Контакт

Домашен

Манојловиќ му украде бод на Металург

Објавено пред

Ракометарите на Металург одиграа нерешено 27-27 (12-14) со Брест Мешков во осмото коло, во А групата во Лигата на шампиони. Металург беше на прагот на втората победа во А групата, но бод за белорускиот тим спаси Манојловиќ на две секунди до крајот на мечот.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот во Скопје беше од големо значење за двата тима и токму неговата важност донесе вистинска ‘војна’ на теренот. Металург и Брест Мешков водеа беспоштедна борба во текот на целиот натпревар. Колку мечот беше неизвесен најдобро говори податоткот дека Металург немаше поголема предност од два гола, додека ајвисоката предност на Брест беше четири голови.

Играчите на македонскиот шампион подобро го отворија натпреварот, на почетокот воспоставија контрола врз играта и до 16.минута одржуваа предност од два гола (7-5). Во тој период Металург не реализира два седмерци прво Вугринец, а потоа и Мојсовски кои можеа на тимот да му донесат предност од три разлика.

Промашените удари од седум метри Брест Мешков сурово ги казни и во наредните десет минути со серија од шест гола направи пресврт (7-11).

Сепак во финишот на првиот дел Металург, благодарение на Манасков успеа да фати приклучок и да замине на одмор со два гола негатива (12-14).

Белорсускиот шампион, во второто полувреме успеа да го наметне својот стил на игра и со тоа да го контролира резултатот. Брест се до 51.минута ја одржуваше предноста од два до три гола.

На девет минути до крајот пресвртот го најави Мојсовски кој најпрвин изнуди пенал, а потоа погоди од девет метри и го израмни резултатот (26-26). Набргу Вугринец реализираше контранапад за водство од 27-26.

Со овој резултат се влезе во последната минута, но играчите на Металург не погодија, што на суров начин, на две секунди до крајот го казни Манојловиќ кој го постави конечниот резултат 27-27.

Манасков беше прво име на Металург, тој постигна осум голови, два помалку даде Миркуловски, а Мојсовски постигна пет гола. крај/мф/нц

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Златна недела за „Алкалоид“

Објавено пред

РК Алкалоид викендов стана шестиот клуб во Македонија кој успеал да освои пехар од националното Куп натпреварување кое брои 32 сезони, вклучително со прекинатата ковид сезона 2019-20.

dobivaj vesti na viber

Зад Алкалоид е златна недела. Почнувајќи од 12 до 19 мај, седум дена во кои пионерите станаа државни прваци, потоа и младинците беа верификувани како шампиони, за конечно и кадетите да го подигнат шампионскиот пехар. Такво нешто во поновата историја му им успеано само на Металург, но немаше ни тие одличја да блеснат вака, ако успехот не беше комплетиран со пехар на сениорскиот тим.

Од улога на трет носител или аутсајдер во однос на двата најпознати колектива, Алкалоид потврди дека Куп е приказна во која непишаните правила важат исто колку и пишаните.

Огромна сатисфакција плус за тренерот/селектор и неколкуте репрезентативци што се градат во овој клуб е успешниот бараж на сениорската репрезентација.

Златна недела е сосема адекватен епитет за ракометниот колектив Алкалоид и уште една успешно штиклирана сезона.
Трета успешна од вкупно три, што е голем предизвик за четвртата.

Но, има и други причини да биде задоволен Алкалоид од наш агол можеби и поважни отколку погледот кон витрината сезонава.

Во Македонија (ова е личен став) има погрешно поставен систем на вредности кога се во прашање резултатите. Речиси сѐ е поставено во служба на резултатот преточен низ бројки и конечниот пласман што служи за задоволување на амбициие, желбите и вкусовите на спонзорите и на локалната јавност и посебните групи на фанови.

Најбрзиот и најефикасниот начин тоа да се постигне е вложување во готови производи во најголем дел странски играчи, надополнета со тоа што колку толку го нуди домашниот пазар.

Секој си го бира својот пат, подвлечено тоа си е клупска политика, но генерално ваквите приказни се успешни додека има пари. Повеќе пари, подобри резултати, но кога парите ќе секнат, а таа чешма кај нас знае брзо да се затвори, не останува ништо.
Примери што ќе го поткрепат ова има доволно, но тоа е тема што е многу обемна и заслужува поголем простор само за себе.

Алкалоид има и повеќе причини да биде задоволен, не само поради шампионските пехари во младинските категории и пехарот во Куп на Македонија.

За само три години овој колектив покажа дека работи по поинаква матрица од споменатиот систем на вредности и во моментов е еден од најдобро организираните ракометни колективи, иако има најмало искуство и логично т.н. детски болести што едноставно мора да се прележат. Но, логистички во сите сфери, Алкалоид е на ниво на европски клуб.

Во прилог е клупската стратегија, определба и решителност да се докаже дека резултати со бројки можат да се постигнат и со домашни ракометари, ако им се даде вистинска шанса, се работи квалитетно и истрајно.
Инвестирање во организација и работа со млади категории, селекцијата и условите уште во првата сезона донесоа пехар, а во третата комплетна доминација.

Може да биде задоволен што ги извади за кратко време на ниво да бидат забележани и од странство играчи како Марко Митев, зад него е Дамјан Митев, новата ѕвезда Иван Галевски итн. Но, ќе чуете многу повеќе уште летово и за браќата Узунчеви, потоа онаа многу добра кадетска екипа со уште еден голман со огромен потенцијал како Ѓорги Николовски, потоа бековите Христијан Гурмешевиќ, Марин Крстевски итн.

Во Македонија системот на вредности, сепак, најмногу се гледа низ резултатите како бројки, а достигнувањата на Алкалоид во организацискиот дел, младите категории итн. немаше да бидат вистински вреднувани доколку во клубот не стигнеше пехар во сениорска конкуренција. За да се заработи респект, треба да се победи и да се освои пехар.

Со победите над Вардар и Е. Пелистер во Куп на Македонија го мина и тоа ниво од играта.

Сега, со нескриена љубопитност и нетрпение чекаме да видиме каков ќе биде нивниот следен чекор. Многу работи зависат од тоа како ќе изгледа следното ниво, не само за клубот, туку и за репрезентацијата и генерално и за целиот ракомет во Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Домашен

Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“

Објавено пред

Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.

dobivaj vesti na viber

„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.

Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.

Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.

Прикажи повеќе...

Домашен

(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење

Објавено пред

Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

dobivaj vesti na viber

Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.

„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.

Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Конститутивната седница на Собранието ќе се одржи на 28 мај во 11 часот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието,...

Топ45 минути

110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во старата касарна во Битола

На 21 мај, во 10.48 часот, во СВР Битола, вработен во градежна фирма пријавил дека при вршење ископ во старата...

Македонија2 часа

Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Знам

„Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно, ВМРО-ДПМНЕ, ‘Вреди’ и Знам“, напиша Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на...

Македонија2 часа

Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија3 часа

ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео-промени

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме повеќе гласови од СДС, имаат најмал број пратеници во Собранието и го имаат најслабиот резултат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ. СДС...

Свет4 часа

Кинеската армија го опколи Тајван, почнаа воените вежби: „Ова е казна за сепаратистичките потези“

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека почнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили...

Македонија4 часа

(Видео) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левицата дава поддршка

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини...

Свет5 часа

(Видео) Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во Ајова: прогласена вонредна состојба

Пет лица загинаа, а 20-ина се повредени кога торнадо го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за...

Свет5 часа

Трамп во страв: Сакаат да ме убијат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека Министерството за правда (ДП) сакало да го убие и дека претседателот Џозеф Бајден...

Свет5 часа

(Видео) Се урна бина на изборен митинг во Мексико: има загинати и најмалку 50 повредени

Најмалку девет лица загинаа, а 50-ина се повредени кога се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти....

Македонија15 часа

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија19 часа

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија21 час

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија22 часа

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет23 часа

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија1 ден

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија1 ден

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија1 ден

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија1 ден

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...