Свет
Врховниот суд на Србија ја укинал екстрадицијата на Смиленски

Според изјавата на портпаролот на Врховниот суд Весна Дабиќ, укинато е решението на Окружниот суд во Белград за екстрадиција и случајот е вратен на повторно одлучување во Окружниот суд
ЕКСДИРЕКТОРОТ НА "ЕКСПОРТ-ИМПОРТ" БАНКА СЕ ПОНЕДОСТАПЕН ЗА МАКЕДОНИЈА
Според изјавата на портпаролот на Врховниот суд Весна Дабиќ, укинато е решението на Окружниот суд во Белград за екстрадиција и случајот е вратен на повторно одлучување во Окружниот суд
Врховниот суд на Србија ја уважил жалбата на бранителот на Методија Смиленски за негова екстрадиција. Според изјавата на портпаролот на Врховниот суд Весна Дабиќ, укинато е решението на Окружниот суд во Белград за екстрадиција и случајот е вратен на повторно одлучување во Окружниот суд.
Методија Смиленски, против кого во Македонија се отворени пет истраги, за над 40 кривични дела, главно, за организиран криминал, останува во притвор, бидејќи деновиве му беше продолжен на нови два месеца, а треба да се сочека и на новата расправа и одлука на Окружниот суд.
Окружниот суд вчера попладне ја добил одлуката на повисокиот суд. Таа му била дадена на судијата што го води случајот за екстрадиција на Смиленски. Според извори од овој суд, ако и по вторпат биде одлучено притворениот да се екстрадира во Македонија, неговиот бранител пак има право да се жали до Врховниот суд. И обратно, обвинителот има право да се жали до највисокиот суд и да бара Смиленски, сепак, да биде екстрадиран и донесен пред Основниот суд во Скопје и пред светиниколскиот Основен суд, каде што се водат истрагите против него.
Според судски извори од Белград, тамошните закони не даваат ограничување за жалби на двете страни до Врховниот суд. Засега никој не може да каже што ќе се случи со испораката на австрискиот државјанин Смиленски.
Некои домашни експерти велат дека ако Окружниот ја следи одлуката на повисокиот суд, тогаш на Смиленски ќе му се укине мерката притвор и тој ќе биде пуштен на слобода, што ќе значи, велат тие, ќе може да си замине за Австрија. Македонија во овој случај има право само на протестна нота. (С.К.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин