Региони
Маратонски потфат за актуелизација на проблемот со охридската јагула
Со истрчувањето на Атлетскиот маратон, кој ќе се одржи на 8-ми септември, понеделник, во Охрид, ќе биде означен официјалниот почеток на маратонски потфат на членови на Иницијативата „Патот до Саргасово Море“ кои до јануари 2016 година планираат да истрчаат дистанца од 7.400 километри.
Целта на потфатот е да се подигне свеста кај јавноста за проблемот со охридската јагула.
„Со изградбата на брани на реката Црн Дрим на територијата на Македонија и Албанија пред околу 50 години попречен е природниот пат на охридските јагули преку Црн Дрим, Јадранското Море, Средоземното Море и Атлантскиот Океан да стигнат до Саргасовото Море (близу Бермуда), каде што се мрестат и од каде нивното потомство се враќа, по истиот пат, до Охридското Езеро. Крајната цел на Иницијативата, симболично наречена „Патот до Саргасово Море“, е преку изградба на систем на водни лифтови/канали на браните на Црн Дрим повторно да се овозможи охридската јагула да го следи својот исконски пат до Саргасово Море и назад“, велат од „Патот до Саргасово Море“.
Со цел актуелизација на проблемот со охридската јагула, почнувајќи од Охридскиот маратон, двајца членови на Иницијативата- маратонци ќе се обидат во рок од година и четири месеци да истрчаат исто онолку километри колку што јагулата треба да помине на својот пат од Охридското Езеро до Саргасовото Море.
Импозантната дистанца од околу 7.400 километри која ја поминува оваа риба маратонка, членовите планираат да ја истрчаат на неколку маратони и на свои тренинзи, а симболично ќе финишираат со Маратонот во Хамилтон, Бермуда на 17-ти јануари 2016 година.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.