Контакт

Свет

Четврток, 17.02.2005

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

(Време) – четврток, 17 февруари 2005

Тој што одлучува може и да злоупотреби!

Мери Јордановска

Министерот за внатрешни работи може селективно да одлучува на кого ќе му даде дозвола да носи оружје. Министерот за здравство може да манипулира со дозволите за увоз и извоз на лекови и други супстанции. Министерот за земјоделство на своја рака може да издава и да продава земјоделско земјиште, право што му го овозможува законот.

Ова се само дел од дискрециските права, за кои бившите министри апелираат дека треба да се сменат во скоро време, затоа што се жариште на корупција и на злоупотреба.

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека ја поддржува актуелната министерка Илинка Митрева кога вели дека таа нема дискрециски права.

Митрева ја кажува вистината кога вели дека нема дискрециски права, но заборава да каже друг важен факт – дека нема закони! Дискрециските права не треба да се намалат, туку треба да се воведат закони со кои хиерархиски ќе се прецизираат овластувањата на надлежните во МНР – смета Чашуле.

Тој вели дека треба да се направат закони во кои прецизно ќе се дефинираат критериумите што треба да ги исполнуваат амбасадорите, ќе се регулираат платите на вработените, нивните надлежности и хиерархијата во Министерството.

– Додека бев министер подготвив нови закони, но тие останаа само нацрти. Се додека ги нема нив, министерката мора сама да ги определува критериумите и овластувањата, да одлучува кој и каде ќе биде амбасадор и кој каде може да ги школува своите деца. Ако не одлучи, Министерството ќе престане да функционира. Сепак, ако можеш да решиш се, истото можеш и да го злоупотребиш, па затоа треба законска рамка – вели Чашуле.

Експертската група за борба против корупција, која ја формира премиерот Владо Бучковски, апелира дека најголеми дискрециски права имаат министерствата за земјоделство и за транспорт и врски. Поранешниот министер за земјоделство Марјан Ѓорчев вели дека најголемото дискрециско право го има министерот кога самостојно продава или издава земјиште под закуп.

– Кога лани беше предложен законот за земјоделско земјиште, јас остро се противев. Тој директно му овозможува на министерот самостојно да решава за концесијата на земјоделското земјиште. Затоа, треба да се направи нов закон – вели Ѓорчев.

Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов смета дека во МВР нема дискрециски права што можат да се злоупотребат, меѓутоа дека треба да се смени начинот на издавањето дозволи за носење оружје, право што министерот може селективно да го применува.

Според поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец, манипулации и злоупотреби може да има околу непотпишувањето на позитивните листи, со кои би се блокирала регистрацијата на лекови и индиректно би се направил монопол. Освен тоа, тој го посочува и издавањето дозволи за извоз и увоз на лекови, кои некогаш траат и по половина година.

Експертите што ќе работат на намалување на дискрециските права велат дека до крајот на март годинава ќе се направи акциски план и ќе се сменат голем број закони и подзаконски акти. Тие велат дека најпрво ќе се намалат правата на министрите таму каде што има сомневање за коруптивни дејства.

(Време) – четврток, 17 февруари 2005

Премиерот Бучковски ја поништи одлуката на министерот Бучковски

Владата минатата недела ја поништила трампата на Домот на АРМ во Струмица за станови во изградба, со одлука потпишана од премиерот Владо Бучковски, кој додека беше министер за одбрана го потпиша и предлогот за извршување на таа замена. Одлуката за поништување на замената на недвижен имот на АРМ е објавена во „Службен весник“ од 14 февруари.

На 16 август 2004 година Владата донесе одлука според која армискиот дом требаше да биде заменет за 24 стана во изградба на АД „Пелагонија“. Трампата нема да биде реализирана затоа што не бил исполнет главниот услов – становите да бидат готови најдоцна до 31 декември 2004 година и предадени на Министерството за одбрана според принципот „клуч на рака“.

Откако „Време“ минатиот месец ја објави оваа информација, Министерството испрати експертски тим во Струмица за на самото место да се утврди до каде е изградбата на станбениот објект. Претставниците на Министерството утврдиле дека 24-те стана, предвидени за вработените во Армијата, не се готови и дека нема можност да бидат изградени ниту во наредните три месеци. МО тогаш соопшти дека договорот за трампа со АД „Пелагонија“ не може да се реализира и дека ќе побара од Владата да ја поништи првичната одлука.

Како што пишуваше „Време“ во повеќе наврати, во времето кога Бучковски беше министер за одбрана биле извршени серија сомнителни замени на имот на АРМ, во неколку случаи и со непосредна спогодба. Меѓу нив е и замената на Домот во Струмица.

Како што објавивме, како министер за одбрана Бучковски пред осум месеци во четири очи се договорил со АД „Пелагонија“ за замена на Домот за осум стана. Откако оваа информација беше обелоденета, непосредниот договор не се реализира. МО тогаш распиша јавен повик на кој беше прифатена понудата од 24 стана во изградба на АД „Пелагонија“ и покрај тоа што на повикот се јавиле и фирми што понудиле готови станови, по многу пониска цена од тие на „Пелагонија“. Неизградените станови „Пелагонија“ му ги понудила на Министерството за 690 евра за квадратен метар, а меѓу другите понуди имало и готови станови за 540 евра по квадратен метар.

Домот на АРМ во центарот на Струмица е објект од 2.000 квадратни метри со десетина апартмани, киносала, ресторан и сала за свечености. Од Агенцијата за приватизација е проценет на 758.024 евра.

Трампите на имотот на АРМ, склучени од поранешниот министер Бучковски, од минатиот месец се предмет за работа и на Државната комисија за спречување на корупцијата. Станува збор за неколку сомнителни замени на државен имот за станови што треба да им бидат доделени на воени старешини вработени во АРМ.

Тогашниот министер за одбрана Бучковски преку Владата договорил трампа на трговски центар од 420 квадратни метри со 27 дуќани во центарот на Велес за два стана од 45 и од 55 квадратни метри. Огромен магацински комплекс во Кумановско од речиси 5.000 квадратни метри Бучковски го трампил за два стана од 53 и од 69 квадратни метри. Дел од комплексот, околу 2.000 квадратни метри магацински простор, добил сопартиец на Бучковски, кој во моментов е член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а чија ќерка е членка на претседателството на кумановската организација на СДСМ.

(Вест) – четврток, 17 февруари 2005

КРТ ОТКРИВА МИТО ВО ШТИП

Отпечатоци од обвинителите

Во Обвинителството во Штип некој пуштил анонимка во која се обвинуваат двајца обвинители за мито, во потрага за авторот полицијата земала отпечатоци од сите, па и од обвинителите

Едно анонимно писмо дистрибуирано до одредени институции во Штип, а испратено од Струмица, ги разбранува духовите во штипското Основно обвинителство, затоа што во анонимката се обвинуваат двајца обвинители, кои наводно зеле мито за еден случај на обвинети во Струмица.

Посочените обвинители енергично ги отфрлаат наодите во анонимката, за која велат дека е тенденциозна манипулација за нивна дискриминација. Меѓутоа, обвинителите се зафатиле да го откријат авторот на обвинувањата и на анонимката. Двајцата обвинители побарале од штипската полиција да се земат отпечатоци, макар и по систем на елиминација за да се дојде до авторот. Под истиот систем на елиминација, отпечатоци се земени и од новинари, до чии раце дошло писмото. Но, со оглед на тоа што од МВР имало потврда дека анонимката е пишувана на машина за чукање која се наоѓа во просториите на штипското Основно обвинителство, земени се отпечатоци и од сите вработени, како и од самите обвинители, меѓу кои, според сомневањата, се наоѓал и кртот, кој со вакви анонимки сакал да го наруши угледот на Обвинителството во Штип. Притоа, сите обвинители прифатиле да им се земат отпечатоци, освен еден, кој тоа го одбил.

Вишиот јавен обвинител во Штип Тодор Витларов истакнува дека до крајот на оваа недела треба да се добие епилог за случајот во ОЈО, за да се спречела натамошната девалвација и нарушување на угледот на Обвинителството. Ј. Т.

(Утрински весник) – четврток, 17 февруари 2005

Што напишавме во одговорите на прашалникот за судството

Половина милион судски предмети стојат нерешени по судовите

За решавање на еден предмет на основните судии им биле потребни најмалку девет месеци

Во одговорите на прашалникот од ЕУ македонската Влада наведе дека во судовите стојат нерешени повеќе од половина милион предмети заклучно со 2003 година, од кои најголемиот број се во основните судови. Како рок за решавање на еден предмет од кривичната или од граѓанската сфера на основните судии им биле потребни најмалку девет месеци.

Одделно, во прашалникот работата на Врховниот и на Апелациониот суд е оценета како ажурна, додека се констатира дека во постапувањето на основните судови, најголем број од предметите се од областа на прекршоците. Врховниот суд од вкупно 8.828 предмети во работа, во 2003 година решил 4.213, Апелациониот суд истата година работел на 30.471 предмет и до крајот на годината нерешени му останале 2.232. Основните судови во 2003 година работеле на вкупно 1 милион 163 илјади случаи, од кои 731.804 биле ново примени, а успеале да решат 661.613 предмети, односно нерешени им останале повеќе од половина милион случаи.

,,Од анализата на постапувањето на судовите во Македонија може да се заклучи дека тие успеваат да решат речиси онолку предмети колку што се примаат во работа секоја годинааи, се наведува во одговорот на прашањето за бројот на нерешените предмети во изминатите пет години. Доколку се анализира структурата на заостанатите предмети, може да се издвојат три најкритични тесни грла во судовите, а тоа се прекршоците, извршните граѓански предмети и управните спорови.

Како основни причини за одолговлекувањето на постапките Владата ги наведува проблемите со доставата, злоупотребите на процесните права од учесниците во постапката, одредени слабости во процесните закони, организациската поставеност на судовите и сл. Големиот број судски предмети е последица и на спроведената приватизација, отпуштањето работници поради економските реформи, потоа на појавата на специфичните форми на организиран криминал и други феномени карактеристични за општествата во транзиција.

Како еден од најголемите проблеми во судството се наведува сферата на извршувањето на граѓанските предмети. На крајот од 2003 година има заостанато околу 175.000 извршни општи предмети и околу 35.000 извршни стопански предмети.

На судовите во државава во првата половина на годинава во просек им биле потребни 7 месеци и 12 дена помеѓу донесувањето и извршувањето на граѓанските предмети, односно 1 година, 11 месеци и 29 дена за извршување на предметите од сферата на кривичното право. Кај кривичните предмети актуелната состојба може да се смета дури и за подобрување во однос на минатите години. На пример, во 2001 година на судството му биле потребни просечно 2 години, 9 месеци и 16 дена за решавање кривичен предмет, во 2002 година, рекордни 3 години, 1 месец и 5 дена, додека во 2003 година на овие случаи во просек биле трошени 2 години, 3 месеци и 21 ден. Кај граѓанските предмети се забележува влошување во однос на претходните две години. Во 2001 година периодот меѓу донесувањето и извршувањето на одлуката бил 11 месеци и 11 дена, во 2002 година, 6 месеци и 18 дена, односно 6 месеци и 23 дена, а во првата половина на 2004 година 7 месеци и 12 дена.

Ваквата состојба, според одговорот на Владата, се должи на несоодветната правна рамка, фаворизирањето на должникот за сметка на доверителот што е рецидив од претходниот систем, непостоење соодветни регистри и евиденции и ниското ниво на техничка опременост и материјално-кадровска екипираност на одделите за извршување во судовите. Се најавува дека овие проблеми ќе бидат надминати со донесувањето нова законска рамка која се наоѓа во собраниска процедура. (Б.Г)

(Утрински весник) – четврток, 17 февруари 2005

Според Денис Блис НАТО ќе ја следи работата на судовите

Потребно е да се засили функцијата на јавниот обвинител

Македонија е цврсто на својот пат кон НАТО, но треба да се насочи кон судските и економските реформи, кои се главни предизвици во нејзините напори за пристапување во НАТО. Алијансата во идниот период ќе ја следи довербата во судовите, која е практично најниска во споредба со довербата во другите институции на земјавааа”. Вака гласи оцената на Денис Блис, висок воен и политички претставник на НАТО во Македонија, кој, на вчерашната трибина организирана од Евроатланскиот клуб на Македонија на тема “Новиот НАТО и главните предизвици на НАТО-интеграцијата на РМ во 2005 годинааа”, ги повтори забелешките на претставниците на ЕУ за бавното спроведување на судските реформи.

Ставот на Блис е дека земјава треба да се сконцентрира не само на строго спроведување на законските измени, туку да овозможи пошироко владеење на правото…† Во НАТО веруваме дека е потребна работа да се засили функцијата на јавниот обвинител, кој треба да гони случаи на корупција во Владата, примери на изборни фалсификати, како и одговорност за евентуални злоупотреби на полицијатааа”, смета претставникот на НАТО. Блис ги поздрави процесите на спроведување на Охридскиот договор и одбранбените реформи, но тие, според него, сў уште остануваат актуелни како области од клучно значење.

“Земјава треба да размислува што може да стори за да ја подобри бизнис-климата, да обезбеди конкурентност, пазарни способности, не само заради привлекување инвестиции, туку за да се создаде одржлива економијааа”, рече Блис, пред присутните, потенцирајќи дека со тоа се обезбедува економската стабилност и сигурност на работните места, со што го зголемува и учеството во Алијансата.

Националниот координатор за НАТО на Македонија, Шпреса Арифи, изјави дека Македонија има висок процент на поддршка за да Ј се придружи на Алијансата. Евентуалната покана за членство, нагласи таа, може да се очекува на следниот самит на НАТО на крајот на идната година…”Поканата за членство во НАТО е политичка одлука. За разлика од ЕУ, критериумите за НАТО не се строго прецизираниии”, смета Арифи.(Ж.Ѓ.)

(Дневник) – четврток, 17 февруари 2005

СУДЕЊЕ ЗА “РАШТАНСКИ ЛОЗЈА”

Стојков го обвини Обвинителството дека подметнува докази

Обвинетиот Горан Стојков вчера го обвини Обвинителството дека подметнува докази бидејќи како доказ во постапката за случајот “Раштански Лозја” се појавува сина торба, која ја нема ниту на видеоснимката од увидот на местото на настанот ниту на фотодокументацијата во судскиот предмет. По реакцијата на Стојков, Судот ја прикажа видеоснимката од увидот по што тој и адвокатите на обвинетите тврдеа дека до едно од телата на убиените се наоѓа син ранец, а не торбата што како доказ беше донесена во судницата.

На вчерашното продолжение на судењето за “Раштански Лозја” искази дадоа двајца вештаци од крим-техника на МВР. Обвинетиот Стојков и адвокатите реагираа дека освен во 2002 година, уште едно вештачење било направено во 2004 година.

– Може ли балистичко вештачење да се направи врз основа на фотографии и дали тоа е повалидно од она што беше направено веднаш – праша Стојков.

Балистичарот Горан Милошовски рече дека вештачењето покажало оти врз службеното полициско возило било пукано од местото каде што биле најдени телата на убиените и дека било погодено со куршуми од оружјето што било најдено до лешевите. Тој рече дека на местото на настанот биле најдени повеќе од 200 чаури. Од чаурите најдени во близина на лешевите било констатирано дека куршумите не биле испукани од иста позиција. Според него, сината торба што е презентирана како доказ е торбата што била најдена на местото на настанот.

Вештакот од крим-техника на МВР, Весна Антиќ, не се сеќава на сината торба бидејќи не биле направени вештачења за тоа дали била оштетена од проектили. Антиќ рече дека иако тоа не е честа пракса, може и по неколку години од одреден настан да се изврши хемиско вештачење на предмети за да се утврди дали биле оштетени од проектили.

Бранителите на обвинетите бараа едно од вештачењата да не биде земено како доказ во случајот бидејќи барањето за негово изведување не потекнало од истражен судија. Тие приговараа и на тоа како е можно вештачење да биде извршено за еден ден бидејќи и барањето за негово изведување и наодот имаат ист датум. Судскиот совет најави дека ќе го разгледа приговорот. (Н.Н.С.)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Објавено пред

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.

dobivaj vesti na viber

И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.

Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.

На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.

Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.

Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.

„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.

Прикажи повеќе...

Свет

Братот на новиот папа: Му реков да не го избира Лав

Објавено пред

Братот на папата Лав XIV, Џон Превост по изборот на неговиот помлад брат за 267-ми поглавар на Католичката црква во четвртокот вечерта изјави дека тоа е вистински шок за него.

dobivaj vesti na viber

„Беше шокантен момент. Разговарав по телефон со внука ми и не можевме да веруваме. Потоа мобилниот телефон, iPad-от и домашниот телефон полудеа“, го опиша Превост за медиумите за прв пат моментот кога неговиот 69-годишен брат Роберт беше избран за папа.

Лав XIV, тој е најмладиот од трите деца. Неговиот татко бил просветен инспектор, а неговата мајка библиотекарка во јужните предградија на Чикаго.

„Имавме нормално детство. Малку е чудно, но сите тројца знаевме што сакаме да правиме уште од мали нозе“, рече 71-годишниот поранешен директор на католичко училиште.

„Роб знаеше дека ќе биде свештеник од моментот кога можеше да оди“, се сеќава Џон. „Еден сосед еднаш му рекол дека еден ден ќе стане папа. Добро предвидување, нели?“

Братот на папата рече дека разговарале по телефон ноќта пред почетокот на конклавата и разговарале за тоа кое име ќе го избере доколку биде избран за папа.

„Му реков да не го избира Лео, бидејќи ќе биде 13-ти, но очигледно тој направил некои истражувања за тоа“, рече тој, според Index.hr.

Прикажи повеќе...

Свет

Драма на небото: жена од Шпанија се породила во лет, на 5.500 метри надморска височина

Објавено пред

Млада жена од Шпанија се породила за време на летот од Брисел до шпанскиот град Кастиља на надморска височина од околу 5.500 метри.

dobivaj vesti na viber

Кратко по полетувањето, жената имала породилни контракции, а екипажот на авионот веднаш го известил капетанот, кој решил да слета на најблискиот аеродром, според белгиските медиуми.

Авионот го сменил правецот и слетал во Лимож, Франција, каде што сите медицински служби го чекале патникот.

Сепак, додека авионот слетал, жената веќе се породила и родила девојче.

Мајката и бебето веднаш биле префрлени во блиската болница, а како што објавија медиумите, нивната здравствена состојба е одлична.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија5 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија5 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија6 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија7 часа

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија9 часа

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија10 часа

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија10 часа

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ10 часа

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа11 часа

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет12 часа

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет12 часа

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ12 часа

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет22 часа

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија1 ден

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија1 ден

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија1 ден

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ1 ден

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија1 ден

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија1 ден

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...