Европа
AI: Црвен картон за Европа поради бегалската криза

Време да се покажа црвен картон на одговорот на Европа на бегалската криза и на промената на мислењето, рече заменик директорот на Amnesty International за Европа и централна Азија, Гаури ван Гулик.
Време да се покажа црвен картон на одговорот на Европа на бегалската криза и на промената на мислењето, рече заменик директорот на Amnesty International за Европа и централна Азија, Гаури ван Гулик.
Таа предупреди дека постои реален страв бегалците да упаднат во стапица на балканската ничија земја, без заштита или поддршка, додека земјите од Европската унија им го вртат грбот, што ги изложува на нови кршења на човековите права.
Шефовите на европските и државите на Западен Балкан ќе разговараат на вториот ден од Самитот за бегалската криза на Западен Балкан.
„Она на што сме сведоци на европските граници е симптоматично за апсурд на европскиот систем на азил“, рече ван Гулик и додаде дека бегалците откако побегнале од страв и очај соочени се со невозможен избор-да останат и поднесат барање за азил во државата во која стигнале, во случајот Грција, каде условите за прифаќање и задржување се ужасни или да го продолжат патувањето и да се изложат на потенцијално опасен пат.
Согласно Даблинските прописи, бегалците мораат да се регистрираат за азил во првата земја во која ќе пристигнат.
Од Грција повеќето го продолжуваат патот низ Македонија и Србија, враќајќи се во ЕУ преку Унгарија. Но наидуваат на пречки при барањето на азил, а Македонија и Србија не се во можност да се изборат со бројот на бегалци, кој се зголемува, а се приморани преку нивните територии да минуваат поради политиката на азил во ЕУ.
Бродови со бегалци и натаму пристигнуваат на грчките острови и според најавите на УНХЦР се очекува до 3.000 бегалци на дневна база да минуваат низ Македонија во наредните месеци. /крај/мф/ап
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“