поставена веднаш до патеката.
„Еден од возачите изгубил контрола над возилото и удрил во трибината, при што повредил неколку гледачи. Со брзата реакција на лекарскиот тим на сите повредени им е укажана помош и никој не е во животна опасност “, соопшти организаторот.
Регион
Земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала се случи денеска околу пладне во близина на грчкиот остров Китнос.
Оваа информација ја објави Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, каде што е почувствуван земјотресот.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 11:53 часот, се наоѓа на 17 километри северо-североисточно од островот и на околу 80 километри од Атина. Длабочината на потресот се проценува на 14,4 километри.
Грција се наоѓа во една од сеизмички најактивните области во светот, а земјотресите се чести.
Сепак, смртните случаи и големите штети се многу ретки.
Регион
Детали за несреќата што пред 5 години ја предизвикал Хрватот кој завчера загина со сопругата, се снимаше додека вози „бмв“ 200 километри на час, па удри во камион
Еди Здјелар (24) под Хрватска, кој во петокот загина со сопругата во сообраќајна несреќа, а пред тоа се снимаше во живо како вози 200 километри на час, во 2019 година предизвикал уште една тешка сообраќајка на Нова Градишка, по што починала и неговата тогашна бремена партнерка.
Порталот „Нова Градишка“ тогаш објавил дека несреќата се случила на 18 март во градот Ковачевац. Во тоа време 18-годишниот Здјелар управувал комбе, над кое изгубил контрола и неконтролирано отишол на другата страна на патот и удрил во бетонски мост. Од силината на ударот возилото се превртело.
Освен Здјелар, во комбето била и неговата 18-годишна девојка, која тогаш била бремена. Наспроти вчерашните информации што ги објавија хрватските медиуми дека таа загинала за време на несреќата пред пет години, таа сепак починала девет месеци подоцна, а нејзиното дете преживеало.
Бабата на бремената девојка тогаш починала од шок откако го видела неподвижното тело на својата внука на патот.
„Нејзината куќа се наоѓа во близина на местото на несреќата и, кога слушнала што се случило, излегла на патот. Наводно ставила перница под главата на нејзината внука. Сето тоа толку многу ја шокирало што починала“, изјавиле мештаните за Радио Нова Градишка во тоа време.
Подоцна полицијата потврди дека возачот и девојката не носеле појаси, а комбето се превртело поради пребрзо возење.
Еди кој пред два дена во смрт ја однесе и сопругата, а преживеа нивното двегодишно дете кое било во автомобилот, упрвувал „бмв“ со голема брзина.
Неколку часа пред несреќата тој на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како со „бмв“ се движи 200 километри на час. На видеото може да се слуша гласна музика.
Видеото е снимено во периодот од 14:30 до 14:45 часот, што одговара на времето на несреќата бидејќи несреќата била пријавена во 15:00 часот, кога Еди со својот автомобил удрил во камион на автопат.
Под видеото во кое го објави своето дивеење на автопат, сега познати и непознати луѓе оставаат пораки со сочувство или осуда.
– Еди, брате мој, што направи, мил Боже.
– Кутрото дете, остана сирак, коментираат луѓето под видеото, пренесува „Јутарњи“.