Македонија
Петрески: Постои опасност од прелевање на Охридското езеро
Владата да преземе итни мерки за испуштање вода од Охридското езеро во реката Црни Дрим бидејќи постои опасност од прелевање на езерото.
Владата да преземе итни мерки за испуштање вода од Охридското езеро во реката Црни Дрим бидејќи постои опасност од прелевање на езерото.
Ова за бугарската агенција Фокус го изјави охридскиот градоначалник Александар Петрески истакнувајќи дека повеќе пати ја информирал централната власт дека состојбата со водостојот во езерото е алармантна.
Според Петрески мора итно да започне испуштање на вода во реката Црни Дрим, но дека надлежноста за тоа ја има централната власт која стопанисува со езерото, а во дадениот случај општината е немоќна.
“Алармирав дека водата е на многу повисоко ниво од пропишаниот максимум и треба водата да се испушта во реката Црн Дрим за да не се нанесат штети во Охрид. Постои опасност да биде поплавен кејот на езерото и околните области. Истотака проблем се и реките и каналите кои се вливаат во езерото чиј водостој истотака е значително зголемен”-изјави Петрески упатувајќи апел до Владата да испушта повеќе вода во Црн Дрим.
Водата во Дрим во моментов не се испушта поради поплавите во Албанија и поради хидроцентралите. Мене не ме интересираат Шкодра и хидроцентралите, мене ме интересира Охрид-дециден е Петрески./крај/фо/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

