Контакт

Европа

Шпанија: Лавиринтот на изборите кои може да значат крај на двопартизмот

Објавено пред

Шпанија, каде што последните три ипол децении од воведувањето на демократијата по падот на диктатурата на Франко (1939 – 1975) на власт се менуваат конзервативната Народна партија и социјалистичката PSOЕ, во недела  гласа на изборите кои ги нарекуваат „историски“ и може да дадат неизвесен исход со малцинска влада која ќе биде принудена да склучува пактови, па ќе има проблем да го доврши четиригодишниот мандат, но се чини сигурно ќе стават крај на двопартискиот систем.

dobivaj vesti na viber

Традиционалниот дуел меѓу конзервативците и социјалистите, кои од 1982 година наизменично ја формираат владата, се вмешуваат две нови политички сили: Граѓани од десниот центар, која се појави пред десет години во Каталонија и се застапува за целоста на Шпанија како пандан на каталонските сепаратисти, и партијата Podemos (Можеме – сродна и инспирирана од грчката владејачка коалиција на радикалната левица Сириза), којашто произлезе од движењето 15М (или Индигнадос) кога стотици илјади Шпанци протестираа на улиците во екот на финансиската криза против мерките за штедење на владата на актуелниот премиер Маријано Рахој, од Народната партија. Изедначеноста на силите, предизборните анкети, како и изјавите на партиските челници од последниот ден на изборната кампања за можните коалиции, укажуваат дека на помалку од 24 часа од соопштување на официјалните резултати, никој не може да предвиди кој ќе ја составува следната влада на Шпанија.Сепак, со релативна сигурност може да се каже дека првопласирана ќе биде Народната партија водена од Маријано Рахој. Според анкетата на Центарот за социолошки истражувања (CIS), која се смета за најверодостојна поради големиот обем (со неа биле опфатени 17.000 испитаници од 50 провинции и двете шпански марокански енклави Сеута и Мелила), Народната партија ќе освои 28,5 отсто, или 120 до 128 места во парламентот. Со тоа владејачката партија всушност губи, бидејќи досега го имаше апсолутното мнозинство од 186 места, што му овозможуваше на Рахој слободно да ги турка законите во парламентот во напорите за надминување на економската криза, вклучително и најнепопуларните за граѓаните мерки за жестоки штедења и кастрење на јавните расходи.Истовремено, ситуацијата со распределбата на второто, третото и четвртокот место изгледа крајно збунувачка. На почетокот од декември во истата анкета на CIS на второто место беше PSOE со 20,8 отсто од гласовите, или 77 до 89 мандати, трети беа Граѓани со 10 отсто и 63 до 66 пратеници а четворката водечки партии ја заокружи Подемос со 15,9 отсто, или од 23 до 25 места во парламентот. Во последните анкети пак од оваа седмица објавени во Андора (во самата Шпанија забрането е објавување анкети една недела пред изборите) на второто место беа социјалистите со 20,8 отсто од гласовите, со минимална предност пред Подемос со 20,1 отсто, а Граѓаните се на четврто место со 15,5 отсто од гласовите.Уште покомплицирана се ситуацијата со можните коалиции коишто ќе бидат формирани во парламентот, имајќи предвид дека ниедна од партиите во страв од губењето гласови до последниот ден од кампањата јасно не посочи со кого од конкурентите има намера да преговара.Теоретски постојат неколку опции за формирање влада. Првата е меѓу Народната партија и Граѓаните, и таа се чини најлогична, бидејќи програмата на десноцентристите воопшто е блиска на конзервативците. Но проблемот е во тоа што мнозинството од оние коишто ќе гласаат за Граѓаните всушност гласаат против Рахој како премиер. Односно за да формира ваква влада, Народната партија ќе треба да го жртвува Маријано Рахој, предложувајќи ја како негова алтернатива вицепремиерката Сораја Сајнц де Сантамарија, којашто патем на предизборните дебати меѓу четворицата челници учествуваше наместо Рахој. Или, пак, да прифати владата да ја води челникот на Граѓаните, Алберт Ривера. Меѓутоа, оваа опција е несигурна, бидејќи 36-годишниот Ривера нема доволно политичко искуство. Самиот Ривера неколку дена пред изборите индиректно навести дека тој можеби ќе ја поддржи Народната партија, негирајќи ја можноста неговата партија да се присоедини на ткн „коалиција на малцинството“. Заменикот генерален секретар на Граѓаните, Хозе Мануел Виљегас, изјави дека партијата може да се воздржи од гласањето за избор на владата, за да не се меша во формирањето на влада од страна на победникот на изборите, без разлика дали тоа ќе биде Народната партија или PSOE.Втората опција, за којашто многу беше зборувано во предизборието но никој официјално не ја потврди, е варијантата да биде формирана „голема коалиција“ на конзервативците и социјалистите. Кога станува збор за можноста од формирање ваква коалиција, таа е логична само во поглед на настојувањата да се одржи политички стабилна ситуација во земјата, но е во спротивност со политичката традиција. Рахој изјави дека „никогаш не предлагал таква коалиција“, како и дека сите преговори околу можните коалицирања може да започнат по понеделник. Покај тоа, имајќи го предвид навредливиот и крајно неприфатлив тон на кој лидерот на социјалистите Педро Санчез се обраќаше во дуелите со Рахој „еден на еден“, малку е веројатно да се очекува дека е можна таквата коалиција, па дури и да се водат преговори за неа.Некои коментатори очекуваат формирање ткн „лева коалиција“ која би ги обединела социјалистите, Подемос и помалите партии од Обединетата левица, во која влегуваат крајно левите партии и комунистите кои на изборите одат како коалиција Народно единство – Обединета левица. Кон неа би можела да се приклучи и Баскиската националистичка партија (PNV), левата националистичка баскиска партија Amaiur и Демократската конвергенција на Каталонија на главниот поборник на каталонската независност Артур Мас.Рахој изјави дека многу стравува од повторувањето во Шпанија на ткн „португалско сценарио“, кога десницата која победи на изборите, беше принудена да им ја предаде власта на левите сили, кои успеаја да договорат коалиција. „Тоа би било многу лошо за нашата земја, бидејќи ќе биде во спротивност со мнението на граѓаните“, изјави неодамна Рахој.Сепак, почистата ситуација може да ја создадат испитаниците во анкетите кои се изјасниле како неопределени, а такви се речиси третина од избирачите. Според анкетата на институтот ObSERvatorio, неколку дена пред изборите 24,5 отсто од гласачите рекле дека не знаат за кого ќе гласаат, а уште 7,9 отсто одбиле да одговорат на прашањето која политичка опција ја претпочитаат.Вкупно 36,5 милиони Шпанци имаат право да гласаат на 22.960 избирачки места, а од нив 34,6 милиони живеат во земјата и 1,9 милиони во странство. Првпат право да гласаат во неделата ќе имаат 1,5 милиони избирачи, кои ќе можат да го дадат гласот за 4.535 кандидати (2.253 мажи и 2.090 жени) од 13 партии и коалиции кои ќе се натпреваруваат за 350 членови на конгресот на претставниците (долниот дом на парламентот) и за 208 сенатори (горниот дом). Гласањето започнува од 9 часот по локално (и по македонско време), и еден час подоцна на Канарските острови, а избирачките места ќе бидат затворени во 20 часот. Првите официјални резултати се очекуваат да бидат соопштени околу 22.30 часот. За безбедноста и редот на денот на гласањето се ангажирани 92.700 припадници на различни безбедносни служби, од Националната и локалната полиција, до Граѓанската гарда и другите оддели.Изборите ќе го чинат државниот буџет 130,24 милиони ера. За кампањата потрошија социјалистите – 9 милиони евра, Граѓаните – 4 милиони, Обединетата левица – 2,5 милиони, Подемос – 2,2 милиони евра, додека Народната партија не го претстави својот отчет./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина

Објавено пред

Русија очекува да се договори за датум за третата рунда мировни преговори со Украина следната недела, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

Функционерот на Кремљ, Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација, е во контакт со својот украински колега, изјави Песков.

Обновувајќи ги разговорите по повеќе од три години, двете страни се сретнаа лице в лице во Истанбул на 16 мај и на 2 јуни, што доведе до серија размени на затвореници и враќање на телата на загинатите војници.

Сепак, не е постигнат никаков напредок кон прекин на огнот за кој Украина се залага со поддршка од Западот. Русија вели дека сака конечно решение, а не само пауза во борбите, и инсистира на територијални и други барања за кои Украина вели дека би значеле капитулација.

Конфликтот се интензивира во последните неколку недели, при што Русија изврши некои од своите најтешки воздушни напади во војната, а Украина користеше беспилотни летала за да ги изненади воздушните бази и ѝ нанесе голема штета на руската флота бомбардери способни да носат нуклеарно оружје.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Пропалестински активисти упаднаа во британска база, велат дека оштетиле два авиона

Објавено пред

Пропалестински активисти упаднаа во воздухопловната база „РАФ Бриз Нортон“ и испрскаа два воени авиони со црвена боја. Снимките објавени на веб-страницата на „Палестинската акција“ покажуваат две лица во воздухопловната база во Оксфордшир.

dobivaj vesti na viber

Едно од лицата вози скутер до танкер за полнење гориво во воздух „ербас војаџер“ и се чини дека прска боја во неговиот млазен мотор. „Палестинската акција“ соопшти дека авионите за полнење гориво биле исклучени од употреба, а активистите успеале да ги избегнат обезбедувањето и апсењето.

Британското Министерство за одбрана остро го осуди „вандализмот врз имотот на Кралските воздухопловни сили“ и изјави дека тесно соработува со полицијата, која го истражува инцидентот.

„Палестинската акција“ е вклучена во слични активности уште од почетокот на војната во Газа, а нејзините акции првенствено се насочени кон компаниите за оружје. Во мај групата ја презеде одговорноста за боењето на американски воен авион во Ирска со спреј.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украина: Руските напади со дронови врз станбени згради предизвикаа огромни пожари

Објавено пред

Едно лице загина, а најмалку 14 други беа повредени кога руски беспилотни летала го нападнаа украинскиот град на Црното Море, Одеса, во текот на ноќта оштетувајќи високи згради и железничка инфраструктура, соопштија денеска локалните власти и обвинителите. Одеса, најголемото црноморско пристаниште во Украина, клучен центар за увоз и извоз, е под постојани руски ракетни и беспилотни напади од почетокот на војната.

dobivaj vesti na viber

„И покрај активната воздушна одбрана, оштетена е цивилна инфраструктура, вклучувајќи станбени згради, универзитет, гасовод и приватни автомобили“, изјави локалниот гувернер Олех Кипер на „Телеграм“. Кипер објави фотографии од запалени куќи и високи згради.

Локалните служби за итни случаи соопштија дека имало најмалку 10 напади со беспилотни летала врз станбени згради предизвикувајќи огромни пожари. Украинските воздухопловни сили денес соопштија дека Русија лансирала 86 беспилотни летала во Украина во текот на ноќта.

Војската соопшти дека нејзините сили за воздушна одбрана собориле 34 беспилотни летала, а 36 беспилотни летала биле изгубени, што укажува дека украинската војска ги пренасочила користејќи електронско војување или дека станува збор за симулатори на беспилотни летала што не носеле бојни глави.

Војската објави дека беспилотните летала погодиле осум локации. Украинската државна железничка компанија „Укрзализниција“ објави дека железничката станица во Одеса била оштетена за време на нападот, со оштетени далноводи и пруги. Неколку приватни и повеќекатни куќи биле оштетени во напад со беспилотни летала во Харков, североисточна Украина, во текот на ноќта, соопштија властите на Харков.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија4 часа

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија7 часа

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија7 часа

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија8 часа

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија9 часа

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија11 часа

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија11 часа

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија12 часа

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија12 часа

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ13 часа

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија14 часа

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет14 часа

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет15 часа

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет16 часа

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет16 часа

(Видео) Иран лансира нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет16 часа

Шефицата на дипломатијата на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет17 часа

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...

Свет17 часа

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој...

Свет24 часа

(Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак

Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина...