Uncategorized
Успешно финале на неделата на Македонската Култура
Последниот ден од Неделата на македонската култура во престолнината на Канада го одбележаа две изложби на македонски уметници и предавање за духовното и културно наследство на Светите Кирил и Методиј.
Последниот ден од Неделата на македонската култура во престолнината на Канада го одбележаа две изложби на македонски уметници и предавање за духовното и културно наследство на Светите Кирил и Методиј.
Во преполната галерија Канадијана, пред претставниците на дипломатскиот кор и претставниците од канадското министерство за надворешни работи беше изложена уметноста на академскиот сликар Димче Исаиловски.
Во презентацијата на делото на прочуениот македонски и канадски сликар Георги Даневски во организација на Амбасадата на Република Македонија, учествуваа и дипломати од Амбасадата на Република Словенија во Отава, екипа на националната ОМНИ телевизија и многумина Македонци.
За уметноста на Даневски статии напишаа и Торонто Стар, Маркам Економист и Сан, како и списанието Норт оф д Сити (North of the City), а за изложбата на Исаиловски весникот Ембаси (Embassy) особено вреднуван од дипломатските и политички кругови во Отава.
Во рамките на Македонската недела aмбасадорот Љубен Тевдовски оствари средби со раководствата на најрепрезентативните образовни асоцијации претставувани од Пол Дајвидсон, претседател на Асоцијацијата на Универзитети и Колеџи на Канада и Пол Бренан, потпретседател на Асоцијацијата на Канадски Колеџи на заедниците
На средбите претставниците на канадските образовни институции беа запознати со длабоките образовно-културни традиции во Македонија, како и најновите реформи и достигнати стандарди во македонското образование.
Стана збор и за конкретни проекти и иницијативи за соработка и промовирање на идни партнерства помеѓу македонските и канадските образовни институции.
Амбасадорот Тевдовски подготви прием по повод Св. Кирил и Методиј за македонската заедница во главниот град на Канада, Отава.
На Свечениот прием покрај поврзувањето на различни генерации и групи на Македонци, се иницираше и организирање на традиционални активности, како и можноста за формирање на координативно тело на Македонците од престолнината, со цел подобро претставување на нивните интереси, како и интересите на Македонската заедница во Канада пред федералните институции.
Во рамките на прославата делегација на Амбасадата, со колеги од неколку пријателски мисии, го посети и „Македонското Дрво“, во паркот Челси, во близина на Гатино, засадено во знак на заедничките напори на Македонија и Канада за чиста средина и одржлив развој./крај/армк/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

