Свет
Десетици уапсени во САД поради корупција
Над 40 американски претставници на локалната власт и верски организации, вклучувајќи тројца градоначалници и пет рабини, се уапсени во Њу Џерси
Над 40 американски претставници на локалната власт и верски организации, вклучувајќи тројца градоначалници и пет рабини, се уапсени во Њу Џерси.
Апсењата, како што пренесува Макфакс, се резултат на десетгодишнината истрага на ФБИ за корупција, перење пари и трговија со човечки органи.
Околу 300 агенти на ФБИ упаднале на десетици локации во Њу Џерси и Њујорк, во рамките на големата истрага која резултираше со апсење на државни функционери.
Во четвртокот, пет еврејски рабини и бројни политичари од високо ниво беа меѓу 44-те уапсени, вклучувајќи го и градоначалникот на Хабокен, Питер Камарано, кој новата функција ја извршувал само 23 дена пред да биде обвинет за земање мито.
Вршителот на должноста обвинител, Ралф Мара, изјави дека „корупцијата станала животен стил на обвинетите и дека тие живееле во една неморална зона”.
Мрежата на перење пари во која биле опфатени над три милиони долари била проширена од САД во Израел и Швајцарија.
Мара изјави дека уапсените остварувале средби по подруми и бањи, меѓу луѓето кои ја користат политиката и верата за да ја покријат својата криминална дејност./крај/ббц/ем/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожарникарите на Лос Анџелес уништуваат патишта за да го прекинат протокот на гас до пожарот
Службите во Алтадена во близина на Лос Анџелес ги уништуваат патиштата за да го запрат протокот на гас и да спречат ширење на пламенот.
Пожарот опустоши над 13.000 хектари во предградието на Лос Анџелес. Работниците работат деноноќно за да го запрат протокот на гас.
Катастрофалните пожари во областа на Лос Анџелес уништија повеќе од 10.000 објекти и загинаа најмалку 10 луѓе. Пожарите се уште се активни, а штетата се проценува на десетици милијарди долари.
Свет
Кремљ ги споредува најавите на Трамп за заземање на Гренланд со руските анексии во Украина
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го коментираше предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд, повлекувајќи паралели меѓу планот и руската анексија на неколку украински региони.
Русија долго време се обидува да ги оправда своите анексии на украинските региони Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје во септември 2022 година пред меѓународната заедница. Песков во својот коментар истакна дека Русија внимателно ги следи случувањата околу изјавите на Трамп за Гренланд, автономен остров под суверенитет на Данска, кој е стратешки важен поради неговата локација во Арктичкиот круг и богатството од природни ресурси.
Песков им рече на новинарите дека американскиот претседател треба да ја земе предвид волјата на жителите на Гренланд, правејќи паралела со односот на Русија кон жителите на регионите незаконски анектирани од Русија.
„Од Вашингтон доаѓаат различни изјави за почитување на мислењето на населението. Ако зборуваме за важноста да се слуша народот, треба да запомниме дека се грижевме и за жителите на четирите нови региони на Руската Федерација“, рече Песков.
Европа
Зеленски: 34 земји ветија дека ќе ѝ помогнат на Украина, очекуваме 2 милијарди долари
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека последната од серијата состаноци со западните сојузници во Германија резултирала со ветувања за дополнителни 2 милијарди долари воена помош во војната против Русија.
Зеленски, во изјава за телевизискиот канал „Моја Украина“ по вчерашната средба, даде неколку детали за помошта, велејќи дека 34 земји ветиле поддршка во различни аспекти.
Тој го оцени состанокот како многу добар, истакнувајќи дека на Украина и биле ветени дополнителни пакети за поддршка во вредност од две милијарди долари, кои вклучуваат воздушна одбрана, информатичка технологија, технологија за деминирање, а поддршката важи и за поморските и воздушните сили и артилерија. „И сето тоа ќе ја зајакне Украина“, рече Зеленски, без да открие за кои земји станува збор.
Зеленски вчера беше на средба со сојузниците во американската воена база во Рамштајн, Германија, на која беше спомената висината на помошта во вредност од околу половина милијарда долари. Украинскиот лидер потоа се состана со италијанската премиерка Мелони во Рим, со која разговараше за подобрување на воздушната одбрана на Украина и напорите за формирање унифицирана позиција насочена кон придвижување кон решавање на војната.
Ројтерс објави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјавил дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина дополнителна воена помош од 500 милиони долари, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана, муниција воздух-земја и опрема за поддршка на борбени авиони Ф-16.