Спорт
Нова победа на Ито во Сапоро
Јапонецот, Даики Ито, забележа нова победа, во рамките на Светскиот куп во ски скокови. Ито, на домашен терен, за помалку од 24 часа, во Сапоро, дојде до својата втората победа во сезоната и воопшто во кариерата.
Јапонецот, Даики Ито, забележа нова победа, во рамките на Светскиот куп во ски скокови. Ито, на домашен терен, за помалку од 24 часа, во Сапоро, дојде до својата втората победа во сезоната и воопшто во кариерата. Ито до победата дојде со скоковите од 127,5 и 137 метри, кои му донесоа 243,7 бодови. На второто и третото место, во олимпискиот Сапоро, стигнаа Камил Штох од Полска и лидерот во генералниот пласман Андреас Кефлер од Австрија. Зад водечката тројка, меѓу првите пет се пласираа Чехот Роман Куделка и Вегард Вегард од Норвешка. Кефлер води во генералниот пласман со 997 бодови, 87 повеќе од Андерс Бардал од Норвешка, трет е Грегор Шлинерцауер кој има 886 бодови. Светскиот куп во ски скокови ќе продолжи следниот викенд, во италијанскиот Вал ди Фјеме. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

