Спорт
Типсаревиќ поуспешен од Додиг

NULL
Се одиграа четвртфиналните дуели на АТП турнирот во Делреј Бич со фонд од 442.500 долари. Во дуелот на Јанко Типсаревиќ и се подобриот Хрват Иван Додиг, поуспешен беше Србинот и се пласира во полуфиналето по победата од 7:6 (0), 6:1.Во полуфиналето Типсаревиќ ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори кој што со 6:7 (5), 6:2, 6:4 го елиминира Рајан Свитинг од САД.Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Марди Фиш (САД, 2) и Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина). Фиш со 6:1, 6:4 го победи Алехандро Фала од Колумбија, а Дел Потро во два сета со по 6:4 беше подобар од Кевин Андерсон (Јужна Африка). Крај./хина/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тешко без Кари, Минесота изедначи на 1:1

Кошаркарскиот тим на Минесота го изедначи резултатот во полуфиналната серија на Западната конференција против Голден Стејт Вориорс на 1:1.
Минесота славеше во вториот натпревар на нејзин паркет со 117:93.
„Вориорс“ направија пробив во првиот натпревар, но беше јасно дека нема да биде лесно по повредата на Стеф Кари, на кого Стив Кер веројатно нема да може да смета во следните два натпревари, a серијата се сели во Сан Франциско.
Бидејќи најважниот играч на „Вориорс“ не беше на паркетот, Џејден МекДениелс успеа да го насочи целото свое внимание кон запирање на Џими Батлер, кого го „сведе“ на само 17 поени. Ги запреа и Тимбервулвс и Бади Хилд и победата дојде.
Тимбервулвс до победата ги предводеа Џулиус Рендл со 24 поени и 11 асистенции, Ентони Едвардс и Никел Александар Вокер со по 20 поени. Едвардс ги исплаши навивачите кога незгодно слета во текот на втората четвртина и накратко се чинеше дека го повреди глуждот, но продолжи да игра во второто полувреме без никакви проблеми.
Тројцата најефикасни играчи за домашниот тим ги следеше МекДениелс со 16 поени.
Кај „Вориорс“, Донатан Камингс беше најефикасен со 18 поени, Батлер, како што веќе споменавме, имаше 17, Хилд и Трајс Џексон Дејвис постигнаа по 15.
Третиот натпревар од серијата ќе се игра ноќта помеѓу сабота и недела, во 2:30 часот по средноевропско време.
Спорт
(Видео) Бетис прв пат ќе игра европско финале, противник ќе му биде Челзи

Бетис и Челзи ќе се борат за трофејот во Конференциската лига. Финалето на Конференциската лига е закажано за 25 мај во Вроцлав.
Бетис прв пат во 117-годишната историја ќе игра европско финале. „Зелено-белите“, по продолженија ја елиминираа Фиорентина со 4:3
Првиот меч во Севилја заврши со победа на Бетис 2:1, а со ист резултат заврши и реваншот во Фиренца.
Бетис поведе со голот на Антони, а потоа Фиорентина направи пресврт со головите на Робин Госенс. Херојот на Бетис стана Ез Абде кој успеа да погоди во 98.минута.
Челзи го одработи реваншот против Ѓургарден. По убедливиот триумф во Шведска 4:1, „сините“ на домашен терен славеа со 1:0. Единствениот гол во 38.минута го постигна Дузбери-Хол.
Спорт
Реал (повторно) се незадоволни од изборот на судиите за Ел Класико

Остануваат уште три дена до новото „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, последно во тековната сезона, но и најважното, бидејќи че ја реши шампионската трка.
Натпреварот на „Монжуик“ ќе се игра во недела во 16:15 часот, во ситуација кога Барса има четири бода предност на врвот на Ла Лига. Влогот е голем пред дербито, а Реал повторно, како и пред финалето во Купот на кралот, удри по судијата.
Натпреварот ќе го суди Алехандро Ернандез Ернандез, а клупската телевизија на реал, веднаш го обвини дека е „навивач на Барселона од детството“.
Се забележува дека од сите судии кои му суделе на Реал 10 или повеќе пати, со Ернадес како гкавен судија има најлош скор..
Кога суди Ернандез, Реал побдува на 54 проценти од натпреварите, а од последните шест, славеше само двапати.
🚨 El NUEVO vídeo de RMTV sobre Hernández Hernández es BRUTAL, uno de los principales árbitros Negreira y seguidor del BARCELONA desde niño.
🚨 MÁXIMA DIFUSIÓN A ESTE VÍDEO 🚨 pic.twitter.com/h9SFSHjECG
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) May 8, 2025
Беше извлечено интервју што Ернандез го дал во 1994 година на 12-годишна возраст, кога открил дека навива за Барселона и рече дека негови омилени играчи се Ромарио и Михаел Лаудруп.
„Ова е Ернандез Ернандез, судија кој е во Примера 13 години, навивач на Барселона од детството, кој сега ќе суди во клучно Ел Класико во лигата“.
Хернандез ќе го суди „Ел Класико“ по петти пат, но не е единствениот на удар, туку клупската телевизија го критикува и Мартинез Мунуера, кој ќе биде главен во ВАР собата.
„Уште еден од судиите кој му нанесе штета на Реал Мадрид на најсериозен можен начин со своите одлуки ќе биде задолжен за ВАР“.