Свет
Чавез по операцијата се чувствува добро
Венецуелскиот претседател Уго Чавез се чувствува добро и е во стабилна состојба по операцијата на туморот во Куба, изјави потпретседателот на државата Елиас Хауа во вторникот навечер.
Венецуелскиот претседател Уго Чавез се чувствува добро и е во стабилна состојба по операцијата на туморот во Куба, изјави потпретседателот на државата Елиас Хауа во вторникот навечер.„Претседателот Чавез е во добра физичка состојба“, изјавил потпретседателот пред пратениците во Каракас, коишто веста ја поздравиле со повиците „Чавез нема да си замине“, пренесува ReutersХауа рекол и дека немало компликации во текот на операцијата и дека претседателот Уго Чавез добро се опоравува. Тој не зинел други детали за здравствената состојба на претседателот, ниту рекол кога се очекува неговото враќање.Педесет и седумгодишниот Чавез, којшто потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори на 7-ми октомври за уште еден шест годишен мандат, пред заминувањето за Хавана на своите поддржувачи им вети дека ќе ја надмине „и оваа ова тешкотија“.Чавез претходно во четвртокот изјави дека новиот тумор кој пред две седмици му беше дијагностициран на преглед во Хавана, најверојатно е „малиген“, иако конечно ова не е потврдено.Минатата година на Куба Чавез беше опериран и прими четири циклуси хемотерапија, откако му беше откриен тумор во пределот на карлицата.Неговата изјава ја турна венецуелската политика во нов период на неизвесност, бидејќи социјалистичкиот лидер планираше повторно да се кандидира за претседател, во надеж дека по 13 години владеење ќе помине уште шест години на власт, колку што трае претседателскиот мандат.Опозицијата во Венецуела на внатрешните предизбори пред две седмици го избра Енрике Каприљес, адвокат и гувернер на сојузната држава Миранда, втората по бројот на население и најбогата федеративна единица на Венецуела, за свој единствен кандидат кој ќе се соочи со актуелниот претседател Уго Чавез на претседателските избори во октомври годинава. Сепак, и покрај здравствените проблеми, големиот фаворит на претседателските избори во Венецуела, Чавез изјави дека нему му е сеедно дали ќе се соочи со еден или со повеќе противници додавајќи дека тој има намера да остане на власт до 2031 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

