Европа
Полска го повикана германскиот амбасадор поради „антиполските изјави на германските политичари“
Полскиот министер за надворешни работи го повика во неделата германскиот амбасадор на средба поради „антиполските изјави на германските политичари“, што е најновиот напад на конзервативна полска влада на Берлин.
Портпаролот на полското министерство за надворешни работи Артур Дмошовски изјави дека германскиот амбасадор Ралф Никел добил „пристоен повик“ за средба со шефот на дипломатијата Витолд Вашиковски во понеделникот напладне. „Не станува збор за една конкретна изјава, ги има поприлично“, рече портпаролот за телевизијата TVN24.
Односите на Полска со Германија и со Европската унија се влошија откако на изборите во октомври победи партијата Право и правда (PiS), која ги заговара конзервативните католички вредности и евроскептицизмот.
Партијата PiS со контроверзните од аспект на ЕУ законите со кои челниците на јавните медиуми ќе бидат именувани од министерството за финансии, како и за реформите во уставниот суд, предизвика протести и обвинувања од страна на активистите за човекови права дека ја поткопува демократијата.
Претседателот на Европскиот парламент, Германецот Мартин Шулц, негативно конотирајќи ги спореди активностите на полската влада со оние на рускиот претседател Владимир Путин во изјава за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.
Кон критиките на сметка на полската влада се приклучи и шефот на пратеничката група на CDU/CSU во германскиот Бундестаг, Вокер Каудер, во изјава за германските медиуми. Каудер рече дека ЕУ треба да воведе санкции за Полска, бидејќи таа според неговото мислење, ги погазува основните европски вредности. Доколку дијалогот со Варшава не даде резултати, ЕУ би требало да воведе економски санкции, рече Краудер.
Европската комисија својот прв годинешен состанок во среда ќе го посвети на ситуацијата во Полска, токму поради тоа што новото парламентарно мнозинство ги изгласа промените во законите за уставниот суд и за јавните медиуми.
Потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс на 21-ви декември упати две писма до полските власти во кои ги повика да ги разгледаат промените од законите кои Брисел ги смета за спорни, односно за Уставниот суд и за медиумите. Тимерманс изрази загриженост поради законот за медиуми, според кој именувањето на челниците на јавните медиуми преоѓа во надлежност на министерството за финансии. Второто негово писмо се однесува на интервенциите на новата влада на Полска и именувањето на судиите во Уставниот суд на земјата.
Законот е оценет како голема промена во правилата на работата на Уставниот суд.. Судот од петнаесет членови сега мора да ги носи одлуките со двотретинско мнозинство од гласовите и со најмалку тринаесет судии присутни на седницата, наместо досегашните девет. Опозицијата критикува дека сега партијата Прво и правда (PiS) може лесно да ја блокира секога одлука на судот која е спротивна на партискиот став. Во ова партија, пак, тврдат дека законот воведува ред во Уставниот суд и ги отстранува пречките за спроведување на изборните ветувања.
Владеењето на правото во Полска стана голема тема во европските медиуми, а еврокомесарот за дигитално општество Гинтер Етингер ја спомена можноста од активирање н на членот 7 од Договорот за ЕУ, кој предвидува суспендирање на правото на глас на држава членка која не ги почитува темелните принципи и вредности на ЕУ, а што досега никога не е користено.
ЕК во март 2014 година поради критиките дека не реагирала соодветно на заканите за демократските стандарди во Унгарија усвои „рамка за владеење на правото“, кои се сведува на дијалогот со земјата членка за да се утврди дали таа земја е подготвена да ги промени спорните закони и постапки за да се избегне активирањето на членот 7. Ниту тој механизам досега не е користен.
Се очекува дека колегиумот на комесарите ќе размени за ситуацијата во Полска, ноне е извесно дали ќе го активираат механизам од 2014 година, кои може, но и не мора да доведе до примена на членот 7./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

