Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски ги уништи лозарите
Владеачката ВМРО – ДПМНЕ денеска го обвини лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски дека продолжува да оди во посета на луѓето кој што ги со години ги уништуваше и потсетија на
Владеачката ВМРО – ДПМНЕ денеска го обвини лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски дека продолжува да оди во посета на луѓето кој што ги со години ги уништуваше и потсетија на лозарите кои со години беа манипулирани од Владите на СДСМ.
Од партијата на власт потсетија на 1997, 2003, 2004 и 2006 година кога лозарите незадоволни од третманот на Владата протестираа и беа тепани од страна на полицијата.
Во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ се вели дека Црвенковски и неговиот транзициски другар Свето Јаневски ги приватизираа винарските визби а производството на лозарите го откупуваа за 20 отсто пониски цени од вообичаените.
Наспроти ваквата состојба од партијата на Никола Груевски, потсетија дека сегашната Влада постојано вложува во земјоделскиот и лозарскиот сектор.
До 2012 година од Владата најавуваат 35 милиони евра субвенции во лозарството односно три денари за еден килограм грозје.
“СДСМ и Бранко Црвенковски не придонесоа со ништо да им го направат животот на лозарите подобар“-се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека токму сегашната Влада е првата која почнала сериозно да ги решава проблемите на македонските земјоделци./крај/со/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец и Кисела Вода
Без струја денеска ќе останат делови од Петровец и Кисела Вода.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 01.12.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Димитар Мирасчиев. ( општина Кисела Вода ), во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од главната улица во село Дивље. ( општина Петровец ) и во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 15 – Припор. ( општина Кисела Вода )“, информира РЦУК.
Македонија
Приведени седум лица по натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи
Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи.
Според информациите на МВР, синоќа по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ „Петар Милошевски”, се приведени седум лица.
Тие се приведени поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачје на град Скопје.
Македонија
Сончево време со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

