Свет
Бројката загинати во Чиле надмина 700

Во недела навечер чилеанските власти соопштија дека потврдиле 708 смртни случаи, а сметаат дека најверојатно уште ќе се зголемува бидејќи се’ уште пристигнуваат информации од крајбрежните градови кои беа погодени од земјотресот а потоа и од цунами
Претседателката Мичел Бачелет изјавила во Сантјаго дека е потврдено загинувањето на 708 луѓе. Претходно беше јавено дека само во крајбрежниот град Консепсион кој е најблиску до епицентарот на земјотресот а потоа беше погоден и од цунами, има најмалку 350 загинати.Бачелет прогласи вонредна состојба во двата региона кои се најтешко погодени од катастрофалниот земјотрес и најави распределба на помош во храна, вода и лекови. Ова вонредна состојба всушност значи дека во овие региони Мауле и Биоба за триесет дена ќе бидат укинати уставните слободи, за да се гарантира одржувањето на јавниот ред и забрзување на распределувањето на помошта.Меѓународниот аеродром во главниот град Сантјаго, оддалечен од епицентарот повеќе од 600 километри, кој е затворен заради уривањето на терминалите, нема да биде отворен уште најмалку 48 часа. Според агенциите постои и опасност од уривање на целата зграда. Се очекува дека бројката на загинати во разорниот земјотрес и натаму ќе расте, а последиците од земјотресот чувствуваат околу два милиони луѓе.Инаку сеизмолошките станици во регионот од саботата наутро кога во 7.30 часот по македонско време се случи катастрофалниот земјотрес со силина од 8,8 степени по Рихтер, досега регистрирале повеќе од 90 послаби земјотреси со магнитуди меѓу 4,9 и 6,9 степени. Населението во погоденото подрачје страхувајќи од нов силен земјотрес, се’ уште останува под отворено небо.Очајното население од најпогодениот град Консепсион трага по прехранбени продукти и вода во урнатините од супермаркетите, па полицијата морала со солзавец да ги растерува, пренесуваат агенциите.Градоначалничката на Консепсион, Жаклин Ван Ризелберг изразила загриженост од можноста од појава од грабежи и побарала поддршка од армијата. А бидејќи во градот нема доволно полицајци и војници, сопствениците на продавниците самите се организираат за заштита на објектите. Катастрофалниот земјотрес според јачината се случи во сабота 7,34 минути по средноевропско време а имаше епицентар 91 километар од градот Консептион и 317 километри од главниот град Сантјаго, а на длабочина од 35 до 59,4 километри. Кусо време по првиот удар следел и втор, но со помала силина од 6,2 степени по Рихтер, а до вечерва се забележени повеќе од десет послаби земјотреси.Според чилеанскиот министер за внатрешни работи Едмондо Перез Јома, освен загубите на човечки животи, земјотресот предизвикал и големи материјални штети. Околу 1,5 милиони разни згради претрпеле поголеми или помали оштетувања. се уништени. Покрај урнатите згради и куќи, мостови и сообраќајници, во прекин е и снабдувањето со вода и со струја, интернетските и телефонските врски се’ уште не функционираат. Во главниот град Сантјаго, во прекин е авионскиот сообраќај заради уривање на терминали на аеродромот. Затворени се и линиите во подземната железница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни избори, заврши. Полициски кордони има насекаде и се обидуваат да ја потиснат масата луѓе. Граѓаните на многу места фрлаат со шишиња, лименки, камења и јајца по полицијата, се жалат дека се чувствува солзавец во воздухот, но велат дека нема да се откажат.
„Бевме пред кордонот полиција, во првиот ред. Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат. Доста е страв, нема понатаму. Ова е нивен крај, не наш. Остануваме до крај“, вели за српската телевизија „Н1“ студентка која на протестот е со мајка си и не сака да си замине.
„Спуштете ги штитовите“ извикуваат граѓаните и не сакат да отстапат. Ставаат маски на лицата и пренесуваат повик „да не се откажуваме, се додека сме мирни, ништо не можат“.
Студентскиот протест на кој беа пренесени пораките за предвремени избори заврши мирно, а инцидентите почнаа во моментот кога студентите ги соблекоа елеците.
Регион
(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва најавија дека ќе развеат знаме „какво што досега не е видено“. Откога почна протестот тие на социјалните мрежи објавија кусо видео од последните подготовки за изнесување големо знаме на улица со најава дека „тоа ќе биде знаме кое не сте го очекувале“.
Biće to zastava koju niste ocekivali pic.twitter.com/qeFNGlGmHD
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) June 28, 2025
Протестот е предвидено да заврши во 21 часот кога истекува рокот кој студентите го дадоа на власта за распуштање на Народното собрание распишување предвремени парламентарни избори како и растурање на протестот во Пионерскиот парк каде некои студенти на контрапротест три месеци кампуваат и бараат продолжување на универзитетската година. За се што ќе се случува по 21 часот, студентите кажаа дека не се надлежни, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево рече дека очекува насилство, токму во периодот од 21 до 22 часот.
Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.