Спорт
Торес сака да остане во Ливерпул
Напаѓачот на шпанската репрезентација во вторник изјавил дека нема намера да го напушти сегашниот клуб и покрај големиот интерес на богати клубови кои сакаат да го доведат во своите редови
„Мојата верност на клубот и навивачите е иста како и првиот ден кога дојдов. Станува збор за најдобриот клуб во земјата, а амициите и очекувањата се секогаш високи, односно од Ливерпул секогаш се очекува да се бори за сите трофеи“, изјави Фенрандо Торес за официјалната интернет страница на клубот од „Ејнфилд“. Тој додава дека мината сезона била тешка, но дека во оваа тој и соиграчите се убедени дека ќе постигнат подобри резултати. Ливерпул мината сезона во англискиот шампион го зазема седмото место и нема да настапува во Лигата на шампионите, туку во УЕФА Европа лигата каде во третото квалификациско коло пред реваншот на свој терен има предност од 2:0 во дуелот со македонскиот претставник Работнички. Летово Ливерпул остана без менаџерот Рафа Бенитез кој замина во европскиот шампион Интер, а на негово место дојде Рој Хоџсон. Досега сите главни играчи изразија желба да останат во клубот, освен аргентинскиот репрезентативец Хавиер Маскерано, за кој е заинтересиран милански Интер. Во клубот повротно е и Бразилецот Фабио Аурелио кој не најде нов ангажман, па склучи нов двегодишен договор со „редсите“, а од лутиот лондонски ривал Челзи дојде Џо Кол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Брендан Роџерс најде работа во Саудиска Арабија
Брендан Роџерс, утре, ќе биде претставен како нов тренер на Кадисија во Саудиска Арабија.
Вчера имаше најави дека Брендан Роџерс е во преговори со саудискиот клуб, а официјална потврда дојде од клубот еден ден подоцна.
Клубот со Роџерс потпишал договор на две и пол години, а тој официјално ќе биде претставен како нов шеф на стручниот штаб во среда. Роџерс ќе го замени Мигел Гонзалез на клупата, кој беше отпуштен во недела.
„Ова е навистина историски момент за клубот. Тренер од калибарот и искуството на Брендан ги одразува нашите амбиции и долгорочната визија што ја има Ал Кадисија како еден од водечките клубови“, рече Џејмс Бизгроу, поранешниот извршен директор на Ренџерс, а сега на саудискиот клуб.
Кадисија е на петтото место на табелата со 17 бода, десет помалку од лидерот Ал Наср, но е и во центарот на вниманието бидејќи се споменува како клуб кој би бил подготвен да го сруши рекордот за трансферот на Мохамед Салах.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ф1 се враќа во Португалија
Од 2027 година, Португалија ќе се врати во календарот за трки на Формула 1.
Трките ќе се возат на патеката Алгарве, во близина на Портимао, која беше домаќин на две Гран При трки за време на пандемијата ковид-19, во 2020 и 2021 година.
Португалија практично ќе ја замени Големата награда на Португалија, која ќе се одржи на патеката Зандворт за последен пат следната година.
Патеката Портимао е долга околу 4,65 км, се протега на ридест терен и е високо ценета поради предизвиците што им ги поставува на возачите.
Се наоѓа во рурална област северно од брегот и исто така има репутација како патека со проблематичен пристап.
„Многу сум задоволен што Портимао се враќа во календарот на Формула 1 и што спортот продолжува да ја поттикнува страста на нашата неверојатна португалска база на фанови“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
„Патеката нуди возбудувања од првата кривина до целта, а нејзината енергија ги крева фановите на нозе. Интересот и побарувачката за домаќинство на Големата награда на Формула 1 се поголеми од кога било досега“, додаде шефот на Ф1.
Луис Хамилтон ги освои претходните две трки, возејќи за Мерцедес.
Неговата победа во 2020 година го направи апсолутен рекордер по бројот на победи во трките во Формула 1, бидејќи го надмина рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа.
Новата сезона во Ф1 започнува на 8 март 2026 година, со нови правила и нови тимови.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Флег рекордер на Далас, собори и рекорд на Леброн Џејмс
Кошаркарите на Јута Џез ги победија Далас Маверикс по продолжение со 140:133 на домашен терен, во НБА лигата.
Натпреварот го обележа, првиот пик на драфтот, Купер Флег, кој постигна рекордни 42 поени со седум скока и шест асистенции, што е негов рекорд во кариерата.
Флег, стана најмладиот играч во историјата на Мавс кој постигнал најмалку 40 поени во еден натпревар.
Тој исто така постигна најмногу поени, како играч помлад од 18 години, надминувајќи го рекордот на Леброн Џејмс од 2003 година од 37 поени.
Сепак и покај брилијантниот натпревар што го одигра Флег, Далас не успеа да победи во Солт Лејк Сити.
Од друга страна, Јута до победата ја предводеше Кејонте Џорџ со 37 поени со пет скока и шест асистенции, ова беше негов втор најдобар настап во НБА.
Foto/ LaPresse

