Македонија
Побрза и поефикасна размена на податоци меѓу институциите
Размената на податоците меѓу државните институции ќе биде побрза и поефикасна со нивно поврзување во систем за интероперабилност,
Размената на податоците меѓу државните институции ќе биде побрза и поефикасна со нивно поврзување во систем за интероперабилност, со што нема повеќе да има дуплирање на податоци и правење на грешки, а институциите ќе бидат поефикасни и поажурни
За имплементацијата на системот за поврзување на регистрите и базите на податоци Министерство за информатичко општество денеска потпиша Договор со ИТ компанијата „Виста“, чија услуга беше избрана на јавен тендер.
Со проектот кој чини 49 милиони денари меѓусебно ќе бидат поврзани регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институции, со кој во пилот-фазата се опфатени Царинската управа, Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар, Управата за јавни приходи и Катастарот.
„Тие пет институции во рок од шест месеци ќе бидат поврзани при што ќе ја забрзаат меѓусебната размена на информации и веќе ќе нема дуплирање на податоци и грешки, А граѓаните ќе бидат посреќни затоа што ќе нема повторно враќање за дополнителни информации и чекање на редови пред шалтерите“, истакна на прес-конференција по потпишувањето на Договорот министерот за информатичко општество Иво Ивановски.
Со системот за интероперабилност како што истакна Ивановски се поставуваат темелите за заживување во напредна фаза на поглавјето електронска влада.
Според министерот Ивановски, ефикасноста на услугите кон граѓаните ќе се зголеми бидејќи тие при меѓусебната размена на податоците ќе трошат помалку пари, ќе станат минато, размената на податоците меѓу институциите по УСБ и ЦД и ќе нема потреба од курири, посочи Ивановски.
Наведувајќи примери, министерот за информатичко општество укажа дека ако досега на Управата за јавни приходи и биле потребни три дена за да добие имотен лист од Катастарот со системот за интероперабилност таа услуга станува достапна за само три секунди.
По завршување на шестмесечниот пилот-проект тој ќе се имплементира и сите останати државни институции. Според Ивановски, за натамошен развој на проектот ќе се овозможи приклучување на системот и на бизнисот во државата пред се на банкарскиот, телекомуникацискиот и осигурителниот сектор.
За овозможување на таа меѓусебна размена на податоци меѓу институциите, Министерството за информатичко општество подготвило Предлог-закон за електронско управување кој моментно е во собраниска процедура.
На тој начин ќе се уреди дејноста на државните органи и институциите при работењето со електронски документи, доставувањето административни услуги по електронски пат и меѓусебната размена на електронски документи и податоци.
Законски ќе биде регулирано која институција има право да чува податоци и да ги дава на располагање на барање на друга институција. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

