Свет
Иран ја повика Ештон да го одреди местото и датумот на преговорите
Иран ја повика високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, да го предложи датумот и местото за продолжувањето на преговорите за неговата контроверзна нуклеарна програма
Иран ја повика високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, да го предложи датумот и местото за продолжувањето на преговорите за неговата контроверзна нуклеарна програма меѓу Техеран и големите сили кои беа прекинати пред една година, изјави претставник на иранските власти. „Чекаме шефицата на дипломатијата на Европската унија да го предложи датумот и местото за преговорите меѓу Иран и грипата 5 плус 1 (САД, Русија, Кина, Германија, Велика Британија и Франција)“, ја цитира AFP изјавата на портпаролот на иранското министерство за надворешни работи. Кон крајот на декември неколку ирански функционери, меѓу кои водачот на преговарачката група за нуклеарни прашања, Саид Џалили и министерот за надворешни работи Али Акбар Салехи потврдија дека Иран е подготвен да преговара откако претходно на 18-ти ноември Ештон ги повика на продолжување на преговорите. По осум години истрага на иранската нуклеарна програма, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) го објави извештајот според кој уверливо се докажува дека Иран настојува да развие нуклеарно оружје. Техеран го отфрла тоа, тврдејќи дека неговата програма за збогатување ураниум е за мирновременски цели, за добивање електрична енергија и за употреба во медицината./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Северна Кореја испраќа војници во руската армија
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска ја обвини Северна Кореја дека испраќа војници во руската армија за да ја нападне Украина.
„Гледаме растечки сојуз меѓу Русија и режими како Северна Кореја. Повеќе не се работи само за трансфер на оружје. Се работи за испраќање луѓе од Северна Кореја во окупаторските вооружени сили“, рече тој.
Свет
САД му испраќаат на Израел голема помош: „Го правиме тоа за да го одбраниме“
Соединетите Американски Држави најавија дека ќе испратат напреден противракетен систем до Израел и американски војници да управуваат со него, во обид да ја зајакнат воздушната одбрана на земјата по ракетниот напад од Иран.
Американскиот претседател, Џо Бајден рече дека го испраќа системот за да го одбрани Израел.
Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, рече дека распоредувањето на системот за одбрана ќе го зајакне интегрираниот израелски систем за воздушна одбрана.
„Ова е дел од поширокото прилагодување на американската војска во последните месеци за поддршка на одбраната на Израел и заштита на Американците од нападите на Иран и проиранските милиции“, рече Рајдер.
Претходно во неделата, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги предупреди Соединетите држави дека ги загрозуваат животите на нивните војници со тоа што „ги испраќа да управуваат со американските противракетни системи во Израел“.
„Иако направивме неверојатни напори во изминатите неколку дена за да спречиме војна од целосен обем во нашиот регион, јасно ќе кажам дека немаме црвени линии во одбрана на нашиот народ и интереси“, објави Аракчи на „Икс“.
Иран истрела проектили и беспилотни летала кон Израел во април. На 1 октомври повеќе од 180 балистички ракети беа истрелани кон Израел поради ескалацијата на борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан. Многумина беа пресретнати, но некои ја пробија одбраната.
Свет
(Видео) „Ова е сосема лудо!“ – „Старшип“ на Илон Маск изведе неверојатна мисија
Компанијата „Спејс Икс“ на милијардерoт Илон Маск денеска изврши успешна пробна летачка мисија со системот „Старшип“, петта по ред, со успешно враќање на Земјата на првата етапа од вселенскиот систем.
Пробната мисија имаше за цел да презентира можност првата етапа, ракетата „Супер хеви“ да се врати на Земјата неоштетена. Таа слета директно во клештите на лансирната рампа од каде што претходно беше лансирана. Ова предизвика радосни извици и аплаузи во вселенскиот центар на компанијата во јужен Тексас.
Watch Starship’s fifth flight test https://t.co/LVrCnTv797
— SpaceX (@SpaceX) October 12, 2024
„Ова е сосема лудо!“ врескаше инженерката на „Спејс Икс“, Кејт Тајс за време на преносот во живо.
Ова претставува голем чекор напред кон главната цел на „Спејс Икс“, „Старшип“ да стане вселенско летало за повеќекратна употреба. На веб-страницата на „Спејс Икс“ се вели дека тоа е „вселенски брод за целосно повеќекратна употреба“ и втора етапа од системот „Старшип“ .