Свет
Лорент Гбагбо префрлен на судот во Хаг

Поранешниот претседател на Брегот на слоновата коска (БСК), Лорент Гбагбо, против кого Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) издаде налог за апсење, денеска е префрлен во Хаг и ќе биде првиот шеф на држава на кого ќе му суди ИЦЦ.
Поранешниот претседател на Брегот на слоновата коска (БСК), Лорент Гбагбо, против кого Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) издаде налог за апсење, денеска е префрлен во Хаг и ќе биде првиот шеф на држава на кого ќе му суди ИЦЦ.
ИЦЦ минатиот месец отвори истрага за злосторствата сторени за време на четиримесечната граѓанска војна предизвикана со одбивањето на Гбагбо да му ја предаде власта на Аласан Уатара по поразот на претседателските избори минатата година. Во војната загинаа повеќе од три илјади луѓе.
Гбагбо во март беше уапсен од силите лојални на Уатара, потпомогнати од француската армија.
„Се уште не се покренат никакви обвиненија против Гбагбо. Против него засега постојат само политички обвиненија, судски се уште нема“, изјави неговата адвокатка Луси Буртумие.
ИЦЦ е првиот постојан суд за меѓународни злосторства. Откако беше основан во 1988 година со Римскиот статут, па до сега, овој суд не успеа покрене процес против ниту едно големо име. Обвинение е покренато и против суданскиот претседател Омар Башир, но тој се уште владее во својата земја, либискиот диктатор Моамер Гадафи е убиен, а на неговиот син Саиф ал-Ислам ќе му се суди во Либија. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Свет
Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.